55 метарски крст во Бутел

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
А кој се сеќава на првиот клин? првата нелегално изградена џамија можеби? Кога било тоа? 1970? Факт е дека колку и да се толерираат они си продолжуваат исто. Значи имаш две опции - или ќе почнеш да рушиш и воведувап ред (очигледно невозможно во моментов) или ќе ја прифатиш нивната игра и ќе дадеш сличен одговор.

50 метарски крст сигурно нема да го реши проблемот, исто колку што нивниот орел нема да им го даде она што го наводно посакуваат. Симболите се користат во добро истемпиран тајминг, за да се создадат тензии.
Не е проблемот ни до нас ни до нив. Проблемот лежи кај оние кои ги користат, потплатуваат и едните и другите за да се створи тензија. Народот кој што живее во оваа земја и Македонци и Албанци, се претворени само во класични амеби затоа што не се моќни ниту материјално ситуирани за да прошетат и да се образуваат.
Не го жалам ни својот народ бре, затоа што беше дел од распадот на Југославија.
Ја нема Југославија, но затоа сега има едни шаховски пиуни што ти доаѓаат ко дрва здрвени и ќе ни кажат на пример што е демократија, кога ќе има избори или дали напредува нашата земја преку твитер.
Затоа сега има ненаситни паразити кои си играат господари на земјата и бара да има кола од 600 000 евра, притоа законски пишува и се фали дека има само 50 000 евра на сметка.
Затоа сега има цела партија која чека тригер од запад и е прашање на туѓ интерес и време, кога ќе пукне.
 
50 метарски јарбол со албанско знаме во влезот на Сарај, како и џамија во Матка

Ова го прочитав на интернет.

Што ќе е следно од Дпмне?
 
Колку од тие сега "загрижени" на болничка визита беа следниот ден кај семејствата на тепаните деца или на погребите на Ангел Петковски, Мартин Нешковски, Александар, Цветанчо, Кире, Филип, Борче Стефковски...
А кој се сеќава на првиот клин? првата нелегално изградена џамија можеби? Кога било тоа? 1970?
која и колку џамии се изградени тој период, а кои и колку по 1995?
Значи имаш две опции - или ќе почнеш да рушиш и воведувап ред (очигледно невозможно во моментов) или ќе ја прифатиш нивната игра и ќе дадеш сличен одговор.
најголемиот број нови џамии се изградени последните 15тина години. Градоначалници на Чаир од 1990та беа родољубите од вемерото. Во нивни раце беа инспекциските служби и плановите за урбанизација. Од 1995-2000 наваму случајно започна најголемото отселување на македонците од тие населби. Пред фактите не боговите него и вемеро треба да молчи...и да прекине со вакви глупости.[DOUBLEPOST=1456666284][/DOUBLEPOST]Еве и во Визбегово, 2015, дел од општина Бутел, се гради џамија. Надлежните "не знаат"
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=55BA2C8C2043864894FEC135646E054B
Па ајде и тие 2-3 цркви...глупости за народ до 300 евра плата ко што би рекол Рамбо.
 
Последно уредено:
Прво кое е тоа море од глупости? Второ зошто се радуваш затоа што некој изел ќотек?

Тодор требаше од поодамна да јаде ќотек, и треба уште да јаде, малку му е тоа.
Морето глупости се крстот и орелот, и они глупаците што отидоа да го бранат, а другите да се бунат. Арно кажа еден, нека се тргне полицијата и нека се истепаат, нек си ебат матер и едните и другите![DOUBLEPOST=1456666392][/DOUBLEPOST]
А шо тоа ти згрешил Тодор Петров???

Повеќе од две децении продава ветар, редно е да изеде некој бокс, ама како шо видов овој од еден шамар паднал! :facepalm:
 
50 метарски јарбол со албанско знаме во влезот на Сарај, како и џамија во Матка

Ова го прочитав на интернет.

Што ќе е следно од Дпмне?

Имаат ДПМНЕ зацртано таму уште еден 50 метарски крст да градат во Ѓорче. Највероватно ќе чекаат да се постави јарболот, па потоа крстот, како сега што беше.
 
