jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
А може ли да ми кажеш колку евреи биле убиени одкако биле брутално измачувани за време на владеењето на Македонските Селеукиди во Палестина, поготово за времето на Аминта 5ти? Треба сеуште да не мразат за тоа ?Од цела Илинденска епопеја најде само еден Евреин што застанал на страната на востаниците. Може да ми кажеш колку Евреи биле на страната на турскиот султан како финансиери и соработници? Колку еврејски семејства од 16-ти до 19-ти век поседувале христијански робинки од словенско потекло?
Така одиш во еден бескраен круг, кој можеш да го започнеш со било кој народ на планетата во однос на Македонците, буквално. Дури и со Индијанците. Па на крајот на краиштата не оди понатака, дали знаеш колку султани имаат Македонска крв?
Едноставно нема изговор за тоа што го направил Миленко! Нема причина да се шири омраза кон еден цел народ, заради делата кои ги прават неколку луѓе. Ако (зло)делата на владетелите се мерка за мразење на еден народ, тогаш тука пред Евреите се Британците, Германците, Французите, Американците, Белгијците, Шпанците, Португалците, Советите како и многу други европски народи со своите (не)дела, кои имаат стотици милиони ако не и милијарди човечки животи на душа.