Само ме интересира зошто се форсира 5ката кога нема поима од кошарка, Србинчето е боље 100 пати а Павлов може е подобар и од двајцата а не влага ни секунда. Ако може да не информирате дали утре се игра натпревар помеѓу поразените и ако се игра во колку саат ќе биде.
Не приметив кој беше петка денес, веројатно мислиш на Црна Трајковски ... а се форсира затоа што првите двајца организатори се нажалост повредени и беа само публика. Со нив двајца екипата ќе изгледа многу поинаку, да се надеваме дека што побрзо ќе се вратат ... Тошо Павлов иначе имаше некоја ситна повреда пред 10-тина дена па мислам и он дека не е 100% фит. Богдан Вукадиновиќ изигра солидно денес, би рекол и над своите можности.
Најверојатно ќе има меч за трето место, ќе пишеме чим ќе се дознае.
Да не ја коментирам цела утакмица само ќе кажам дека судењето беше повеќе од срамно, подобро одма да кажеа дека Фени треба да игра финале. Не го спорам нивниот квалитет, одлични играчи имаат ... ама не е потребно да се суди на ваков начин, поготово не на пријателски турнир.