Старец претепан до смрт оти ја фалел Катица Јанева?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Катица да го земе предметот! Она по дефиниција е неутрална!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
ова тепање со смртен крај ќе биде процесуирано... исто како и убиството на Нешковски, убиецот е осуден мислам 14г затвор.. ама 2006 убиството на Трајан Беќирев е заташкано. а ајде сега да видиме како работел МВР и судот порано ?? Во 1997 година, Ацо Боцевски алиас Циганот, инаку висок активист во СДСМ, ладнокрвно го застрела Сеад Ибраими убивајќи го на лице место, и тоа во сред град пред зградата на Кјуби (ЗОИЛ), сред бел ден. Циганот не се ни обидел да избега од местото на убиството, туку и се предал на полицијата. На судењето се обидел да се извлече со глумење на ментална неспособност, но тоа не му успеало. Добил 15 години затворска казна. Сепак, додека пресудата не стане правосилна, судот одлучил да го пушти Циганот на слобода. Ова е време кога Црвенковски е премиер на РМ.Со помош на својот шеф Црвенковски, на Ацо Боцевски му се отвора пат надвор од државата. Иако осуден, Циганот си заминува од Македонија, и од тогаш никој наводно не го видел ниту слушнал за него....
..има уште многу примери...
Ќе ти кажам само ова, бидејќи не сакам да бидам протолкувана дека одредена партија ја бранам...Најобјективно изнесувам свои лични ставови...На ова балканско тло отсекогаш имало криминал од секаков вид, меѓуетнички тензии, напната атмосфера итн...Ама само една мала и проста компарација да направи човек ќе дојде до заклучок дека од ова што се нуди на македонскава политичка сцена СДСМ е најдемократска партија од своето основање па до сега...Наведи ми еден пример од некој што бил член на СДСМ па заминал од партијата или говорел јавно лошо за врвот на партијата, а после тоа бил како куче апсен и крвнички тепан по полициски станици и осудуван...Кој не ја поддржува нивната идеологија и начин на работа едноставно може да си замине од таму и никому ништо после тоа...Погледни го изразот на лицето на Зоран Заев и неговата насмевка кога влегуваше во Шител и многу работи ќе ти се разјаснат...На интервјуто цела фамилија му ја понижуваа, го вреѓаа, му монтираа лажни вибер разговори, го исмејуваа, за на крај уште рака да му подаде на кучето латас...
А, meanwhile, овие од другава страна 80-годишен дедо го утепаа пред селска продавница, бидејќи го бранел СЈО...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Имаше пред некој ден еден бабата си ја утепа, ама дека Катица Јанева не беше спомната, нигде ги нема по социјалниве мрежи да ги муабетат, уште помалку овде на форум. Али затоа ете, се прошушкало дека убиениот ја подржувал Катица Јанева и СЈО, и се распламтеа сегде "неутралниве" и "неопределениве" како народот е угнетуван од ВМРО, и како убиецот е партиски полтрон. Ќути што не исфилуваа дека е нарачано убиство.
Мислев дека „Школата за млади лидери“ на Ѓорѓе Иванов е најголемиот апсурд во државава, ама потоа видов ЛГТБ вмровец :D
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.454
Поени од реакции
22.375

Искрено да не пукниш ме изнасмеја. И ти неутрална како Емка. Се си мислам Емка во средно ја викаја објективната.
За вториот болд само ке те прашам дали си сериозна. При здрав ум и разум го напиша ова ? Прашувам чисто онака да не си го губам времето со деца пошто да си повозрасна ке знаеше дека напиша кардинална глупост.[DOUBLEPOST=1456175246][/DOUBLEPOST]

