Уставен ја прифати иницијативата за помилување за изборни нерегуларности

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Има бе причина, како нема. Може на Миле да му пукне филмот и да пропее. А тоа не го сакаме, нели?
 
Не знам каква врска има тоа со педофилија но добро барем напредувате тоа е каков таков аргумент да бидеш против. Ама да ми правиш приказни дека педофилите ќе шетале слободно и дека ќе биле охрабрени со оваа одлука е тешка глупост.
 
Па очекувано... вакво газење на правен и граѓански сектор историски не сме имале досега, тотално серење врз целата заедница, ужасен преседан.

Нив собраниски расправи не им се потребни повеќе т.е не постојат, оти немаат мнозинство па не им вршат работа..остануваат институциите на удар таму каде што можат да си исфорсираат заштита на некој начин да избегнат одговорност за криминалите.

Активистите тука за се ќе ги правдаат, тоа им е работа џабе се објаснувате...
 
Тој закон постоеше до 2009..
батали ги ваквите беседи. Дали ти како жесток поддржувач на еднаквоста на криминалот си лично засегнат ако не се помилуваат криминал против човечноста, педофили, наркодилери и криминал поврзан со избори. Дали ќе ти биде подобро на душата ако може и овие криминалци да бидат помилувани, што ти добиваш со тоа.
 
батали ги ваквите беседи. Дали ти како жесток поддржувач на еднаквоста на криминалот си лично засегнат ако не се помилуваат педофили, наркодилери и криминал поврзан со избори. Дали ќе ти биде подобро на душата ако може и овие криминалци да бидат помилувани, што ти добиваш со тоа.
Бдеам над Уставот.
 
Бдеам над Уставот.
Се измори од бранење, секо втор пост е твој. Малце човек да те праша за кој онаков ти е, што ќар имаш да се помилуваат криминалци, одговараш како оние контрапротестантине со сендвичине пред уставен. Свашта.
 
Тоа дека педофилите ќе шетаат слободни е тешка глупештија.
Стварно не знам од кај ви е идејата дека сторителите на кривични дела против половата слобода и половиот морал волшебно ќе бидат ослободени од гонење, издржување казна или ускратување. За тоа е потребно и исполнување на одредени услови, а педофилите се обични смртници.
 
Само да прашам, сега значи можам слободно да клецкам малолетнички и да полнам изборни кутии со куп ливчиња за верем на гласање?
За еден другар ми е....
Кажи му дека е недозволиво по закон и за тоа следува затворска казна. Ништо не е сменето во тој поглед.
 
Работата е проста, ама се бега од соочување...Прво, ако некое дело е толку тешко да треба да се забрани амнестија, тогаш тоа дело не застарува !! Бујрум СЈО нека истражува изборни измами и на СДСМ во 2006 и порано, кажа овој од МОСТ дека они како се во таа проблематика 14 години се е исто, имале исти забелешки и 2006 и 2002 а предпоставува дека така било и 1998 и 1994, а може тогаш и бетер било.
Друго, не верувам дека има некаде во светот делото убиство да може да се амнестира и застари а овие наведени дела во законот од 2009 не ... тоа е чиста лага и демагогија..
 
Се измори од бранење, секо втор пост е твој. Малце човек да те праша за кој онаков ти е, што ќар имаш да се помилуваат криминалци, одговараш како оние контрапротестантине со сендвичине пред уставен. Свашта.
Си коментирам друже, и ти може да коментираш. Ако има лимит нека каже некој. Јас се фокусирав на манипулациите на соросовите медиуми во врска со педофилијата а еве и ти си се упецал на тоа. Ти одговорив еднаш и ти упорно се правиш недоветен и ме прашуваш. Не сум должен да ти одговарам кога ќе ми станеш досаден. Ако ти фалат пари кажи ми, само да знаеш не е се во парите како што им се чини на опозиционерите.
 
Ванхојте треба да се прогласи персона нон грата во РМ. Човеков очигледно „не е со сите“. Само аматер може да дадеизјава дека „со одлуката на Уставниот Суд“ сме се оддалечиле 10 св. години од ЕУ“. А па инаку многу се приближуваме. Прво нека ја средат Грција и нејзиното вето (како и да е изведено), па после да дискутираме за „у ЕУ“. Но, ваква изјава да дава за одлука на Уставен Суд, ова е СКАНДАЛ. Прво, кој е тој да го оценува нашиот Уставен Суд. Судот донесе сосема законска одлука. Ни се случуваат преседани од „врвни“ странски политичари кои не поттикнуваат и тераат да живееме противзаконски и противуставно. Не тераат да не ја оценуваме уставноста на СЈО, а очигледно е неуставно донесено. Го тераат уставниот суд да не пресудува согласно уставот. Овде не се знае кој е луд, а кој збунет.
 
Делегацијата на Европската Унија во Скопје се оградува од ставовите на белгискиот филозоф Питер Ванхауте.
„Ставовите на ЕУ ги изразува делегацијата на ЕУ во Скопје. За ставовите на Ванхауте ќе морате да го прашате Ван Хауте“ – изјавиле од мисијата на ЕУ во Скопје за Прес24. Порталот побарал став на ЕУ за ставовите на Белгиецот и неговата последна изјава на Твитер дека Македонија е светлосни години далеку од ЕУ.
 
Тоа дека педофилите ќе шетаат слободни е тешка глупештија.
Стварно не знам од кај ви е идејата дека сторителите на кривични дела против половата слобода и половиот морал волшебно ќе бидат ослободени од гонење, издржување казна или ускратување. За тоа е потребно и исполнување на одредени услови, а педофилите се обични смртници.
Помилување не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесетта од Кривичниот законик кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членoт 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членoт 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава триесет и четврта од Кривичниот законик.

трговци, терористи и криминалци со принуда, уцени, насилство и поткуп...ете и педофили по некој случај.
 
Јасно ми е многу повеќе од тебе, не треба да ми цитираш, само кажав дека е глупост дека ќе се шетаат слободни, се знае мн добро зашто е ова вака направено.
Какви ти се тие криминалци со принуда?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom