09.05.2011
За жал македонскиот спорт има премногу дамки. Во кошаркарскиот шампионат МЗТ заработи мајсторка со Работнички за пласман во финалето на разигрувањето за тронот, но по вчерашните сцени во „Градски парк“ денеска тема не се играчките вештини на паркетот, туку казните.
Кошаркарската федерација утре ќе го санкционира поведението на актерите на теренот кои по завршувањето на дербито влегоа во вербални дуели, а направија и мешаница по која можеше да има посериозни последици.
Полицијата информира дека биле уапсени двајца навивачи кои влегле на паркетот, во нередите едно лице добило повреди на главата и завршило во болница, а физички бил нападнат и припадник на МВР.
Мајсторката е в четврток во „Јане сандански“ од 20 часот со пренос на нашите програми. И покрај нејзиното големо резултатско значење, безбедносниот аспект сега е во прв план.
Извор