Триглицериди

  • Креатор на темата Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување Време на започнување
За триглицериди е темата ама сепак. Бев од фирмата на систематски и ми излезе шекерот 7.8 . Ми препорачаја да одам на матичен за да се препроверам уште еднаш. Да биди трагедијата поголема бев на оној годишниот задолжителниот пред неколку месеци шекерот 5.6 . Нити се имам здебелено, нити правам нешто поинаку, нити имам сетено некој посебни промени во било што. Е сега не сум редовен во јадењето, нити пазам што јадам( нити пак некогаш сум пазел), не спортувам нити активно ни пасивно( освен ако се рачуна пешачење ), пушам , пијам. Во глобала немам некој ред за ништо и водам поприлично нездрав живот гледано во очите на СЗО. Немам проблеми со тежина( напротив ми фали некое кило, повеќе на кај 10 ) немам висок притисок ( уствари нормално имам релативно низок 60 /90 ) пијам во просек 6-7 кафиња на ден турски и секакви( немам мака ), пакета и пол до две на ден, јадам мрсно, посно и скоро се што е јадливо и може да се јади ( посебно ко ке сум гладен). Муабетот ми е дека вака функционирам од кога знам за мене, ништо посебно се нема случено во овие неколку месеци околу режимот на живот, секогаш крвната слика ми била како на бебе освен оваа. Сега или вечерта пред да одам на систематски имам нешто гнетено а да имам забораено или појма немам што е работата.
Ај и колку да не сум оффтопик триглицеридите ми се во долната граница( што е малце зачудувачки читајќи ги постовите од погоре), холестеролот таман, седиментација и се останато златна средина. Се освен шекерот.
И ај сега некој ум нека дај?
@Bojco @Ilumious
 
Фала ви многу. Салати јадам и да, пешачам, возам точак ама цел јануари лежам и јадам. Морам да сменам. Еве од денеска почнав пак да пешачам па утре треба на ехо лекарот да ме види и лекарства да ми препиши. Ќе намалам со газирано обавезно. А сендвич еднаш неделно ваљда нема да е штетно оти не можам без него.
Го зеде? :)
http://sezahrana.mk/зеолит-за-детоксикација-и-одлично-здр/
 
Неее :place: Ќе ме отепаш. Зедов лекови: Торвекс и Омега. И ја подобрив исхраната.
 
Неее :place: Ќе ме отепаш. Зедов лекови: Торвекс и Омега. И ја подобрив исхраната.
аххх грешка, голема грешка, 20-годишен да пиеш вакви лекови, тебе уште телото не ти е оформено, лекови за маснотии...господе боже, кај ни замина здравството...(n) Само да не се чудиш после ако имаш нус појави, пред се главоболки. Знам оти мајка ми истите ги пиеше и на тоа се жалеше, ама ок, има 50 год. Ти со 20...:popce:
 
Знам али тоа е. Ги скапав молење да ми дадат нешто на природна база ама ми викаа дека многу високи се и мора со такви лекови.
Пишман сум оти воопшто отидов на лекар да проверам крв. Да не појдев ќе си бев "здрав" и немаше да пијам лекови.
 
аххх грешка, голема грешка, 20-годишен да пиеш вакви лекови, тебе уште телото не ти е оформено, лекови за маснотии...господе боже, кај ни замина здравството...(n) Само да не се чудиш после ако имаш нус појави, пред се главоболки. Знам оти мајка ми истите ги пиеше и на тоа се жалеше, ама ок, има 50 год. Ти со 20...:popce:
Омега се суплементи кои се препорачуваат и на деца, додека Торвекс се употребуваат и во случај ако имаш нормално ниво на холестерол како контролори.
Имаш нешто абер од фармација или само тресиш глупости?
 
И мене така ми рекоја и в аптека и лекарите.
 
Терајте си, како ви кажале, така терајте си...
 
Омега јас пијам од 12 години, корисен суплемент е и за физички активни луѓе.
 
аххх грешка, голема грешка, 20-годишен да пиеш вакви лекови, тебе уште телото не ти е оформено, лекови за маснотии...господе боже, кај ни замина здравството...(n) Само да не се чудиш после ако имаш нус појави, пред се главоболки. Знам оти мајка ми истите ги пиеше и на тоа се жалеше, ама ок, има 50 год. Ти со 20...:popce:

o_O
 
Здраво. Еден совет од Вас? ☺
Пред некој ден правев крвна слика за да проверам дали ми е излечена бактеријата, се беше океј со тоа, ама како по ново видов покачен холестерол ( 6.7 ) и Триглицериди ( 3.2 ) .. Никогаш сум немал покачени маснотии а не па триглицериди... Да напоменам дека месец дена бев под јаки антибиотици - Лекоклар, па амоксиклав, па Сумамед 2 дози, и на крај 7 инфузии лендацин ( морав заради бактеријата ). Сакам да прашам дали може од толку многу конзумирање и јаки антибиотици да ми бидат покачени триглицеридите и холрстеролот ? - Чекам мислења. Фала
 
Абе луѓе јас да ви препорачам нешто ама не знам кој би сакал да проба и кој колку би издржал.
Татко ми имаше покачени триглицериди и му кажаа во шише кисела вода да стави еден праз.Тоа да отстои 24 часа и после да пие.Ова го правеше 3-4 пати и му се нормализираа.
Доколку некој има силен и здрав желудник и сака да проба нека се тестира :)
 
Неее :place: Ќе ме отепаш. Зедов лекови: Торвекс и Омега. И ја подобрив исхраната.

По еден месец направи пак контрола на крвта (испитај аст и алт) пошто торвексот е склон на замастување на црниот дроб.
 
Омега се суплементи кои се препорачуваат и на деца, додека Торвекс се употребуваат и во случај ако имаш нормално ниво на холестерол како контролори.
Имаш нешто абер од фармација или само тресиш глупости?

Мислам дека има абер од фармација...За Омега-та си во право, али Торвексот се статини, иако од понова генерација, сепак не се препорачува многу млади луѓе да го земаат, посебно не кај оние што липидниот статус може да се стави во нормала по пат на диета, физичка активност, намален стрес или препарат на природна база(има неколку кај нас такви, кои даваат ефекти)...
Не постои статин што не дава несакани ефекти, посебно кај оние што до крај на животот мора да ги земаат, а таквите се најбројни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom