Албанските протести од 1968-ма на Косово
Уште во далечната 1968-ма албанците организираа протести низ цело Косово, во кои бараа повеќе права, како и тоа Косово да стане Република.
Протестите прераснаа и во судири со полицијата и армијата, при што имаше еден 17 годишен албанец загинат, многу повредени и приведени. На Косово беа осудени со казни затвор најмалку 41 албанец, а многу други беа казнети со прекршочни.
Но протестите дадоа свој резултат, одма потоа се зголеми бројот на регистрирани студенти албанци, во библиотеката во Приштина се зголемил бројот на книги на албански јазик... а во 1974 Косово речиси беше република.
Протести во 1968-ма во Тетово
Во 1968-ма албанските ученици ја бојкотираа наставата во Тетовската гимназија, барајќи да се отвораат албански паралелки, иако тогашните медиуми и политичари го критикуваа настанот како рушење на меѓунационалните односи, на крај беа отворени нови албански паралелки.
На 19 декември 1968-ма, по повод празникот Бајрам, во минарињата на неколку џамии во градот Тетово, по приватни куќи и занаетчиски продавници беа поставени албански знамиња, тоа беше направено и во неколку села.
На 22 декември 1968, македонецот Сречко Јаневски, го тргнал албанското и скинал пред дуќанот на еден кројач, при што се насобрала група албанци, но сторителот извадил пиштол со кој се заканувал кон насобраната група и потоа влегол во хотел Македонија, при што се собрала уште поголема маса народ, биле скршени прозорите на хотелот, влегле луѓе да го бараат внатре, но во меѓувреме полицијата дошла и го однеле сторителот.
Утредента револтирани од настанот се организирал протест на албанците, при кој еден средношколец албанец го поставил албанското знаме на зградата на општина Тетово.
Интервенирала и полицијата, при што групата се повлекла, но во попладневните часови се зголемува бројот на насобраните граѓани, кои извикувале: Долу македонскиот шовинизам, сакаме настава на албански јазик, Устав, универзитет во Приштина, употреба на знаме....
Се случиле судири со полицијата, при што имало доста повредени и приведени, оштетени возила и објекти.
На крај 170 албанци биле осудени. (меѓу нив и познатиот политичар Арбен Џафери со 3 месеци затвор)