Не ги имаш живеено тие времиња, не ги слушаше пропагандите не ги следеше настаните, не беше сведок на промените, се менуваше цел свет, се распадна варшавскиот блок, паднаа режими во куп социјалистички држави се случуваа револуции, се стрелаа и затвараа лидери... време на еуфорија, ние то го гледавме од страна пошто ниту бевме во пакт ниту на чело имавме некој омразен диктатор, живеевме најдобро од сите “комунистички“ земји а и подобро од многу капиталистички нарочно околу нас.
Промените кај нас одеа бавно, прво во самата партија се појавија разни струи со разни идеи, никогаш не се споменуваше отцепувања, војни... туку нешо као конфедерација... или лабава федерација... или поголема самсостојност на републики....кон крај на 80 сети, имаше и приватни медиуми и весници и радија а и на државни телевизии се одржуваа дебати, разговори, шо и како би било.... Таму ни се продаваше мед и млеко, никој не спомна дека ќе се изгуби некое работно место, или дека ќе се укине бесплатно здравство или школство или к15 или редовни плати.... се беше фрлено на родољубие и племенит патриотизам и ветувања за уше поголеми плати, огромни инвестиции, кревање на стандард.... главна тема беше како ќе се има Македонска репрезентација, како ќе била Македонска телевизија а не Телевизија Скопје како до тогаш и разни прикаски како европа не чека гладна за наше земјоделије, жедна за наши вина и ракии кои ете не сме можеле да ги извезуваме вака дур сме во Југославија туку само самостојни, па како се собрале македонски бизнисмени и печалбари од дијаспората и собрале милијарда долари па се чекало само да се осамостоиме па де ни ги дадат, па како Букурешкиот договор ќе престанел да важи и солун и третина грција ќе ни се вратело, па како кога самите ќе земеме работите да си ги бркаме то ќе биди невидено богатство и благодет за цел народ...... Јас и тогаш бев доста реален али да признам ми беше примамлива идеја на амерички сон, со голема куќа, спална и купатило за секоје дете и 2 коли в гаража
То се случуваше секаде и во Хрватска и во Босна меѓу секој народ и овде... Кога почнаа на избори да победуваат партии со националистички програми то аутоматски предизвика и кај другите победа на националисти, па ко дојдоа на власт се почна со копање по истории, кој колку кого заклал или убил во прва или втора војна, па колку проценти од другите имало кај првите вработено... па почнаа да се отпуштаат па почнаа ноже да се креваат во воздух куќи коли дуќани... на малцинства па почнаа да се мафка со обележја од крваво минато, на една страна шаховвници и усташки знаци на друга кокарди и орли, почна недоверба на народ и страв во комшии, па навечер ќе се припукаше се поставуваа стражи еден кон друг
Кога стравот доволно надвладеа, лесно беше да се вооружат исплашените и да се убедат дека ете тие другите само чекаат прилика да ги испоколат исто како нивни дедовци во 1916 или татковци во 1944....
Ова се беше добро подржано од странски земји на кои им одговараше распад и поделба на југославија, Германија, Италија, Австрија можеби до некаде и Америка, организирано префрлија шлепери и шлепери оружја и муниции, дадоа подршка на тие шо бараа отцепувања, осудија тие шо се залагаа за единство... и така почна
Ова е најкратко шо се може да ти појаснам тие 3-4 години, фалат тука доста работи кои не ги споменав, има и други фактори и детали.
Али конечно војната во СФРЈ и распад беше НАЦИОНАЛЕН, овде не се крена револуција на гладни и сиромашни како во некои земји или револуција на политички незадоволни од режим, туку удри нација на нација, вера на вера. Ја искористија таа слабост на Југославија, многу разни нации и вери живееа заедно а во историјата имаа доста меѓусебни конфликти и неубави спомени кои лесно можеа пао да се разбудат.