Немој, не се нервирај.
Не знам како цела Шутка успева во такво нешто, ако разбереш од некој, кажи ми да знам и јас. Јас искрено, од срце, ти посакувам за инает(не знам чив, ама ај) да земеш пасош и да успееш во планот кој си го остварил, ама имај на ум дека никој нема да те прими на работа само затоа што ќе му покажеш европски пасош, секој бара квалифициран работник. Не ве убедувам дека сѐ е џабе, баш напротив, сакам луѓето да се трудат и да успеат да излезат од некаква беда и јас само си го кажав моето искуство. Не само мое, туку и искуство уште на неколку мои познаници кои се дојдени во државава од некоја причина и се трудат да се снајдат со работа. Една женичка разочарана ми сподели дека дури и за работа како чистачка ѝ рекле дека мора да го знае јазикот, без разлика што добро знае англиски и што голем дел од луѓето тука го разбираат. Нормално, секогаш има исклучоци кои ќе се снајдат и без да го разбираат јазикот, меѓутоа ако сакаш да останеш во таа држава на долг рок, би било пожелно да се описмениш. Овакви совети нема да ти дава некој ако не сака да успееш
, а мене не ми е прв пат да стојам на располагање и на форумов и надвор од него за да дадам било какви информации поврзани со Шведска, само не ми барајте лични информации од типот на фирми во кои сум работела, колкава плата сум земала итн, затоа што тоа се приватни информации кои ни моите родители не ги знаат. Патем, ако немав намера да помогнам со информации, немаше доброволно да влезам во темава и да пишувам.
Не знам како ви звучи, ама таа е реалноста во Шведска, пасошот не игра некоја голема улога кога станува збор за работа.