Конфликтот во Сирија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Инаку најновата информација на темава е договорот помеѓу САД и Русија за примирје помеѓу армијата и опозициските групи. Нормално, откако не можеа да се согласат кого да вбројат во листата на терористички групи, освен ИСИС и Ал-Каеда, оставија да утврдуваат.
Ова ќе биде сериозна бомба и причина ова примирје да нема долг рок на траење. Сепак, да видиме како ќе се одвиваат работите на терен.

Полниот текст на договорот. http://www.state.gov/r/pa/prs/ps/2016/02/253115.htm
Заинтересираните страни во конфликтот треба до пладне 26 февруари да изразат поддршка на договорот.
Што мислите за предложеното примирје?
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
@karan, @.........., @Бачето
Дајте игнорирајте го веќе еднаш будалата @Realen. и престанете да му реплицирате.
Единствено е присутен на форумов за да трола, тоа му е основна занимација на форумов.
Игнорирајте го и баталете го, колку помалку му реплицираат, толку повеќе го игнорираат, а колку повеќе го игнорираат, толку повеќе замолкнува и си бара друга тема за тролање.
Едноставно игнорирајте го и баталете го.
Еден од антитрол методите е да се игнорираат, но човекот зема плата за тролење и е должен да го напише неопходниот број коментари кога е на работа, така да молчењето не е решение, на оваа етапа државата ни е разградена и службите не смеат да се занимаваат со тие оперативно интересни лица.
Но од друга страна молчењето значи согласност, така да ако периодично не ги разобличуваш, значи ги оставаш да влијаат на јавното мислење и со тоа дел од целите им се постигнати. Компромисот е без влегување во долги и банални дебати, со тоа и темата на форумот се изместува и се полни со спам пропаганда, софорумците во спамот губат од нормалните коментари, но одвреме на време тролот треба да се посочѝ и разобличи кратко и јасно со факти.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.224
Сега тоа е САД и некој како вас или Заев сакат доброволно да им се предадат и им служат како робови иако знаат дека крајната цел на ционизмот е геноцид врз неевреите но не им е гајле за тоа, важно е да земат малку пари или да добијат малку власт како локални вазали.
:pos:
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Инаку најновата информација на темава е договорот помеѓу САД и Русија за примирје помеѓу армијата и опозициските групи. Нормално, откако не можеа да се согласат кого да вбројат во листата на терористички групи, освен ИСИС и Ал-Каеда, оставија да утврдуваат.
Ова ќе биде сериозна бомба и причина ова примирје да нема долг рок на траење. Сепак, да видиме како ќе се одвиваат работите на терен.

Полниот текст на договорот. http://www.state.gov/r/pa/prs/ps/2016/02/253115.htm
Заинтересираните страни во конфликтот треба до пладне 26 февруари да изразат поддршка на договорот.
Што мислите за предложеното примирје?
Ова е кревко примирје, во кое Русите имаат право да ги напагаат ИСИЛ, Нусра Ахрар ал Шам, Џаиш ал Ислам и тн... Е сега ке видиме како сите овие групации ке почнат да се преставуваат како ФСА, и после секој воздушен руски напад врз терористичките групации ке биде преставен како напад врз таканаречените умеерени опозициски бунтовници кои го потпишале примирјето... Така Русија и Путин ке бидат обвинети за кршење на примирјето, со што ке почнат борбите повторно и тоа "МОЖЕБИ " ке го искористат Турците за да влезат во Сирија, а Вашингтон ке рече,ете пробавме ама Путин, Асад и Иран не сакаат мир и го расипаа мирниот процес. Веке видено сценарио низ многу други конфликти
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.322

Обвинувања имаше и до сега, па све што направија Турците беше пенавење.
 
Според договорот Русија и армиските сили нема да имаат право да ги напаѓаат Ахрар аш Шам и ЏаИ доколку се согласат на прекин на огнот. Од примирјето се исклучени само ИСИС и Ал-Каеда.

Мислам дека погоре посочените исламисти се најмалку подготвени и не го посакуваат примирјето иако би требало да го прифатат затоа што после почетокот на руските бомбардирања на неколку фронта изгубија територии. Сеуште не се потполно скршени и нивните надежи ги подгрева анадолското бркче, па сакаат реванш. Мислам дека константно ќе провоцираат доколку заживее договорот.

Втората причина е што во текстот се предвидува дека заедно САД и Русија ќе ги исцртаат границите на фронтот каде ИСИС и Ал-Каеда имаат контрола со цел Русија, Асад и западната коалиција и понатаму да може да преземаат воени дејствија во тие подрачја. Ова е речиси невозможно на терен, особено во Идлиб каде нема јасна граница помеѓу Ал-Каеда и исламистите кои се сметани за "умерена опозиција" (тоа се они кои ѕверски ги вадеа и ги јадеа срцата на заробените војници).

Тука е уште и барањето армијата да ја повлече опсадата на териториите каде милитантите се блокирани.

Доколку успеат да го одржат неколку недели примирјето тоа можеби ќе го засили одливот на борци од Ал-Нусра во "умерените" исламисти (ова е оксиморон), или пак обратно цели формации поттикнати од незадоволството на саудијците ќе искажат верност на Ал-Каеда и ИСИС.
 
Во договорот стои ИСИЛ, Нусра и други терористички групациии, кои ке ги утврдат и идентификуваат Русија и САД преку дијалог.. Е сега интересно ке биде во Идлиб, каде што Ал Нусра е дел од таканаречената Army of Conquest, групација во која членуваат и Ал Шам и Ал Ислам, Исламски Фронт, групации кои се иденфикуваат како ФСА, Туркменски милитанти, Бин Ладен Фронт и други групации формирани од борци од Египет, Либија, Афганистан и други арапски земји. Како ке ги идентификуваш кој е кој? Во овој договор најмногу изгуби Руската коалиција. Директно им даде време на џихадистите да се реорганизираат, да добијат нови залихи на оружје и борци и налето ке бидат спремни за офанзива против Асад. Не ми е јасно зашто Путин дозволи вакво нешто, баш во моментите кога работите почнаа да одат во нивна корист на терен.
 
Русите не се бунеа нешто многу за примирјево. Да не им чинеше, немаше воопшто да успее. Јас мислам дека причината за примирјето и давање време да се регрупираат терористите е геостратешка . Да не се тргне фокусот од Сирија. Мислам дека полесно на Русите им е да војуваат во Сирија од воздух, отколку да се врати фокусот во Украина или па да се запали Кавказот. А и добро би било пак да се прибере џихадистичката интернационала во Сирија, на купче.

А и све ми се чини дека џихадистиве ќе го искористат примирјево за борба за превласт, се надевам крвава.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Во договорот стои ИСИЛ, Нусра и други терористички групациии, кои ке ги утврдат и идентификуваат Русија и САД преку дијалог.. Е сега интересно ке биде во Идлиб, каде што Ал Нусра е дел од таканаречената Army of Conquest, групација во која членуваат и Ал Шам и Ал Ислам, Исламски Фронт, групации кои се иденфикуваат како ФСА, Туркменски милитанти, Бин Ладен Фронт и други групации формирани од борци од Египет, Либија, Афганистан и други арапски земји. Како ке ги идентификуваш кој е кој? Во овој договор најмногу изгуби Руската коалиција. Директно им даде време на џихадистите да се реорганизираат, да добијат нови залихи на оружје и борци и налето ке бидат спремни за офанзива против Асад. Не ми е јасно зашто Путин дозволи вакво нешто, баш во моментите кога работите почнаа да одат во нивна корист на терен.
Во право си. Дефинитивно аш-Шам се најпроблематичната групација и мостот преку којшто се случува непрекината размена на луѓе, воена техника и други средства низ целиот дијапазон на опозициските воени формации почнувајќи од ФСА до Ал-Нусра. Најверојатно затоа и постојат неколку различни обединувања со цел да не се обвинуваат Турција/Катар/С. Арабија за директно финансирање на Нусра.

Сепак, можеби целта на Путин со договоров е да докаже дека на терен некои од таканаречените умерени опозициски групи се многу поблиски до Ал-Каеда отколку до секуларната ФСА. Веќе има реакции од некои поддржувачи на ал-Шам да се побара Ал-Нусра да биде опфатена со примирјето.
А и армијата сеуште не изгледа сосема подготвена за решителна офанзива на било кој дел од фронтот бидејќи на сите стратешски важни места е во опкружување од двете страни. Плус Асад распиша избори за во април, така што Путин и тоа како има свои калкулации во поглед на ова примирје.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Мислам на тоа дека ако пропадне примирјето ( а ке пропадне) ке ги обвинат Асад, Русија и Иран, и ке имаат изговор дека ете они направиле се што е вл нивна мок да дојде до мир, но клетите руси и диктаторот Асад не сакаат мир, ( при тоа ке ја вклучат цела западна медуимска пропаганда машинерија) и тоа ке им биде изговор за било која понатамошна акција (дали тоа ке биде турска инвазија или америчка инвазија, или пак поделба на Сирија)[DOUBLEPOST=1456269233][/DOUBLEPOST]
Обвинувања имаше и до сега, па све што направија Турците беше пенавење.
Но досега немаше примирје, тоа е суштинската разлика
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.322
Мислам на тоа дека ако пропадне примирјето ( а ке пропадне) ке ги обвинат Асад, Русија и Иран, и ке имаат изговор дека ете они направиле се што е вл нивна мок да дојде до мир, но клетите руси и диктаторот Асад не сакаат мир, ( при тоа ке ја вклучат цела западна медуимска пропаганда машинерија) и тоа ке им биде изговор за било која понатамошна акција (дали тоа ке биде турска инвазија или америчка инвазија, или пак поделба на Сирија)[DOUBLEPOST=1456269233][/DOUBLEPOST]
Но досега немаше примирје, тоа е суштинската разлика
Ако пропадне ќе пропадне, никому ништо. Русија е веќе влезена во Сирија, цврсто стоејќи позади Асад, и секој обид да се вмеша некоја друга држава официјално во конфликтот против Асад ќе биде дефакто објава на војна на Русија. Јас не верувам дека САД се спремни за еден светски конфликт.

Можеби ако Ердоан стварно му е агенда да ја впушти Турција во авантура, која би значела крај за Турската држава(Што секако би ја изолирало од своите сојузници), но како резултат да отвори поширока несатбилност све во интерес на ширење на калифатот.

За да се истера Русија од Сирија, мора да има Виетнамско или Авганистанско сценарио, а не директна интервенција од САД (тоа би значело светска војна). Како што стојат работите, проблем за тоа се џихадистичките групи, кои дефакто доминираат во Сириската опозиција, а кои претпоставувам се излезени од контрола и моментално генерираат негативно мислење на граѓаните во западните земји. Поради тоа западот се повеќе се оградува од опозицијата и мислам дека ова примирје ќе биде последен обид да се консолидираат опозициските сили во една која ќе биде навидум „умерена“.

Но да имаме во предвид дека ИСИС и покрај загубите што ги доживеаја, сеуште се најсилна опозициска групација, и мислам дека таа консолидација нема да успее. Но тоа не значи дека ИСИС нема своја агенда. Како што кажав, тоа е многу моќно движење, кое очигледно има многу паметни луѓе, доста скриени и нескриени сојузници, јака логистика не само кај муслиманските држави туку и во Европа, а поготово на Балканот. Така да далеку сме од уништување на оваа формација и во Сирија и светот воопшто.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088

Јас мислам дека нема да има самостојна операција од САД или Турција. Туку НАТО пактот комплетно ќе интервенира. Но сепак се уште ништо не се знае.[DOUBLEPOST=1456300628][/DOUBLEPOST]
Мислиш на евентуален изговор ако (кога ќе) пропадне планот да им одобрат на Турција и С.А да влезат копнено или нешто уште полошо?
Британците се свртија против курдите. А Турција доби апсолутна поддршка. Изгледа по полека се спрема теренот за влез во Сирија.[DOUBLEPOST=1456300665][/DOUBLEPOST]http://www.euronews.com/2016/02/23/friend-or-foe-uk-raises-concerns-over-syrian-kurdish-militia/
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Ако пропадне ќе пропадне, никому ништо. Русија е веќе влезена во Сирија, цврсто стоејќи позади Асад, и секој обид да се вмеша некоја друга држава официјално во конфликтот против Асад ќе биде дефакто објава на војна на Русија. Јас не верувам дека САД се спремни за еден светски конфликт.

