Нашите медиуми можат да извртат секаква приказна. А зошто и не би, кога и самите официјални лица од власта тоа го направија повеќе пати, а ете имаат далеку поголема одговорност (Нешковски, девојчето од Палнка и само мал милион примери).
Така да, скроз може причината за убиствово да не е таа. Но, според досегашните реакции на разни фактори и засегнати страни, како и информации кои ни се презентирани, ставам поголема веројатност дека сепак било така како што сите знаеме.
Дали сите припадници на оваа партија се такви?
- Сигурно дека не. Другата страна, во случајов, не пропушти необјективно да генерализира. Сигурно, не секој приврзаник на оваа партија би ги истепал или повредил своите неистомисленици, на таа тема. Исто така секој од нив и не бил во затвор, па да има евентуални психички последици, кои евентуално би довеле до ваков испад.
Дали врвот на оваа партија протежира таков модел на постапување кон своето членство и симпатизери?
- Слушнавме, нардеби за шамарање на противничките политичари, смртни закани, чувме за изборните "прошетки" по Охрид, со група тепачи. А уште пред да чуеме за тие прошетки, нивните ефекти, видовме дека судот ги процесуира во корист на починителите, надвор од законот и логиката. Али, кога знаеме од кај доаѓаат судијките, одлуките на судовите во Македонија, не нѐ чудат.
И сметам за нас , на форумов, дека не е толку битно зашто и како ова се десило. Пошто правда со тие судови, реално, тешко ќе има. Она што е интересно и скроз очекувано, се реакциите на луѓето што ја имаат работата тоа да го прават. Лишени од било какви морални или етички норми (тоа се глупости за нив), тие сосема очекувано, се обидоа да го релативизираат, извртат настанот, или пак да ја испратат дискусијата во друга насока. Ништо ново, секако. Само уште една потврда, за жалосната состојба на духот (или поточно неговото отсуство) кај овие индивидуалци.