Некоја недела претходно, Курир, Сител, Вечер, Алфа, Канал5 ... со одлуката на Уставниот суд, опозицијата планира да го помилува синот на Верушевски, кој наводно е осомничен за педофилија.
Гледаш ли кој манипулира со делот педофилија?
На темата зошто Сдсм во 2009 била против ограничувањето на можноста за помилување, а сега е против, јас мислам дека причините се овие:
-Во тоа време веќе опозицијата осети дека власта по секоја цена сака да ги пикне взатвор неистомислениците, со разни местенки, а како што гледале дека судството се партизира, единствена надеж за да се спасат од местени процеси им била можноста да бидат помилувани.
Еве ви го Лубе Бошковски, за 100.000 евра си лежи 5 години затвор, наседнат.
И сега кога сите видовме што навистина е изборен криминал, и кога сегашните веќе видоа дека веројатно затвор не им бега (иако судството е речиси целосно по нивен мерак, но поради многу дела и тие знаат дека претеризам ќе биде ако куртулат од затвор), па сега се префрлија на нова тактика, да му дадат на Иванов можност за помилување на изборен криминал.
Ваквата одлука во време кога цел свет очекува од нас да организираме фер и слободни избори, само ја усложнува ситуацијата, сега партиските војничиња имаат слободни раце да пробаат да украдат избори, ако им успее да не бидат приметени при кражба, тоа е голем успех за нив, а ако случајно бидат откриени, тогаш тука е Иванов кој ќе ги помилува, имаат слободни раце да прават што сакаат на избори, само можат да ќарат некој глас повеќе, затвор никако, значи во голема добивка се од денешната одлука.
Кога велам кражба на избори мислам на: притисок врз граѓаните, доставување списоци на луѓе кои гласаат, на луѓе кои не гласаат но врз кои треба да се врши притисок, казнување на сопственици на претпријатија, штампање лични карти, исчезнување на некое ливче, крадење на црни вреќи со избирачки материјал, злоупотреба на службена положба, полнење кутии, купување на гласови, влечење на цигани за уши, држење на албанци за врат, гласање на мртовци, расипување на лифтови...
После оваа одлука на Уставен суд, ништо нема да биде исто на следните избори, ако во минатите избори сме имале такви валкани избори, што ли не очекува сега кога ќе знаат дека помилување ги очекува.