Ете го правникот бе,зошто не ме барате?

шо мислите само за ракомети ме бива..

Значи,како граѓани кои сме засегнати од одлука на државен орган(односно Владата преку собранието одлучи да прави џандар-збира)имаме некое "право"на некоја "заштита"...
Во случајот иницијатива,односно предлог за измена на законот за оданочување на добивките од игри на среќа...
Сепак да бидеме реални,НИЈЕ ТИ ОВО АМЕРИКА,овде правата се само едно помочано слово хартија,напишана(односно препишана)од некое далеку посовремено правно општество..
Но таму една е реалноста,овде владеат други закони...
Овде извршната власт,преку својата кукла собранието си прај шо сака,а граѓаните како и обично си свиркаат и аминуваат...

Власта си има право да менува даночна политика,тој механизам е во некзина непосредна контрола, можат да ги менуваат стапките на даноците по нивна волја...
Кој ќе ги застане?НАРОДОТ,одамна овај народ престана ДА РАЗМИСЛУВА...

(со своја глава)

Јебига,
прост народ силна држава...
Иначе,стрикно за прашањето,имаме право како граѓани да покренеме
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА,во случајот за преиспитување и измена на законот за оданочување на приходите на граѓаните...
Подетално за формата,условите и постапката околу ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА НА ДРЖАВНО НИВО погледнете го законот подолу,од член 66-74 е делот за ова правно средство......
.
http://eudo-citizenship.eu/National...dno_odlucuv_na_graganite__81_05_340410196.pdf
Иначе од искуство,а и од општа пракса во Македонија досега ниедна власт не променила некоја своја одлука само затоа што граѓаните реагирале на нејзините последици...
Со оглед на тоа дека цел Балкан ти е ДИВ ЗАПАД,и секаде го има овај данок,и искуствата се на нивна страна...
Едноставно користат ситуација,зошто сиромашната раја како едно од главните примарни средства за егзистенција ги користи игрите на среќа па удрија на оваа огромна маса на луѓе..
На времето постоеше финта и некое олеснување,секоја добивка под 9999 денари не подлежеше на данок,па некако се изигруваше системот..
Ама сега боксерот притиснат од потребата за полнење на буџетот на било кој начин реши да удри на сите добивки..
А подобро од ова изворче нема,во сиромашна држава се знае каде се кријат и се вртат парите извадени од под перница-ПО КЛАДИЛНИЦИ,КАЗИНА,приватни илегални куќи за покер и слични игри каде се вртат големи пари...
Е сега не е ова Америка,па да се замараат да ги бараат илегалните коцкарници,ама од тие легалните можат и тоа како да ги омрсат ненаситните раце..

Значи од кладилниците лапаат на име на -РЕГИСТРИРАЊЕ ДЕЈНОСТ,ЛИЦЕНЦИ ЗА РАБОТА,ОТВОРАЊЕ НОВИ УПЛАТНИ МЕСТА итн еден куп пари...
Од day 1 беше вака,откако отвори првата кладилница,некаде 97 ма,од година во година бетер и бетер се давачкаите,арно ама во секое зло има и нешто добро(од аспект на газдите на кладилниците)..
И тие искористија,на почеток се кладеше мала маса на луѓе,сега на прсти се бројат луѓето шо не се кладат,цела Македонија е удрена на кладење...
И покрај тие давачки и повторно отвораат нови и нови уплатни места,и лупат милиони...и се еден од најголемите бизниси на државно ниво...ЗНАЧИ КОЈА Е МАТЕМАТИКАТА,КОГА И ПОКРАЈ ТОЛКАВИ ДАВАЧКИ СЕУШТЕ СЕ ОГРОМЕН ЌАР ГАЗДИТЕ....

А нека пишат порталчињата на нет како некој со некоја добивка од 50 К ја "затворил" кладилницата..

Идам до играчите,сите овие години до 2014.обичниот смртник беше поштеден од дополнителни загуби(ќе си ја разделеа уплатата на тикети до 9999 добивка и системот беше заебан)освен на тие индијански тикети со мала уплата кои префлаа 10 К исплата,ама кој се замараше за некој си данок ако фатиш со 50 денари 100К...

Е сега боксерот реши да удри каде што ги боли најмногу сите....
Баш пред некој ден си размислував кога одев по добивката од Златна Копачка(ситни 60ина евра негде),нема врска,
КОЛКУ ПАРИ ИМАМ ДАДЕНО НА ИМЕ НА ДАНОК ОВИЕ ДВЕ ГОДИНИ?,и тоа јас,шп сум сега просечен кладионичар,и овие две години фаќам некои прод 1000-4000 денари во просек на тикет....
Сигурно барем регистрацијата на колата и даноците и други давачки ќе можев да ги покривам...
Ама
СО ДРЖАВА КОМАР НЕ СЕ ИГРА,стара народна поговорка...не биле будали старите,се на место е кажано...

Не само тоа,бетер ќе биди другари и другарки..
За брзо ќе имаме ситуација како во Србија,каде што има данок на приход на име на продажба на кола,стан и слично..
Кај нас засега овие работи се амнестирани од данок на приход,ама не за долго...
Тие шо играат на поголеми пари си играат онлајн во странски кладилници,останата раја му го полниме џепот на боксерот,фактични сме индиректни акционери на мадињата на Букефал,барокниот балкон во Опера,некои си барокни скали,скулптури од гипс и останатиот асортиман од колекцијата СКОПЈЕ 2014...

Не вреди бе...