Можеби ако Ердоан стварно му е агенда да ја впушти Турција во авантура, која би значела крај за Турската држава(Што секако би ја изолирало од своите сојузници), но како резултат да отвори поширока несатбилност све во интерес на ширење на калифатот.

За да се истера Русија од Сирија, мора да има Виетнамско или Авганистанско сценарио, а не директна интервенција од САД (тоа би значело светска војна). Како што стојат работите, проблем за тоа се џихадистичките групи, кои дефакто доминираат во Сириската опозиција, а кои претпоставувам се излезени од контрола и моментално генерираат негативно мислење на граѓаните во западните земји. Поради тоа западот се повеќе се оградува од опозицијата и мислам дека ова примирје ќе биде последен обид да се консолидираат опозициските сили во една која ќе биде навидум „умерена“.

Но да имаме во предвид дека ИСИС и покрај загубите што ги доживеаја, сеуште се најсилна опозициска групација, и мислам дека таа консолидација нема да успее. Но тоа не значи дека ИСИС нема своја агенда. Како што кажав, тоа е многу моќно движење, кое очигледно има многу паметни луѓе, доста скриени и нескриени сојузници, јака логистика не само кај муслиманските држави туку и во Европа, а поготово на Балканот. Така да далеку сме од уништување на оваа формација и во Сирија и светот воопшто.
Па види сега, ако пропадне примирјето еве Џон Кери се заканува дека имаме план Б,а каков план Б може да има УС освен воена инвазија. Инаку да бидеме реални, доколку УС реши да влезе со копнени сили во Сирија, еве да речеме преку Анбар провинцијата во Ирак и да се насочи против ИСИЛ. За неколку недели ке стигне до Рака, а Русите во мегувреме нема да се осмелат да ги бомбардираат Американските копнени сили. Ние често викаме и збориме на форумов како Америка нема да започне војна со Русија заради Сирија, но факт е дека ниту Русија нема да започне војна против Америка. Исходот од ваквото сценарио ке биде поделба на Сирија. Едниот дел ке остане под власта на Асад и со директна заштита од Русија а другиот Источен дел ке биде Американски протекторат, и владите во тие два стејта ,една со друга нема да се признаваат и ке биде слично како ситуацијата со Северна и Јужна Кореја... Како што беше со Северен и Јужен Виетнам...
Судан и Јужен Судан, Кипарската Ситуација.. Така да ако ја погледнеме Американската Историја за нивната инволвираност во грагански војни има големи шанси да е ова што го споменав тој план Б.
Ем ке го уништат калифатот што ке го задоволи домицилното население во УС, ем ке испаднат пред светот дека УС како суперсила го уништила ракот на човештвото во 21от век и плус ке тврдат како дошло мир во Сирија, но поради Руската подршка на Асад Сирија неможе да се обедини и да почне процес на национално помирување.

Инаку да се навратам на другите мислења. Во врска со јавното мислење во УС, веке речиси никој не верува дека има умерени групации во Сирија. Освен Курдите кои се сметани за големи сојузници, другите горе доле ги гледаат како идеолошки ориентирани кон Радикалниот Ислам. Исто сакам да напоменам дека ФСА е мит. Нема централна команда, нема главен штаб или хиерархија. ФСА беше формирана од ЦИА со вклучување на офицери дезертери од Сириската Армија, со цел да се покаже дека и Армијата е против Асад и воедно да се привлечат Регрути. ФСА може да биде секој, на пример да речеме некоја маалска група се приклучила на ИСИЛ, утре решава и објавува дека е ФСА, става ознаки на униформите и тоа е тоа... Затоа и се помалку е споменувана ФСА. Можеби на јужниот фронт во Дараа, близу границата со Јордан,постои унифицирана групација со командно хиерархиска организација, но во другите делови тоа се е разбиено или преминато во други милитантни групации. Затоа и никој не ги споменува повеке, односно многу ретко. Дури и Вашингтон делумно крена рака од митот ФСА, затоа и ги формираше Сириските Демократски Сили кои се составени од Курдите и Арапски опозициони групации кои во голем дел се идентификуваа како дел од ФСА во првите години од конфликтот.[DOUBLEPOST=1456303295][/DOUBLEPOST]Еве почнаа и на вести да го зборат ова што го пишав...Волф Блицер се влажни на секоја можност за нова војна предводена од УС
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom