FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
И ја го симињам сеа, баш да видам. :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај еве јa зa oвoј сo кoпчињaтa дa пишaм кoментaр.

Ми се свиѓaше филмoв, интересен е.
Нa пoчетoкoт ми беше дoсaден aмa кaкo се рaзвивaше прикaзнaтa се пoдoбaр и пoдoбaр ми стaнувaше.
Пoсебнo интереснo ми беше кoa Лебрaк се интересирaше зa истoријaтa и прoбувaше тие истoриски пoдaтoци дa ги искoристи зa негoвaтa "вoјнa".
Единo шo не ми се свиѓaше и шo мислaм декa е дoстa нереaлен дел у филмoв е тoa штo кo зa втoрa светскa вoјнa некaкo мнoгу безгрижнo се живее вo селцетo. Јес дa не знaм зa кoј периoд се рaбoти, дaли дa речеме зa '39 или '42-3 aмa ипaк некaкo мнoгу нoрмaлнo се живее зa тoј периoд.
Бaш рaди oвa и му дaвaм oценкa 7.

П.С вaљдa тoчниoт сум гo глеaл :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.331
Ај еве јa зa oвoј сo кoпчињaтa дa пишaм кoментaр.

Ми се свиѓaше филмoв, интересен е.
Нa пoчетoкoт ми беше дoсaден aмa кaкo се рaзвивaше прикaзнaтa се пoдoбaр и пoдoбaр ми стaнувaше.
Пoсебнo интереснo ми беше кoa Лебрaк се интересирaше зa истoријaтa и прoбувaше тие истoриски пoдaтoци дa ги искoристи зa негoвaтa "вoјнa".
Единo шo не ми се свиѓaше и шo мислaм декa е дoстa нереaлен дел у филмoв е тoa штo кo зa втoрa светскa вoјнa некaкo мнoгу безгрижнo се живее вo селцетo. Јес дa не знaм зa кoј периoд се рaбoти, дaли дa речеме зa '39 или '42-3 aмa ипaк некaкo мнoгу нoрмaлнo се живее зa тoј периoд.
Бaш рaди oвa и му дaвaм oценкa 7.

П.С вaљдa тoчниoт сум гo глеaл :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Штом е со Втора светска војна, точниот си го гледал. Ова е единствена адаптација на романот во која е вметната како паралелен plot војната. Романот е од 1912, инаку. ;)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.166
Еве и јас се придружувам на оние кој го симињаат филмот од торентот на Анон, па се надевам нема да разочара квалитетот. :D
Иначе по она што го прочитав на ИМДБ, се чини дека филмов ќе биде многу, многу добар. :D
 
B

beaverknight

Гостин
Па да де, Anon master race, зар имаше некој сомнеж :D
 
W

wicked_1

Гостин
Многу добар трилер, немам некои позначајни замерки.
Ја носи атмосферата на TGWTDT, содржински поблизок е до The Missing или Se7en.

Има многу филмови и серии напраени на оваа тематика, ама у филмов ептен се буткаат екстреми, доста добро е одглумен и многу добар содржински распоред има, остаени се неколку ликови споредно да важат како possible villains да држат динамика и темпо, а паралелно се влече и личната опсесија на главниот лик да дознае што се случило со брат му, типична Финчер build up платформа.

7.5/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.331
Многу добар трилер, немам некои позначајни замерки.
Ја носи атмосферата на TGWTDT, содржински поблизок е до The Missing или Se7en.

Има многу филмови и серии напраени на оваа тематика, ама у филмов ептен се буткаат екстреми, доста добро е одглумен и многу добар содржински распоред има, остаени се неколку ликови споредно да важат како possible villains да држат динамика и темпо, а паралелно се влече и личната опсесија да дознае што се случило со брат му, типична Финчер build up платформа.

7.5/10
Значи ли ова дека ни се придружуваш? :vozbud:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.172
Поени од реакции
25.324
Одлично трилерче, како што кажа @wicked_1 ја има атмосферата на Se7en.
Си држи убаво темпо филмот цело време, иако трае повеќе од 2 саати, нема досадни моменти. Има ликови и дешавки што го отргаат вниманието од главната прича, што е добро според мене. Глумата е одлична од главниот актер, малце мотивот за сите тие срања што ги прави педофилот ми беа исфорсирани, колку да се има мотив, али од друга страна па принципот на кој ги злоуставуваше фамилиите беше онака.. ментален.
За трилер е одличен, иако ги има они клсични Холивуд клишеа како на пример - џандар кој што нема да запре се додека не го најде негативецот притоа соочувајќи се со неговите проблеми и "демони". Али од друга страна па, не може ова до толку да му се замери на филмот, зашто не постои веќе трилер кај што џандарот е среќен и нема некои внатрешни дилеми или проблеми. :D
Прашањето за сите што ќе го изгледаат филмот, дали ќе беше подобро за Ник да го најдеше брат му? :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Браво за предлогов, многу сакам вакви детективски трилери, колку и да имаат клишеа. Глумата на врвно ниво, немаше слаб перформанс од ниеден актер. 9/10 Браво Џонтра за предлогов. 9/10[DOUBLEPOST=1457450655][/DOUBLEPOST]
Прашањето за сите што ќе го изгледаат филмот, дали ќе беше подобро за Ник да го најдеше брат му? :)
Освен што ќе беше погневен и помотивиран да го најде злоставувачот, мислам немаше нешто многу да смени. Мислите дека Бјорн го поминал истото, без фамилија да биде вмешана или е некој исклучок на Тролот? :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На вас што го симнавте овој на Анон, ви сецкаше малце? Така као споро да идеше сликата? Мене да.

Онака филм, не ми беше претерано добар ни па претерано лош, просек филм, малце измешани моменти ама горе доле океј.
Глеам го споредувате со Финчер, тоа е, мене не ми лежи тој режисер, чим едни Se7en и Fight Club не ми се нешто посебно па што очекувам од овој. Вака ко ќе споредам сеа стварно слични се со Girl with the dragon tattoo и Se7en потогово со овој вториов пошто се среќаваме со психопат и монструм.

Добро бе тоа свињата маме да му ебам негово ментално ццццц така Иван од Субмарино ме вадеше од такт така и овој сеа, а знаев дека има нешто покварено у него уште коа го покажаа прв пат, свиња гнасна племе ти ебам.
Иначе каква терапија праеше со тоа мочките не ми беше јасно?

Тој индијанецот не се спаси на крај така? Остана врзан у тоа кабината.
Е сеа, се поставува прашање дали и тој ја доживеал судбината како на овие 2 семејства. Ја мислам не, тој стариот педофил Иван што се обеси го сакаше ваљда а можно е и тоа гнасната свиња Ненси да го спасила ко што кажуваше па го чувала у изолација тука и затоа и се мрднал дечково.
Кујзне дали ќе беше боље Ник да го најдеше на крај, не знам што да мислам не ни знам дали уопште Ник се надеваше дека брат му е сеуште жив. Он само знаеше дека пред Х години го киднапирале брат му и тоа е тоа.

7/10 од мене.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.166
Многу добар филм. Очекував доста од него по она што го прочитав и очекуваното се исполни. Фала Џонтра за предлогов. :D :cuc:

Обожавам овакви детективски трилери каде што има мрачна атмосфера, психопати.. Se7en и Fight Club ми се на врвот, посебно вториов кој е врх, врхова.
Овој е исто така добар, посебно игра одлично на емотивната карта каде што успешно ти го навлекува целиот твој гнев, патем те држи во грч и те тера да се згнасиш од тоа какви луѓе постојат. Толку беше добро прикажан што сочуствував со жртвите.
Е сега, она што ми фали во филмов, а го имаат мастер класиците од погоре е тој твистед елемент каде што те остава во исчекување, во некое размислување и толкување за да сватиш кој е убиецот/негативецот. Таа некоја мајнд-твистед борба помеѓу тебе и режисерот, каде што на крајот ќе бидеш поразен и ќе речеш:"Браво! Ме зезна!"
Е тоа ми фалеше во филмов, беше премногу предвидлив, врпрочем, убиецот го погодив уште на првата сцена кога го покажаа. Не знам, може е до мене пошто имам доста овакви филмови изгледано. :D
Единствено што остана непредвидено во филмот е како истиот ќе го достигне заплетот, и што ќе се деси со причата со брат му.
И да, подобро за филмот што не го најде брат му на крај, што се откажа од него и така заврши. Совршен крај според мене кој му го дигна кредитот.

Се на се, уживав гледајќи го филмов. Од секој аспект беше одличен, па затоа и неможам да најдам замерка на тие клише моменти кои ги имаше.
Еден мој предлог за оние што го обожаваа филмот, и сакаат да погледнат нешто добро кое игра на емоционалната карта, таква твистед-трилер-драма, да ја изгледате англиската серија The Missing.(помалку е слична со Broadchurch). Има само една сезона која ако се гледа маратонски, истата се поминува за една вечер. :)

Оцена: 8 [DOUBLEPOST=1457488866][/DOUBLEPOST]
На вас што го симнавте овој на Анон, ви сецкаше малце? Така као споро да идеше сликата? Мене да.
Мене не ми сецкаше воопшто. Можно е тоа до плеерот кој си го користел или пак до кодеците кои ги имаш инсталирано, некој да ти фали. Или пак на крај краева, што е малку веројатно, уредот на кој си го гледал не ги исполнува хардверските побарувања.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
The Treatment. Мислам дека еден филм (или книга) е добар ако предизвика чувства: различен спектар на добри, лоши - сеедно. Постигнување на восхитување или вознемирување или задржување на вниманието со феноменот на новост како информација, како снимка, како приказна, како дијалог - повторно сеедно. Лично јас, повеќе ги сакам филмовите кои вознемируваат (дали е тоа поради потресната приказна или нешто др. е небитно). Имам забележано дека таквите филмови почесто го задоволуваат мојот критериум, за следсвено на тоа да ми остават и посилен впечаток. Овој филм го имаше тоа нешто: потресна приказна која вознемирува и предизвикува чувство на гадење. Сепак, ми ја размрда теоријата дека вознемирувачките филмови повеќе ми се допаѓаат. Токму поради тоа ќе ми биде многу тешко да го оценам овој филм и да се обидам да дадам кусо мислење за истиот. Од филмски аспект немам забелешки. Но затоа пак, приказнава ме уби и ме растревожи многу. Секоја приказна за педофилијата (дури и да не е филмска, туку раскажана од некого, видена на вести, прочитана...) ја доживувам тешко и одбивно. Ок, освен онаа на Набоков ;).
Приказната е премногу тескобна и одвратна. Значи треба да имаш болен ум, за да смислиш ваква приказна. Кога дознав што се случува и што ги тера да прават неговите жртви, искрено почувствував потреба да го исклучам филмот. ОДВРАТНО. БОЛНО. МОНСТРУОЗНО. Токму во моментот кога ќе си помислиш дека човековата фантазија не би можела да оди понатаму, гледаш филм од кој се згрозуваш и посакуваш што побрзо да го заборавиш. Мислам дека требаше да следи некакво предупредување околу филмот. Не дека ќе го прескокнев, но сепак.
Педофилијата. Секогаш сум имал измешани мислења за тие луѓе. Несомнено - болни луѓе од кои општеството сака да се реши на различни начини. Предизвикуваат отпор и гадење од самата помисла на чинот кој можат да го направат врз деца. Апсолутно оправдано. Сите сме во состојба да ги мразиме и да ги прогонуваме. Несомено предизвикуваат страв и вознемиреност кај секој од нас. Но, во основа тоа се луѓе кои доживеале ужасни психолошки трауми кои оставиле големи последици врз нивното ментално здравје. Процентите (мислам околу 80%) кажуваат дека најголемиот дел од нив никогаш во животот не извршуваат напад на деца. Станува збор за скриени педофили кои се свесни за своето нарушување. Психолошките профили на педофилите откриваат многу аспекти за нив. Па ако тргнеме од фактот дека и тие не сакаат да прават такви работи, туку нешто ги тера, односно дека се болни луѓе... можеби може да предизвикаат доза на сожалување.
Што се однесува до педофилот од филмот - одвратна креација. Тој е нешто многу пострашно од педофил. Излегов од сопствената кожа кога дознав кој е и на што ги приморува неговите жртви. Цел филм мислев дека е скитник кој случајно го наоѓа фото-апаратот, па се плаши да го предаде на полицијата. Нема да го коментирам многу, само ќе кажам дека неговите дела ме згозија и растревожија. Всушност нема да коментирам ниту еден лик од филмов. Само ќе кажам дека најмногу ми беше жал за братот на Ник, индијанецот... цел живот во заточеништво на болни умови. Во однос на прашањето на @ob1 , сигурно дека ќе беше подобро. Иако изгледаше како да е сигрен дека брат му е убиен, сепак мислам дека ако го најдеше жив „ќе му дојдеше срцето на место“ барем малку.
И ајде сега оцени го филмов. Пак ќе нагласам дека од филмски аспект, се е ок. Одличен заплет. Совршено ми го задржа вниманието, не трепнав 2 часа. Ми се допадна и атмосферата на филмот. Го сакам ваквиот жанр. Но, приказнава ме уништи во целост. Ова беше премногу за мене. Од мене 6, ете некоја средина, само поради тоа што ме растревожи. Можеби јас не сум доволно објективен за да го оценувам овој филм.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom