Ласерска депилација

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Не сум сигурен дали има ваква тема ако има се извинувам и спојувајте... Се интересирам за ласерски депилатор. Кажете ваши лични искуства, за почеток ме интересира дали вистина е безболно, колку кошта еден ваков депилатор, каде ги има, дали е мит или вистина дека ласерот со неговото зрачење е штетен за здравјето, бара ли уредот некое посебно одржување, дали влакното ослабнува или ојакнува од ваквата депилација ? Благодарам однапред.
 
Има ваква тема инаку ласерски депилатори за домашна употреба имаш во нептун, сетек и техномаркет, од 300 евра па нагоре. Професионалните ласерски депилатори се движат од 1500 евра па нагоре и се така големки колку просечен фрижидер :D. До сега немам најдено некоја научно потврдена и докажана статија дека предизвикуваат рак. Инаку да има муабети дека предизвикува рак или псоријаза, имало случаи ама нешто 100% потврдено нема, исто како и за солариумот :). Инаку сијаличката којашто го произведува пулсирачкиот сноп на светлина се троши и во зависност од тоа колку го користиш, се менува.
 
Професионалните ласерски депилатори се движат од 1500 евра па нагоре и се така големки колку просечен фрижидер :D..

Да не си промашил една-две нули?

Трајна ласерска депилација на тело почнува од 100тина и завршуе до кај 1000 еура така да они со два третмани ја враќаат инвестицијата и после штампаат пари а?
 
Да не си промашил една-две нули?

Трајна ласерска депилација на тело почнува од 100тина и завршуе до кај 1000 еура така да они со два третмани ја враќаат инвестицијата и после штампаат пари а?

А што мислеше ти? Трите водечки салони за убавина во МКД се буквално печатници за пари. И не сум промашил ништо, прогуглај ке ги видиш цените.
 
Дали може да се изнајми од некаде депилатор ласерски од овие за домашни услови ? Баш оноа услуга за пари, типично изнајмување ?
 
Растот на влакната пред се зависи од хормоналниот статус, можно е за одреден краток период ласерот да ги изгори влакната длабоко до корен но да исчезнат засекогаш е невозможно.
Всушност мит е ефикасноста на ваквите ласери башка што се многу скапи и не можеш да ги приуштиш плус обука треба да имаш завршено за користење или во најмала рака да си кожен лекар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom