Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Алал да ви е. Од секоја тема правите турлитава. Ај задржете се на темата или оди под клуч.
Атеист,
а дали ти ја следиш Библијата правилно?

Е ми, таков е насловот на темава, ебаго...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти читаш ли што ти постирам или тресеш онака од ракав?

14. Потоа рече Бог: „Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат замјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините;
Лажеш! Битие 1:16, јасно пишува - Бог направи.....
Битие 1:
16: וַיַּ֣עַשׂ אֱלֹהִ֔ים אֶת־שְׁנֵ֥י הַמְּאֹרֹ֖ת הַגְּדֹלִ֑ים אֶת־הַמָּאֹ֤ור הַגָּדֹל֙ לְמֶמְשֶׁ֣לֶת הַיֹּ֔ום וְאֶת־הַמָּאֹ֤ור הַקָּטֹן֙ לְמֶמְשֶׁ֣לֶת הַלַּ֔יְלָה וְאֵ֖ת הַכֹּוכָבִֽים

16.И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

Направи - וַיַּ֣עַשׂ[DOUBLEPOST=1456611470][/DOUBLEPOST]
Алал да ви е. Од секоја тема правите турлитава. Ај задржете се на темата или оди под клуч.
За да се утврди дали некој нешто следи правилно или не, може да помогне и тоа дали истото е во согласност со науката или не. Од тој аспект, дискусијава е сосема во рамките на темава.[DOUBLEPOST=1456611628][/DOUBLEPOST]
Бла-бла-бла...

Одговорено е на форумов, на соодветна тема и прашања. Провери, одговорот го имам дадено и се наоѓа некаде меѓу моите 16000 дописи на форумов.
Како што и кажав. Ретардирано тролање и н7што повеќе. Ако си дал одговор, што те спречува да го посочиш?! Да го цитираш? Да го пишеш на крај краева ако не ти текнува кај е?!
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист,
а дали ти ја следиш Библијата правилно?

Е ми, таков е насловот на темава, ебаго...
Да насловот е ебаго.... папазјанија. Кој што сака си пишува.
Не не следам библија ни правилно ни неправилно, туку никако. Како што ти следиш куран, веди...... и други книги.

Бла-бла-бла...

Одговорено е на форумов, на соодветна тема и прашања. Провери, одговорот го имам дадено и се наоѓа некаде меѓу моите 16000 дописи на форумов.
Проверено и не се наоѓа никаде во тие во ниедно од тие твои 16к писанија. Само потврдуваш дека си неодговарач на поставени прашања. А се гордееш со 16к празни постови? Не е убо тоа. Горделивоста е грев Мики. Исто како и лажењето.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Проверено и не се наоѓа никаде во тие во ниедно од тие твои 16к писанија. Само потврдуваш дека си неодговарач на поставени прашања. А се гордееш со 16к празни постови? Не е убо тоа. Горделивоста е грев Мики. Исто како и лажењето.
Има, има, од мене напишано.

А што се тиче вистината, ќа причека да е слушна и од тебе...:sneaky:

А горделивоста и лажењето, остај им ги на верните, оти атеистите немаат везе од лажење, крадење, гордост и томе слично. Они са млади невести.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Има, има, од мене напишано.

А што се тиче вистината, ќа причека да е слушна и од тебе...:sneaky:
Не. Нема од тебе пишано. Само потврдуваш дека си неодговарач на поставени прашања.
А од мене вистина имаш прочитано многу пати, само тебе не ти се допаѓа вистината, ти ја сакаш туѓата лага повеќе.
А горделивоста и лажењето, остај им ги на верните
Остаам, ви нема рамни, се сложувам со тебе.
атеистите немаат везе од лажење, крадење, гордост и томе слично.
Тачно. Опет се слажем.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.587
Поени од реакции
9.230
Лажеш! Битие 1:16, јасно пишува - Бог направи.....
Битие 1:
16: וַיַּ֣עַשׂ אֱלֹהִ֔ים אֶת־שְׁנֵ֥י הַמְּאֹרֹ֖ת הַגְּדֹלִ֑ים אֶת־הַמָּאֹ֤ור הַגָּדֹל֙ לְמֶמְשֶׁ֣לֶת הַיֹּ֔ום וְאֶת־הַמָּאֹ֤ור הַקָּטֹן֙ לְמֶמְשֶׁ֣לֶת הַלַּ֔יְלָה וְאֵ֖ת הַכֹּוכָבִֽים

16.И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

Направи - וַיַּ֣עַשׂ[
Лажам? Ти ми цитираш Битие 1:16, a јас ти постирав Битие 1:14. Разликуваш ли ти בָּרָ֣א (создаде ex nihilo) од וַיַּ֣עַשׂ (направи)?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Лажам? Ти ми цитираш Битие 1:16, a јас ти постирав Битие 1:14.
Лажеш, затоа што се обиде да го премолчиш стих 16-ти, каде јасно вели - Бог направи! Премолчувајќи го тоа, се обиде да кажеш дека сонцето е поставено, но дека немора да значи оти е и создадено после растенијата (што подеднакво се коси со науката), но во стих 16-ти, јасно стои зборот направи! Значи сонцето е направено четвртиот ден од создавањето, растенијата се третиот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За да се утврди дали некој нешто следи правилно или не, може да помогне и тоа дали истото е во согласност со науката или не. Од тој аспект, дискусијава е сосема во рамките на темава.[DOUBLEPOST=1456611628][/DOUBLEPOST]
Како што и кажав. Ретардирано тролање и н7што повеќе. Ако си дал одговор, што те спречува да го посочиш?! Да го цитираш? Да го пишеш на крај краева ако не ти текнува кај е?!
Сонцето и Месечината стануваат светила, односно објекти за ориентација низ времето (ден, ноќ, годишни времиња..) во 4-от ден, односно во денот кога на тие небесни тела им е дадена улогата на светила, односно кога светлината од Битие, 1.3 е пренесена врз Сонцето и Месечината. Пред да станат Сонцето и Месечината светила, постоела „позадинска„ светлина низ/преку целата Вселена, која, пулсирајќи на релација „светло-темно„ ги одвојувала денот од ноќта, пред Сонцето и Месечината да станат знаци/показатели на денот и ноќта. Тоа што Сонцето и Месечината станале светила во 4-от ден, тоа не значи дека физички, како небесни тела, не постоеле пред 4-от ден, туку токму во 4-от ден ја добиле улогата која од Бога им е дадена.

Материјалниот Свет, вклучувајќи ја и Земјата и Сонцето и Месечината, створени се уште во Битие 1,1, односно уште во првиот ден.

И ајде сега, ќе признаеш дека си у криво? Ај и тоа чудо да го видам.[DOUBLEPOST=1456614529][/DOUBLEPOST]
За да се утврди дали некој нешто следи правилно или не, може да помогне и тоа дали истото е во согласност со науката или не.
Вака размишљаат само добрите протестанти, кои од петни жили се обидуваат да ја „докажат„ Билијата не преку верата и преку Светиите, туку преку науките и по нивниот/својот огревовен ум.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сонцето и Месечината стануваат светила, односно објекти за ориентација низ времето (ден, ноќ, годишни времиња..) во 4-от ден, односно во денот кога на тие небесни тела им е дадена улогата на светила, односно кога светлината од Битие, 1.3 е пренесена врз Сонцето и Месечината. Пред да станат Сонцето и Месечината светила, постоела „позадинска„ светлина низ/преку целата Вселена, која, пулсирајќи на релација „светло-темно„ ги одвојувала денот од ноќта, пред Сонцето и Месечината да станат знаци/показатели на денот и ноќта. Тоа што Сонцето и Месечината станале светила во 4-от ден, тоа не значи дека физички, како небесни тела, не постоеле пред 4-от ден, туку токму во 4-от ден ја добиле улогата која од Бога им е дадена.

Материјалниот Свет, вклучувајќи ја и Земјата и Сонцето и Месечината, створени се уште во Битие 1,1, односно уште во првиот ден.

И ајде сега, ќе признаеш дека си у криво? Ај и тоа чудо да го видам.
Зошто тогаш во Битие 1:16 стои дека се направени на четвртиот ден ако биле уште на првиот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто тогаш во Битие 1:16 стои дека се направени на четвртиот ден ако биле уште на првиот?
Не се создадени во 4-от, туку во 4-от им е дадена улогата на небесни „светила„, оти претходно и Сонцето и Месечина ја немале таа улога, односно способност да бидат „светила„, да даваат светлина. И Сонцето и Месечината веќе биле створени како небесни тела уште во првиот ден, но ја немале улогата од 4-от ден. Просто кажано, Сонцето и Месечината не светеле, оти светела позадинската Космичка тотална осветленост се‘ до 4-от ден.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не се создадени во 4-от, туку во 4-от им е дадена улогата на небесни „светила„, оти претходно и Сонцето и Месечина ја немале таа улога, односно способност да бидат „светила„, да даваат светлина. И Сонцето и Месечината веќе биле створени како небесни тела уште во првиот ден, но ја немале улогата од 4-от ден. Просто кажано, Сонцето и Месечината не светеле, оти светела позадинската Космичка тотална осветленост се‘ до 4-от ден.
Во библијата јасно си стои - направи! Ти тврдиш дека не се направени тогаш. Еве:
Битие1:
16.И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

Никаде не пишува - И бог им додели улога....туку ги направи, ги создаде.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во библијата јасно си стои - направи! Ти тврдиш дека не се направени тогаш. Еве:
Битие1:
16.И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
Читај!

Битие 1.1:
1. „небо„=„духовниот Свет„ (Небесата).
2. „земја„=„материјалниот Свет„ (Вселаната и сите вселенски тела).

Битие 1.3: створена е позадинската светлина.

Битие 1.5. светлината пулсира на релација „светло-темно„ (не ти треба нит Сонце нит Месечина!)


Битие 1.1.6/1.18. на Сонцето и Месечината (веќе створени во првиот ден!) дадена им е улогата на „светила„, и ориентири/знаци низ времето.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Читај!

Битие 1.1.6/1.18. на Сонцето и Месечината (веќе створени во првиот ден!) дадена им е улогата на „светила„, и ориентири/знаци низ времето.
Читам, ама никаде нема напишано ова ти што го тврдиш. Никаде не пишува дека сонцето и месечината се створени првиот ден.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Читам, ама никаде нема напишано ова ти што го тврдиш. Никаде не пишува дека сонцето и месечината се створени првиот ден.
Тоа значи дека нејќеш да прочиташ.
Ај пак:

Битие 1.1:
1. „небо„=„духовниот Свет„ (Небесата).
2. „земја„=„материјалниот Свет„ (Вселената и сите вселенски тела).

Ја‘ отидов да си почивам, а ти види колку си у криво...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа значи дека нејќеш да прочиташ.
Ај пак:

Битие 1.1:
1. „небо„=„духовниот Свет„ (Небесата).
2. „земја„=„материјалниот Свет„ (Вселената и сите вселенски тела).

Ја‘ отидов да си почивам, а ти види колку си у криво...
Не, убаво јас прочитав, ама никаде не го пишува ова што ти го тврдиш! Ти тврдиш дека сонцето и месечината биле создадени уште првиот ден, во битие стои дека се создадени четвртиот! Никаде не го пишува ова што ти го тврдиш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom