За да станете гласач кој за ДИК е спорен а за СДСМ фантомски треба да ве нема во една од базите чии податоци се вкрстуваат. Па така, ако неколку години не сте биле кај Вашиот матичен лекар или пак воопшто го немате, веднаш станувате според гласач, бидејќи вашето име ќе се јави во базата на МВР но не и во базата на Министерството за здравство. Спорни гласачи се и семејствата во кои живеат лица со три различни презимиња па така ако две ќерки по стапувањето во брак ги смениле презимињата но не и адресите или останале да живеат во домот на своите родители, стануваат спорени гласачи. Според гласач станувате и ако се преселите и ја смените адресата во личната карта но не и во пасошот, или пак, ако сте невработен и подолг период не се пријавувате во агенцијата за вработување.
Според информациите, речиси
90 отсо од овие гласачи се етнички Албанци а за повеќе од една третина од нив, МВР веќе ставило забелешка дека подолг период се исселени од Македонија.
***
Штотуку дознав дека сум фантом пошто исполнувам еден од овие критериуми. Фала СДС.