Значи сепак све се сведува на тоа дека оној на кој му одговара ВМРО какво што го знаеме, со Груевски на чело, да остане на власт, ќе ги поддржи промениве во уставот. А оној на кој му одговара смена, ќе застане против, со еден исклучок што тука се отвара можност повеќе неопределени граѓани (yea I know you guys hate that word
) да застанат против (да не речам преминат од една на друга страна, али двајцата знаеме дека тоа не се дешава), поради самата контроверзија која ја предизвика оваа одлука. Отварање на уште едно бојно поле, овојпат играјќи си со уставот на државата, што е бајаги дрзок и ризичен потег. Пак се ставаат лични интереси пред национални, барем така делува.
И сега ја имаме статичната бројка поддржувачи на владата кои прават све што ќе им биде кажано, ги имаме истите луѓе и на опозиционата страна. Во случајов владата игра на картата зацврстување на моќта и контролата бидејќи сметаат дека веќе имаат доволно бројна поддршка од народот, а опозицијата на картата да при овие прилики привлече поголем број граѓани/гласови на своја страна за претстојните избори.
Барем нема потреба да се вртиме у круг и да се лажеме дека некој нешто прави поради националните интереси. Обичиот граѓанин, оној кој на кој му е битно државата да бележи развој, ќе си застане на страната на оној кој мисли дека е посоодветен за остварување на тие цели, додека тие горе си тераат своја политика. Јасен муабет