Интересна работа е што никој Албанец не се побуни за нелегално поставен орел во Топаанско Поле, кој симболично го означува најновото етничко чистење на Македонците од средините во западна Македонија. Додека Македонци тука се пенават зошто легално се поставил крст во општина, неспонзориран од државни пари, а ги немаше истите нигде да кажат една критика за орелот. И згора на тоа да се сеири дека го истепале крвнички иницијаторот и покровител на крстот.

Кој мајндсет е тоа јас незнам. Испрани мозоци. Ова све од глава ќе ни се удри.

Е тоа се сака. Ај да се натпреваруваме кој е поглуп! :facepalm:
Мое мислење е дека во наредните 30 години треба да се стопира градбата на сите верски објекти, како и споменици со национално обележја!
Нека се реновираат болниците, училиштата, градниките, тоа сакам да чујам!
 
Е тоа се сака. Ај да се натпреваруваме кој е поглуп! :facepalm:
Мое мислење е дека во наредните 30 години треба да се стопира градбата на сите верски објекти, како и споменици со национално обележја!
Нека се реновираат болниците, училиштата, градниките, тоа сакам да чујам!

Првпат со тебе да се согласам.
 
Todor Petrov
САТАНАТА ПРОТИВ КРСТОТ

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Фала му на Господа, денес, Бог ми го спаси животот. На денот на Крстот... Но, која е верата и дали е вера омразата кон крстот? Да те убијат заради крстот, а им возвраќаш со мир и со љубов... Веќе видено од ИСИС во Ирак и Сирија...

Македонците се и православни и католици и муслимани и Албанците се православни и католици и муслимани... И во Албанија и во Македонија и во Косово... Но...

Денес беше голем ден за осветување на темелите на Крстот во Бутел. Настанот помина во одлична организација, беше преубаво, благодарност до сите кои со присуството го овековечија осветувањето.

Очигледно беше присуството на полицијата од раните утрински часови. Соодветно на настанот беше и обезбедувањето на местото на осветувањето. Имаше индиции за настан од висок ризик според најавата на гостите и контра реакциите. Секоја чест на полицијата, како и секогаш, во интерес на јавниот ред и мир, си ја извршија професионално задачата...

Откога се' заврши, со двајца пријатели се упативме кон Гази Баба, јас им предложив да седнеме на чорба во ресторанот "Казабланка" на влезот во Скопски саем. Имав покани и од други за други места, но реков, ќе си го земам лап-топот од општината, ќе каснам чорба во ресторанот до општината и ќе заминам дома да се одморам. Сакав да одбегнам народ, евентуални провокации, денот беше посебен...

Кога влеговме во ресторанот, внатре немаше гости, ниеден освен келнерите. Сончево беше времето, предложив да седнеме надвор на терасата. Видов дека има една група мажи, дваесетина, уште една маса со два тројца, другите маси не беа поставени и внатре се вративме. Видно беше дека масата со дваесетте гости ме приметија и за мене коментираа. Мислев, гости се со повод. Одбрав маса, го оставив мобилниот и торбичката и тргнав накај тоалетот рацете да ги измијам. Се стрчаа двајца по мене, млади, од друштвото на тераса, видов ме бараа каде сум. Некоја сила ме одврати, си реков ако влезат по мене во тоалетот може да не излезам. Се вратив во ресторанот, ако ме нападнат барем ќе можам помош да повикам. И веднаш кај гардеробата до тоалетот ме затепаа со боксови по главата. Се повлеков во сепарето до гардеробата, грбот и бубрезите ги заштитив во ќошот а со рацете главата. Дојдоа уште тројца и почнаа сите со боксови по глава и ребрата крвнички да ме удираат. Ме тепаше и Беќир Асани шефот на огранокот на ДУИ за Чаир. Се качи еден и на маса, со клоци ме удираше по глава како што бев подвиткан. Помислив дека ќе ме убијат. Ги прашав повеќепати додека ме удираа "Што ви сторив?" Ми велеа "Ти ли ќе градиш крст?" и "Во Чаир да не си стапнал!" "Во Чаир да не те видиме!" Викав помош и полиција се' додека ме удираа, никој од келнерите не притрча да помогне... Едниот пријател со мене припомогна, ама и него го изудрија и го тргнаа. Другиот пријател истрчал да јави по полиција.

