Прецедникот правилно постапи, нема што да го критикувате тука. Во западно европските медуими се презентира дека Македонија ја затворила границата врз основа на своја одлука. ( не се ни споменуваат Австрија, Словенија, Хрватска, Србија). Ако не знаеш географија ке помислиш дека Македонија граничи со Германија и како љубоморните Македонци не ги пуштаат кутрите бегалци да поминат по единствениот пат до нивната мајка или бабетина Меркел.
Инаку прецедникот веке подолго време имаше така критички изјави кон Брисел и Германија, само беа спаковани во дипломатски жаргон. А тоа од каде добил сила е сосема јасно. Унгарија, Словачка, Полска и Австрија е коалицијата која стои зад проектот за затворање на нашата граница со ЕУ. Е сега може тука да викате како тоа не скарал Германија, дека наведените земји не користат, како тоа ништо не добиваме. Но најважно е дека ништо не губиме, ако одевме по паметот на Меркел, Грците ке ни ги натрупааа сите Арапи овде - впрочем тоа нив и и одговара, ем ке си го решат проблемот , ем ке не втурнат во внатрешен конфлит. Пастирот направи грешка што го донесе тој закон за Азил, односно измените и дополнувањата, со кој им се овозможи на секоја будала да влезе во МК без никакви идентификациони документи и да побара азил. Ако Меркел јавно ги повика сите да дојдат, ние јавно ги повикавме сите да поминат преку нас, и затоа станавме главна транзитна зона. Пред тоа се секавам, се тресеа во возовите,се симнуваа на Драчево, Зелениково, се криеа во грмушките и пешки до Скопје.
Уште една работа, за тоа дека Меркел ке паднела од власт - за 2 години во Германија има влезено околу 1,5 милион мигранти кои за 2 години ке добијат државјанство - значи право на глас, исто така мислам дека имаат право да си ги повлечат и фамилиите, и сега овие што влегуваат ако се стават на контото и изборите во Германија се да речеме за 2 години, Меркел ке има 2 милиони нови гласачи - сериозна бројка со која ке си обезбеди победа на изборите.