Искрено Валенсија и никогаш немал центаршут . Кога беше десно крило обично шпринтот му беше околу 25-40 метри и ја рогаше остро , најчесто по земја . Имаше успех таквата игра затоа што имаше кој да го следи , за разлика од сега .
Второ , неговите проблеми настана кога снемавме асален десен бек .Филозофијата се претвори кај 30 ке потрча уште 20-25 и супер ке ни биде. Се случи наместо како старее да му олеснуваат со смалување на полето на покривање тие му го зголемија . Затоа и од одењето на Саф , Валенсија е таков како што е . Сега веќе можеби и само за ротации е погоден не и за основна постава .
Тоа и ми беше муабетот, освен за ротација за ништо повеќе не е.На крај кога ќе видиш цел тим ни се сведе на играчи за ротација(+таленти, а некои и вечни) што покриваат повеќе позиции да ти играат прва постава во недостаток на квалитетни играчи.Затоа треба да се се пазари малце на квалитет и да исчисти одреден дел од просеците меѓукои и Валенсија.Варела го спомнав дека е fresh blood, млад перспективен кој напредна доста од декември до сега, офанзивно ориентиран,доста ја раздвижи десната страна и изгледа дека ќе го биде(доста потсетува на Рафаел, несудениот наследник на Гери Невил).
Од друга страна го имаш Дармијан, кој е далеку од лош играч туку е во лоша форма и според мене многу се гуши во филошофи.Кога дојде играше ѕверски поготово во дефанзива, а офанзивата според мене му е непозната бидејки ништо чудно дегенот холандски да му забранил да иде у напад, настрана што му се лоши центаршутевите(се поправа тој дел ако се потруди).
Да сумирам овие двајца ако се ротираат и паметно користат ќе си бидеме обезбедени долго време + некој може да изненади од нив двајца, а тоа значи дека нема место за ЛАВ.Секоја чест за прикажаното до сега и фала му за се, ама време е да се продолжи.