Туристка убила лебед за да се слика со него

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.781
Поени од реакции
31.724
Локација
Cuckedonia
Група туристи од соседството се во посета на Охрид. И тоа, ќе се сложите, е добро за туризмот, за економијата, за градот, за промоцијата на земјава... Но, не е добро кога неартикулирани примитивци ја сочинуваат таа туристичка група. Не само што не е добро, туку е и опасно.

359262-redok-turistichki-prostotilak-vo-ohrid-go-ubi-lebedot-za-da-se-slika-so-nego.jpg
фото: Н. Батев
Овојпат опасно беше за лебедите во езерото. Оваа жена на фотографијата, која дошла да ужива во убавините на Охрид и езерото, влезе во студената вода и најбрутално ја извлече кутрата птица од водата за да се фотографира со неа.

359264-redok-turistichki-prostotilak-vo-ohrid-go-ubi-lebedot-za-da-se-slika-so-nego.jpg
фото: Н. Батев

И еве ја, пред таа гордо да ја објави фотката со лебедот на сите социјални мрежи, пред да собере стотици срценца и лајкови, ја објавуваме фотографијата на нашиот фоторепортер за да собере илјадници срамови.

359265-redok-turistichki-prostotilak-vo-ohrid-go-ubi-lebedot-za-da-se-slika-so-nego.jpg
фото: Н. Батев

Не знам дали сте ја виделе оваа вест.
Грозно, злобно, ретардирано. Немам што повеќе да кажам. Се надевам ќе се казни строго.
 
Не ми е јасно, убила или не?

Не дека е во ред било кое сценарио, ама да знаеме да сме на чисто што се случило.


Инаку пачаврава не е едина. Само ја фатила медиумската антена и сега е во етер.
 
ја убила , ја искористиле во садомазохистички обреди........опасна некоја секта била да се запалат сите до една !
 
Само црнечко е*ење тука на лице место !
 
Не знаеме ни дали е повреден лебедот ама во секој случај изгледа грозно и е за осуда. Какви идиоти има на планетава, ќе тегнам лебеди за да се сликам за фејсбук.
 
глупо до бесвест, а Лебед знае и да касне и да нападне кога имаат малечки, имам видено...
 
Се сеќавате на македонецот кога погали една фока во Хрватска, па одма беше протеран од земјата...? Е истово кај нас треба да биде, посебно во Охрид.

Колку треба да си чукнат во тоа главата,да мачиш животно за да направиш едно селфи, значи Бог да чува и да брани.
 
Ова социјалните мрежи тотално ги пореметија луѓево.
Го заболе некој дали она се сликала со лебед. Глуперда откачена.
 
Се сеќавате на македонецот кога погали една фока во Хрватска, па одма беше протеран од земјата...? Е истово кај нас треба да биде, посебно во Охрид.

Колку треба да си чукнат во тоа главата,да мачиш животно за да направиш едно селфи, значи Бог да чува и да брани.
ја погали па ја избрка во морето... всушност многу добро направи, имаше многу критики на казната што му ја изрекоа... а таа фока набргу почина, од нездрав живот во средина со многу луѓе, голема е можност за инфекција ..
А има и друга лоша работа со Лебедите, не би смеело да се дозволува ранење на диви животни... во Египет строго се казнува и фрлање леб на рибите
 
A шо корист има Македонија од лебедо?
праи нешо, симбол е на Македонија?
Убива змии, пацови, комунисти, пицајзли, вошки??
Ај да беше лав или рис или караорманска чучулига, или некое животинче од која има корист општеството, вака една птичурина која само треба да ја храниме и сери низ охридско езеро од друга страна ова туристка ќе потроши некој денар низ Охрит а лебедо нема ни денар да остај
 
овие туристи изгледа од некоја лудница се овде на екскурзија.
 
Кој болен народ шета по земјава.....:sick:

Туку нели донесоа закон дека секој кој што ќе малтретира или убие животно ќе биде казнет со парична казна или со неколку години затвор? Или тоа се само зборови напишани на лист хартија кои тешко дека ќе се спроведат во пракса........:confused:
 
"Ве информираме дека го контактиравме фотографот од Вечер ( Nake Batev ) кој ја фотографираше оваа случка при што реагирал за да албанската туристката ја пушти птицата. Други податоци немаме, знаеме дека за среќа лебедот поминал без сериозни физички повреди.
Доколку некој успее да ја лоцира туристката, замолуваме да не информира.
Јавно благодариме на Наке и новинарот од Вечер што го спасија лебедот и ја обелодениле оваа мизерија и насилство на кое се изложени животните."

Од Facebook страната на Анима Мунди. Иначе што да се каже, класична сељанка (not to be confused with селанка).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom