Алфата и Голф 3 не се на исто рамниште,споредбата не ти чини..Алфа 156-ка е прогласена за кола на годината во 1998 година,таа ќе ја рамниш со Голф 4..И незнам дали знаеш,дека во таа Алфа 156-ка што ја спомна,првпат е конструиран и вграден моторот на Да Силва,Комон реил систем,без бош пумпа..И после тие Италијански автоинжињери,т.е нивната технологија ја купи тој твој Голф,па сите останати,со исклучок на Мерцедес..Околу одржувањето,Алфите се ефтини,тоа е факт..Алфа 156-ка ќе најдеш за 2000 евра,Голф 4 испод 3000 не наоѓаш,и кој кур поефтино одржување,кога во старт колата ја плаќам поскапо..А дека Голфот е вечен и не се расипува оди легни си и наспиј се убаво..Нема возило што не се расипува,тоа да ти биде јасно.
Аман бре момак до последна буква си ја утнал и поентата и целиот мој пост за да напишеш крајно пристрасен пост,исто така тотална утка!
Прво,ме заболе и за Голф и за Алфа,нити едното нит па другото го поштуем,со иклучок на 159 затоа што се работи за сосем друго ауто.
Второ,немој тука да држиш предавања од типот “Дали знаеш дрн дрн“ затоа што има гугл за нешто ако не сме знаеле,а такви информации тешко кој не знае.
трето у мојот пост,споредбата ја напраив меѓу Голф 3 ( ТРИ) не 4 ,затоа што оноа Фринге почна со таа споредба,за Голф 4 ниту стана збор нит па некој друг спомна. Затоа уште у старт репликата ти отиде у такво,па понатамошниот пост ти беше тотално непотребен.
4. Ептен сте пристрастни значи,неможеш да водиш реална дискусија со некој што е пристрастен. Факт! колку и да не си у право упорно верглаш ама ова ама она ама овака онака.
Имав службена алфа 156,уште 2007ма,алфата беше 2003та произведена на 120,000км и беше тотална канта.Се нешто крцкаше тропаше,зуеше,климата те се пали сама те се гаси сама. 1.9јтд фамозниот ваш пионер,неможам да кажам дека не беше добар,одлично возеше,малце трошеше,ама не утепа од дефекти,редовно секој втор месец беше по една недела на сервис.дали мотор,дали кумплунг,дали електроника итн. И немој некој да го видам да пишал ете службена била па сум и ебаал матер. Колата ја возев и ја чував како моја да е зашто постојано на пат одев и несакав да ме остаи некаде.
И за крај,овде исто така некој пиша дека голфови се купуваат и возат поради пристапноста и ефтините делови. тројката па и четворката се највозени и најраспространети низ цела Европа а не само овде. Разликата од Германците и од нас е тоа што тие го купуваат како второ или трето возило за низ град и кратки релации кој што секојдневно возат по 100 и кусур км со нив. Додека нашиве овде ги купуваат од што немаат можност да купат ново возило или едвај скрпиле 3-4000 евра за кола па според мнозинството најисплатлива кола за тие пари е Голф.Не дека се у право ама тоа е мислата на народот.
За ниедна друга кола нема да најдеш половни резервни делови и мајстори како што има за Голф и за општо Фолксваген,па после следат другите Германски брендови итн.
Оди најди ми делови за Алфа или па уште полошо,за Мазда?
хинт: Не возам Голф у случај да ти текне некаква глупост па да ми реплицираш после.
Инаку со мерак би купил Алфа 159 , доколку не би возел БМВ би купил таква Алфа,една од ретките коли со душа.[DOUBLEPOST=1453161293][/DOUBLEPOST]
Колку се дискови и плочки за гољф 3 и бмв е36 немора е46 а колку за алфа 156,166 или 147
Е вака алфа 156 од 2000 сум ја платил 1900 евра а дисковите и плочките претходниот ги платил 55 или 60 евра а јас ги најдов за 1800 ден. дисковите и 900 ден. плочките.
А откако фатија минусни температури освен гољф,форд,опел не сум видел ниедна да ја палат со појачување или влечење
Алфата моја пишува дека има 180к ама има преку 340к поминато а се приметува по варијаторот(прво палење 10-20 сек работи како дизел)на кој треба федер и осигурач да му се смени и не е попскапо од 500-600 денари со работна рака ама мајсторот вика дека ќе тера така минимум уште 80-100к.
Колку уље дотураш месечно на Алфата? Ама искрено! и колку те кошта годишно за сервис редовен? (уље и сите филтри) немој да пробаш да лажеш зашто може за разлика од другите ако не се запознаени околу ова,јас малце повеќе сум.
Дискови и плочки,и останати резервни делови (потрошен материјал) можеш да најдеш секаде и од секаков производител.Значи од кинески за 20 евра па до Брембо или Феродо за 100 евра,така да цената игра улога и на квалитетот. Друго,диск за Алфа од дебелина 325 мм со мотор од мин. 1.6 па до 3.2 и дизел 2.4 кубика мотори,неможе да носи исти дискови со Голф 4 со 1.4 мотор,нормално дека ке е помал дискот а со тоа и поефтин.
За моето БМВ има комплет плочки предни задни за 1800 денари ама Полски,што за автоматик ко што е мојата тоа ќе значи промена на 20.000км у најдобра рака. или имаш Феродо премиер. кај што се 6000 комплет и промена на 60.000км Незнам како не разбираш дека се си има цена а и квалитет.
Ти на Алфата ако не и стаиш Селениа Голд,ке го троши дупло поише а и ке изгубиш на перформанс на моторот,зашто Италијанците така сакале.А Селениа Голд е 700 ден литар ко што знам а збира 6 литра просек. Ти само за уље ке платиш повеќе отколку некој што ке плати за комплет сервис за Голф 4.
Муабетите можат да одат до бескрај и докажувањата чиви се поголеми итн...Малце забегавме офтопик али нема врска.
Според мене секој треба да вози тоа што го сака,(да не претеруваме со желбите само) како би се осеќал убаво у колата и вожњата.Макар чинело и поскапо од другото.