На крај од тепањето, од терасата влезе во ресторанот и Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, потпретседател на ДУИ, се погледнавме убаво, ништо не прозборевме, ме виде крвосан и изудрен, и со тепачите заминаа. Не можеше да не знае што прават неговите сопартијци, заедно на иста маса седеа. Тој не ме спаси. А, службено сме соработувале, јас сум помошник на градоначалникот на Гази Баба. Сме се поздравувале со Меџити на јавни средби со должна почит. Со негова покана на мое барање бев во делегација на Светскиот Македонски Конгрес, положив цвеќе кога Чаир го откри споменикот на Ѓорѓија Кастриот Искендер во Скопската стара чаршија. Освен тогашниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски, никој друг од Македонците не присуствуваше. Заедно бевме и на академијата за Ѓорѓија Кастриот Искендер во Опера и балет. Само икебаната од 100 каранфили на СМК стоеше на бината пред говорницата... Како тогаш не бевме, а сега заради крстот, СМК за ДУИ стана центар против Албанците? Како и да е, за тоа во друга прилика...

Со прокрварен нос и отечен во лицето од ударите, побарав од шанкерот да повика полиција и брза помош, ми одговори сам да си побарам... Седнав на масата и се јавив за полиција и брза помош. Дојдоа веднаш и ме однесоа во Ургентниот центар. Имав болки во главата и градниот кош од ударите... Ми направија снимки, ренген, скенер, немам скршеници, немам потрес на мозокот. Да, имам болки, ама ќе поминат. Ме задржаа на опсервација со инфузии... Преживеав, ама загрижен сум дека нема само на ова да заврши...

Истите луѓе, иста агресија и насилство, организирана мафија која го тероризира градот и државата. Истите Беќир Асани и Изет Меџути на сечењето на металната конструкција на црквата музеј на Калето... Истите Беќир Асани и Изет Меџити на кршењето на споменикот на Цар Душан на "Мостот на цивилизациите" на Вардар пред Уставниот суд... Истите Беќир Асани и Изет Меџити денес за осветувањето на крстот во Бутел...

Си велам, ако со мене како јавна личност, вака постапија, како им е на луѓето од секојдневието... Од она што го гледам во општината каде работам и слушајќи ги секојдневно маките на стотици и стотици, знам колку им е тешко. И честопати се проколнувам кога не можам да им помогнам, а се жртви на тивко етничко чистење. Се селат, Господ знае каде одат, како да се под инвазија и окупација. Се купува земја, куќи, се менува етничката и верската карта на Македонија. Сиромаштијата ги принудува луѓето на емиграција во странство, но ова е уште пострашно...

Чаир објави насока на окупација. Со месеци беше облепен со билборди на албански "Го љубам Бутел". Се купуваат имоти во Бутел за баснословни цени, за Македонците да се иселат. Градат џамии дивоградби, никој ништо не им може. Градат преку ноќ куќи дивоградби, кој ќе им ги сруши, за нив државата не функционира, а се во власта, во државата... Погледнете ја само куќата пред касарната Илинден карши Американската амбасада. Дивоградба со решение за рушење, ја легализираа. Погодувате чија е? Само во Гази Баба има три џамии со решение за рушење, дивоградби, ама никој не ги руши, војна ќе избие... Ами на други места уште колку...

Бил јас, не бил, не сум се плашел од ништо во животот досега, па ни отсега. Знам што сакам и не се кријам зад мојата мисла, јавно ја соопштувам. Никого не сум навредил. Критикувам, но никогаш не сум повредил нечиј морален и личен интегритет, ја почитувам приватноста и личноста. Ги куражам сите Македонци во Македонија и во светот да бидат храбри и самоуверени, да бидат достојни, да си ја сакаат татковината, никого да не мразат, од никој и од ништо во светот и на векот да не се плашат и да не се срамат. Не продавајте ги имотите што ја менува етничката и верската карта на Македонија, по ниту една цена! Секој метар квадратен од Македонија е бесценет! Чувајте ја Македонија!

Нападот
не беше до Тодор Петров, туку до Македонскиот Народ, Црква и Држава. Омразата против крстот е омраза кон Македонците. Со тоа државата и општеството треба сериозно да се позанимаваат.

И секако, очекувам надлежните да ги пронајдат насилниците и напаѓачите, соодветно да ги казнат...

Ова што ми се случи, не посакувам никому да се повтори.

Најважни се животите и имотите на граѓаните, независно од демонстрацијата на разликите, секој има право на мирен собир...

Само тој што не бил тепан како мене, не знае какво е чувството. Луѓево беа полни со омраза за одмазда, случајната средба им ја исполни желбата.

Им благодарам на сите пријатели од Македонија и од целиот свет, за грижата за моето здравје и за поддршката. Господ да им врати со здравје и убавини.

Но, Голем е Господ, со Крстот во Бутел денес тоа со љубов го покажавме.

Или ќе се научиме на ред и поредок и на еднаква примена на Законот за сите или ќе ја губиме тивко државата...

И после се', пак заедно како и досега ќе се бориме и пак заедно ќе победиме! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! За многаја лета Крстот во Бутел, за многаја лета Македонијо! Амин!

Хахах! :pos::pos::pos:
Тодор како што читам бил спремен за ќотек, инаку не би се сетил да си ги заштити бубрезите. Вели дека бил крвјосан, изгледа дека носел и резерва кошула, зашто вчера не видовме ни капка крв, ни скината кравата, ни скршени очила.

Да, да, секако, ние мастило пиеме и трева пасеме! Ќе се бориш, Тошо, ти со парите од дијаспората и државната платичка, а македончето со 8000 денари месечно, од кои 2000-3000 треба да ги врати у кеш на газдата.
Море, мрш!
 
Гајле ти е тебе дали овој народ живее со 8 илјади или дали Тошо продава ветер и магла. Го подржуваш тепањето на Тодор затоа што си муслиманка и не сакаш да гледаш христијански симболи. На истото место да се градеше вехабистичка џамија со турски пари ќе ти се влажнеше и збор немаше да кажеш за да го осудиш тоа. Што демек џамиите повеќе ќе му дадат леб да јаде на народот од црквите и џамиите? Е затоа ти се прави ќејф, а не дали Тошо крадел од парите на дијаспората.
 
Орелот и Крстот се најмала и најбенигна работа....
проучите колку луѓе избегале од своите домови под налетот на доселеници...да, има и 5-6 албански семејства што се отселија од општина Аеродром, ама тое е смешно спрема бројот на иселени македонски семејства од другата страна на Вардар ...
тоа се проблеми што не може да се сокријат, бадијала на ФБ и форуми пишуваат платеници на СДСМ под лажни албански никови, има онаа српска изрека
“VUK DLAKU MENJA, ALI ĆUD NIKADA”
 
Интересна работа е што никој Албанец не се побуни за нелегално поставен орел во Топаанско Поле, кој симболично го означува најновото етничко чистење на Македонците од средините во западна Македонија. Додека Македонци тука се пенават зошто легално се поставил крст во општина, неспонзориран од државни пари, а ги немаше истите нигде да кажат една критика за орелот. И згора на тоа да се сеири дека го истепале крвнички иницијаторот и покровител на крстот.

Кој мајндсет е тоа јас незнам. Испрани мозоци. Ова све од глава ќе ни се удри.

Јa читaше темaтa зa oрелoт ?
И Дaрдaниa и пунo рекoa декa требa дa се сруши, a oд другa стрaнa брутус беше тoј штo гo брaнеше oрелoт, тaкa дa тие ретoрики "oни не се бунеa зa нивниoт oрел".... немoј мoлим те...

И кaкo шo рекoв вo мoјoт претхoден пoст, утре кoa ќе ти зaкркoри стoмaкoт или кoa ќе видиш декa некoј идиoт oд рaнкoт нa брутус или битушaнец се дaвaт у пaри и у спaт те пoнижувaaт спoмни си гo крстoт и верувaм пoлеснo ќе ти биде.

Амa шo знaеме ние сo испрaни мoзoци.

П.С. ти гo глеaше текoт нa пaрите и знaеш декa oвa не се финaнсирa oд држaвaтa, тaкa ?
Јебигa ние испрaните мoзoци глеaме декa СМК се кoристи кaкo пaрaвaн, a ти не...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Орелот и Крстот се најмала и најбенигна работа....
проучите колку луѓе избегале од своите домови под налетот на доселеници...да, има и 5-6 албански семејства што се отселија од општина Аеродром, ама тое е смешно спрема бројот на иселени македонски семејства од другата страна на Вардар ...
тоа се проблеми што не може да се сокријат, бадијала на ФБ и форуми пишуваат платеници на СДСМ под лажни албански никови, има онаа српска изрека
“VUK DLAKU MENJA, ALI ĆUD NIKADA”
Симптоматично е како СДСМ ги умешувате у секој муабет, не дека се СДСМ некои патриотишта па да треба некој да ги брани, само како бе мајку му претседателката на Унија на жени на ДПМНе веднаш ко нарачана излезе на прес конференција и праша зошто Оливер уште не ги уапсил напаѓачите? Исто ко и твојов муабет, Македонците се иселувале од левата страна на Вардар, и најмногу се ислеуваа во годините пред да пукне и отпосле, и уште се иселуваат. Само не ми е јасно како СДСМ е главниот кривец во целата ситуација, а ДПМНЕ се тие кои се грижат за националните интереси, небаре нивни симпатизери и членови одат секој ден и патролираат низ Чаир и Бутел и ги бранат Македонците таму од тепања, бодења и остали изживувања?
 
Симптоматично е како СДСМ ги умешувате у секој муабет, не дека се СДСМ некои патриотишта па да треба некој да ги брани, само како бе мајку му претседателката на Унија на жени на ДПМНе веднаш ко нарачана излезе на прес конференција и праша зошто Оливер уште не ги уапсил напаѓачите? Исто ко и твојов муабет, Македонците се иселувале од левата страна на Вардар, и најмногу се ислеуваа во годините пред да пукне и отпосле, и уште се иселуваат. Само не ми е јасно како СДСМ е главниот кривец во целата ситуација, а ДПМНЕ се тие кои се грижат за националните интереси, небаре нивни симпатизери и членови одат секој ден и патролираат низ Чаир и Бутел и ги бранат Македонците таму од тепања, бодења и остали изживувања?
не дека било која власт ги заштити , ама пак пулените на сдсм отворено застанаа зад тезата за албанец премиер, федерализација а најлошо и зад терористите во дивље насеље... Работата е треба перманентно да се контролира радикалниот национализам и верски фанатизам, , не вреди кога ќе се развие многу да превземаш драстични мерки, тие не го решаваат проблемот; Фрчковски уште во 90-тите ја спроведе акцијата БитПазар, имаше и мртви... се појави подоцна Илирида, полицијата интервенираше но веќе беше доцна, семето беше посеано...кога се отвори Универзитетот во Мала Речица интервенираше полиција и имаше и мртви. Кога кренаа албанско знаме во Гостивар интервенираше полиција а уапсен беше и градоначалникот на Гостивар...после ни дојде сметка со камата, војната 2001, а имаше по војната уште 2 терористички упади, пред најновиот во дивље насеље; првиот за време на министерот Хари... отсекогаш обсце и сличните се ставаа во заштита на екстремистите, но сега имаат подршка и од внатрешни македонски кругови...
 
Овај постов од Тодор повеќе личит на приказна него на вистинска случка.
Како е можно при толкав претрпен шок да памти до детал.
Јас неколку пати сум се најдол во слична ситуација и ако паметам 3% од све, а не како овај.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom