- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.267
Точно, ние сме Западни Словени, со примеси...[DOUBLEPOST=1456735068][/DOUBLEPOST]
Имаше... ние сок правевме во Царев Двор, во амбалажа како пивско шише или за ракија, а словенците го имаа Фруктал со супер модерен дизајн. Сепак.. ние бевме.. македончиња, во деминутив. Не дека ги обвинувам, туку.. толку не бивало.
Нашите сокови беа со одличен квалитет (денес би рекле - “органско“ производство).
Фрукталите беа само со воедначен производ, завиткан во шарено книџе

Ќе го цитирам еден напис од крајот на 80-тите години на минатиот век (мислам дека не беше подоцна од 1987 год.) во кој се расправаше за опаѓање на квалитетот на ЈУ производството. Беше споменато на пр. тоа дека скоро никој не прави “П’ти бер“ со путер туку со маргарин. Така пишуваше дека “на едниот крај од Југославија има фабрика за сокови чии сокови се едни од најпродаваните и најскапите сокови во Југославија, со модерен дизајн, маркетиншки многу покриени, се нај-нај... Но! Тие сокови се правени од база на ТИКВА со додадени ароми на одредено овошје. Настрана тоа што тиквата е здрава, макробиотска храна, сепак тоа не е во ред затоа што станува збор за ИЗМАМА на потрошувачите (ако јас купам сок од праска - тоа сакам и да го пијам, а не да пијам сок од тиква со вкус на праска - м.з.). Написот продолжуваше со тоа дека сега пак на другиот крај од Југославија се произведуваат исто такви сокови (густи) кои се едни од најквалитетните на пазарот благодарејќи на технологот кој не дозволувал ни една скапана вишна да влезе во процесот на производство... Но, тие сокови се пакувани во стаклени литарски шишиња и се доста поевтини од оние другите, од тиквата...
Од написот (мислам дека беше во српскиот “СВЕТ“) можеше да се заклучи дека станува збор за фабриките на “Фруктал“ и “Зорка“ од Гевгелија кои имаа навистина квалитетни сокови во тоа време... Исто е и со овошните чаеви во кои воопшто нема шумско овошје, брусница и сл.
Толку за квалитетот на производите во “бившата“...
