- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.868
- Поени од реакции
- 36.915
Ја отварам оваа тема по повод закажаниот референдум на 23 Јуни за преиспитување на членството на Обединетото Кралство (UK) во ЕУ.
Референдумот е закажан по дадено ветување на премиерот Камерон дека ќе закаже референдум и ќе разговара за условите на членството на UK во ЕУ како нејзин "привилегиран член".
Како што знаеме Британците се посебно осетлива нација за сите тие формални работи, нивната скапоцена фунта, краљицата и својот национален суверенитет кој што дел од нив сметаат дека се презема од "супранационалната" организација ЕУ и можноста за наметнување на обврски и политики иако они би се противеле на истите. Исто така им смета што во таа организација конците ги влече Германија и они можат да бидат лесно исфрлени од игра.
Историски гледано, целото членување на UK во ЕУ е исполнето со контроверзии.
Они ја прифатиле ЕУ (тогашна Економска Заедница за јаглен и челик) под плаштот на зголемена економска соработка со останатите земји. Од тогаш па до денес обликот и ингеренциите на ЕУ се имаат сменето драматично. Во однос на ова Британците веќе имаат еден референдум за членството во ЕУ во 1974 кој што завршил со 67% гласови ЗА.
Исто така вреди да се спомене дека Британците ја користат својата "opt out" политика со што не се дел од еврото, шенген зоната и други политики кои според нив претставуваат закана за големата британска горда нација.
Денес на картата на популизмот Камерон се обидува со референдумот да издејствува уште попривилегирани услови за UK од страна на ЕУ и по преговорите каде што дел ги доби, одржа говор наречен "The best of both worlds".
Исто така го користи за домашна употреба да ги удоволи своите конзервативни колеги и гласачи.
За сега според моменталните анкети, резултатите се слични како и во 74та, или околу 65%+ се ЗА останување на на UK во ЕУ.
Дополнително ќе се доискажам и со мое мислење подоцна во денот.
Повелете споделете ги вашите златни интелектуални мисли.