Ооо голем и севишен модератору, дали би имале време да ја примите мојата мала поплака?
Несомнено, според мојот став којшто може и не е точен, тој којшто ве ставил за модератор направил ужасна грешка, страхотно ужасна.
Првенствено голем модератору, казната „несоодветна содржина“ која е 5 казнени поени, се доделува за најголем криминал којшто вклучува тролање, јадење гомна и константна непослушност, а целосната содржина на постот е несоодветна за темата. Тоа го правите откако ќе ја пробате опцијата со опомена, па по некој казнен и на крај ултимативната казна од 5 поени, нешто што вашето пресвето Височество, се' уште не го научило.
Не лупаш 5 казнени пошто некој употребил безобразно зборче како „к.р“, сето тоа напишано во опширен и сериозен пост.
Па пред некое време
@Vanlok кога се жалеше дека употребувале безобразни зборчиња, некои од тие упатени кон него, од вашата пресвета модераторска ложа му беше појаснето како форумов е за сите луѓе и секој има различен речник и како он не може да очекуе луѓе да не опцујат или да не употребат жаргон повремено. Па уште на крај го заебаваа дека е свилен пошто му сметаат такви безобразни зборчиња и пошто се буни за такви банални ствари.
Ти ми лупаш 5 казнени пошто сум пишал к.р што не е ни навреда пошто е пишано у друг контекст. Поужасно модерираш од тој претходниот квазиинтелектуалец, тој бар се разбираше од збор.