Следна вест најверојатно ке биди за некоја сообраќајка каде едниот учесник во сообраќајот не му дал првенство на поминување оти знаел дека овај другиот ја симпартизира Катица. Ако бидеме и малце инвентивни после би следувала ударна вест како некој маж ја изневерувал жената и не и давал развод за инает само затоа што оваа отворено му рекла дека е за СДСМ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Сега секоја тема која има најмала шанса да биде исполитизирана ќе биде популарна. Во такви времиња живееме. :)
Тоа ми е сосема јасно. Само не знам дали периодот на детоксифицирање ќе го преживееме без трајни последици. Ако злата крв не се пушти веднаш откако бар политички ќе се оконча лудилово, тешко.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.030
Поени од реакции
16.117
Ќе ти кажам само ова, бидејќи не сакам да бидам протолкувана дека одредена партија ја бранам...Најобјективно изнесувам свои лични ставови...На ова балканско тло отсекогаш имало криминал од секаков вид, меѓуетнички тензии, напната атмосфера итн...Ама само една мала и проста компарација да направи човек ќе дојде до заклучок дека од ова што се нуди на македонскава политичка сцена СДСМ е најдемократска партија од своето основање па до сега...Наведи ми еден пример од некој што бил член на СДСМ па заминал од партијата или говорел јавно лошо за врвот на партијата, а после тоа бил како куче апсен и крвнички тепан по полициски станици и осудуван...Кој не ја поддржува нивната идеологија и начин на работа едноставно може да си замине од таму и никому ништо после тоа...Погледни го изразот на лицето на Зоран Заев и неговата насмевка кога влегуваше во Шител и многу работи ќе ти се разјаснат...На интервјуто цела фамилија му ја понижуваа, го вреѓаа, му монтираа лажни вибер разговори, го исмејуваа, за на крај уште рака да му подаде на кучето латас...
А, meanwhile, овие од другава страна 80-годишен дедо го утепаа пред селска продавница, бидејќи го бранел СЈО...
ама треба да се дополни... брат љубе беше осуден прво за раштански лозја...недоразбирањата со неговата партија станаа кога тој се прогласи за председателски кандидат и се фати во орото се велија во бескрупулозно блатење.. а реално, брат љубе и му е место во затвор, се забошоти случајот раштански лозја, а башка имаше мал милион други работи, гаѓање на стрелиште, ликвидацијата во Козле, а да не кажувам дека за времето на Туџман продавал оружје на учките а изигруваше патриот ..
. а еве ти пример како сега сдсм фрлат дрва и камења на стевче, а прижелкуваат и затвор за бучко иако е тој политички неактивен... ај да не шириме оф топик, прво СЈО не е партија и политика, а 80годишниот селанец не беше политички активиста, башка што мотивот за натепување е којзнае што, соседска нетрпеливост... ЕДНО е МОТИВ, друго е формален ПОВОД... освен тоа кога имаме алкохол или дрога не мора да има и МОТИВ за убиство, претепаа до смрт млад човек во Охрид неодамна, мотив не се најде...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Искрено да не пукниш ме изнасмеја. И ти неутрална како Емка. Се си мислам Емка во средно ја викаја објективната.
За вториот болд само ке те прашам дали си сериозна. При здрав ум и разум го напиша ова ? Прашувам чисто онака да не си го губам времето со деца пошто да си повозрасна ке знаеше дека напиша кардинална глупост.
Да те удостојам со одговор иако не заслужуваш...
- Да...Доволно сум возрасна да зборам исклучиво со аргументи...И стојам зад секој мој пишан збор овде, од прв до последен...
Друго некое небулозно прашање имаш...?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.986
Поени од реакции
12.547
Искрено да не пукниш ме изнасмеја. И ти неутрална како Емка. Се си мислам Емка во средно ја викаја објективната.
За вториот болд само ке те прашам дали си сериозна. При здрав ум и разум го напиша ова ? Прашувам чисто онака да не си го губам времето со деца пошто да си повозрасна ке знаеше дека напиша кардинална глупост.[DOUBLEPOST=1456175246][/DOUBLEPOST]
Следна вест најверојатно ке биди за некоја сообраќајка каде едниот учесник во сообраќајот не му дал првенство на поминување оти знаел дека овај другиот ја симпартизира Катица. Ако бидеме и малце инвентивни после би следувала ударна вест како некој маж ја изневерувал жената и не и давал развод за инает само затоа што оваа отворено му рекла дека е за СДСМ.
Владе кој ми те малтретираше бе пиле во средно....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.454
Поени од реакции
22.375
Да те удостојам со одговор иако не заслужуваш...
- Да...Доволно сум возрасна да зборам исклучиво со аргументи...И стојам зад секој мој пишан збор овде, од прв до последен...
Друго некое небулозно прашање имаш...?
Остај аман немој , ке отепаш некој со тие аргументите.[DOUBLEPOST=1456179499][/DOUBLEPOST]
Владе кој ми те малтретираше бе пиле во средно....
Ехеее јака финта. Не памтам оддамна беше. А тебе ? Сигурно се сеќаваш исто како лани да било?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Најобјективно изнесувам свои лични ставови...Ама само една мала и проста компарација да направи човек ќе дојде до заклучок дека од ова што се нуди на македонскава политичка сцена СДСМ е најдемократска партија од своето основање па до сега...
Затоа ли не сака да излезе на избори и демократски да остави народот да гласа за или против нив? Затоа ли сака закон за медиуми каде тие ќе одлучуваат што треба да се објави, што не, како да се објави нешто, како да не се објави, кој да објавува, кој не, која телевизија да постои, која не? Затоа што се демократски настроени правеа фрки во собрание и парламент? Затоа што се демократски настроени викнаа странски амбасадори да диктираат и формираат локална политика како на времето што и направија на Грција? Да не правам реферат - за тебе ова личи на демократија, или може го пиеш истиот koolaid што го пијат лево-ориентираниве сопартијци на СДС?

Наведи ми еден пример од некој што бил член на СДСМ па заминал од партијата или говорел јавно лошо за врвот на партијата, а после тоа бил како куче апсен и крвнички тепан по полициски станици и осудуван...Кој не ја поддржува нивната идеологија и начин на работа едноставно може да си замине од таму и никому ништо после тоа...
Реформно-ориентираната млада членарина на СДС се појави на ТВ со горе-доле фина програма, која после беше казнета со притисоци, тепање, и уќуткување. И веќе ги нема во етер. Барем јас ги немам видено. Ги нема ни како посебна политичка гарнитура, одвоена и оградена од агендата и ставовите на СДС. Што се' се има случено - не знам, ама дека имаат јадено ќотек, знам црно-на-бело. А партија која така добро млати свои членови, можам да замислам што ќе биде за членови од други партии, доколку дојдат на власт.

И ден денес Стефче Јакимовски го демнат и го напаѓаат исто така. Откако се отцепи од тој тумор таму. Као бонус пример.

Погледни го изразот на лицето на Зоран Заев и неговата насмевка кога влегуваше во Шител и многу работи ќе ти се разјаснат...На интервјуто цела фамилија му ја понижуваа, го вреѓаа, му монтираа лажни вибер разговори, го исмејуваа, за на крај уште рака да му подаде на кучето латас...
А, meanwhile, овие од другава страна 80-годишен дедо го утепаа пред селска продавница, бидејќи го бранел СЈО...
Не дека Латас не е куче, и беден изговор за човек, ама не гледам како испадна полош од Заев на "интервјуто". Изгледа само една страна од екранот перцепирате. Ај Латас лае ко куче, што е со интервјуто на Шеќеринска? Гледам тоа не го спомна. И таму водителката да не беше крива? Ве читам, и како да живеете во некоја паралелна реалност, или имате некој филтер, па одререни работи ги перцепирате, а другиве исто ко да не се случиле. Ви се чудам.

Tebe kako homoseksualec ne ti odgovara povekje ideologijata na sdsm? xD just sayin..ili mozda let 3 uspea da te preobrati u straight. :ROFLMAO: congrats let3, upornosta se isplati :D[DOUBLEPOST=1456181822][/DOUBLEPOST]Im kiddin xD bez razlika straight ili homo nz koj so zdrav razum bi mozel da bide za denesnava vlast. :cautious:
Мислев дека „Школата за млади лидери“ на Ѓорѓе Иванов е најголемиот апсурд во државава, ама потоа видов ЛГТБ вмровец :D
Чудно, кога СДС не ја стави државава во криза, и кога критиките ми се однесуваа кон власта (немам бришено или модифицирано мислења, форумов е жив сведок колку имам јадено гомна за власта и ВМРО општо), тогаш бев Соросоид/Комуњар/Сатанист итн. Сега кога критиката е на другата страна префрлена, таа која во моментов не е поголемо зло, него абсолутно, сега сум партиски полтрон на Власта. Секоја ви чест на логичката дедукција. Али таква која селективно црпи факти.

За мене поголем абсурд е било која особа што се смета себе си како дел од ЛГБТИ палетата, да ги подржува СДС и нејзините сателити, затоа што некогаш и негде, порано, спомнале дека ги подржувале ЛГБТ правата, и дека ќе ги воведат законски чим дојдат на власт. Затоа што јас сум повеќе од хомосексуалец, тоа не е алфа и омега од моето постоење, а се чини кај другиве дека Е. Затоа и трчаат таму кај сите што ќе им дадат некое какво и да е ветување од таков калибар (кое ќе биде исполнето - никад). Власта колку и да ја критикувам за политиката, барем е транспарентна по тоа прашање, не би глуми дволичност како другиве (кои ако навистина им беше дојдено го геј права, имаа 25 години до сега да создадат ефективна кампања 'за', и постепена аклиматизација, и повеќе од цела деценија власт во нивни раце да го решат тоа прашање, само таа деценија не им беа битни ЛГБТ луѓето. Им станаа као битни откако друга политичка партија застана на власт. Од СДС и НГОвци не добив ништо како хомосексуалец, исто онолку колку што сум добил и од Власта. На тоа поле се еднакви со својот придонес. Само едните се отворени дека не им е во интерес да ја застапуваат мојата популација, била таа одредено гласачко тело или не, а другава ми прави лице.

Да, не живеам онака како што би сакал од аспект на хомосексуалец, ама и начинот на кој сега живеам не е лош, земено се в предвид, а и каде се наоѓам. Плус, како што реков, тоа што сум хомосексуалец не ми е одлучувачки фактор или филтер кон која политичка партија ќе бидам наклонет. Што дека некоја партија ќе ми вети подобар живот со воведување на геј права, кога го сече стеблото на автономија кое е градено векови наназад со сила, пот и крв? И што ја дестабилизира државата во временска рамка кога најмалку треба да биде дестабилизирана? Да се жали на непостоечка криза и истата да ја создаде со помош на странски фактори? Да го помножисо нула гласачкото тело и без избори да дојде на власт по секоја цена, и да игра туѓо веќе исковано сценарио? Пред да сум хомосексуалец, сум Македонец. Колку и да сум лут на државата за многу работи, или на народот, кога вакво сценарио се случува, нормално дека ќе бидам на страната која одржува некоја рамнотежа и странски фактори ги држи на страна и нивното влијание да е во минимала. За разлика од другиве, кои сакаат власт, а не знаат како да водат држава, па агендата ја преџвакуваат од тоа што истите странски фактори ќе им сервираат. Не сакам грчко сценарио за државава. Не сакам косовско. Не сакам северно корејско. Еден амалгам од сите овие три сценарија ни следува ако циркузов се остави да тече колку е можно подолго.

И да не живеев овде, и да го живеев целосно остварен животот како хомосексуалец во друга држава, пак ќе бев против СДС. Од некадарна опозиција станаа продајгаз, анти-македонски, квази-политички хулигани. Наместо да се реформираат и да се понудат како политички конкуренти. Изгледа ова е полесно.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Пред година дена некој да ми речеше дека ЛГБТ лице ќе поддржува ставови на десницата, ќе го направев луд. Овој бомбашов самоубиец за година дена успеа да го направи тоа што ВМРО цела деценија систематски пробуваше. Се што е нормално и лево ориентирано во државава, почнувајќи од Црвенковски завршувајќи со најобичен симпатизер, да го избрка од СДСМ.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
vmro e apla protiv lgbt i toa preku "nezavisnite" mediumi go servira kako pogresno a mediumite igraat golema uloga u gradenjeto na svesta kaj lugjeto taka sto ti i pomatamu kje bides diskriminiran a neli ti se boris za lgbt prava.. kontradiktorno e xD
ДПМНЕ е апла против ЛГБТ ама јавно , во Собрание , во куртонски телевизии , разни емисии од типот на Свињенко и Јади гомна , но цела партија е исполнета со геј кои глумат хетеро , семејни вредности и конзервативни ставови и религиозни патем .[DOUBLEPOST=1456183157][/DOUBLEPOST]
Пред година дена некој да ми речеше дека ЛГБТ лице ќе поддржува ставови на десницата, ќе го направев луд.
Да , за чудење е аутиран геј да поддржува десна опција , знаевме дека десницата е полна со прикриени геј кои глумат хетеро , но ваков случај немало.
И јас сум изненаден како тебе .
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Реков да одговорам на километарскиот пост полн со небулози , ама си реков не вреди , прееееемногу глупости .
И препорача самоубиство? :D

Ц ц ц, чекај Лет 3 нека види кој сади идеи за самоубиства кај хомосексуалците. Да не се шета со статистиките наоколу за џабе :D.

vmro e apla protiv lgbt i toa preku "nezavisnite" mediumi go servira kako pogresno a mediumite igraat golema uloga u gradenjeto na svesta kaj lugjeto taka sto ti i pomatamu kje bides diskriminiran a neli ti se boris za lgbt prava.. kontradiktorno e xD
Јас не сум осетил дискриминација на своја кожа до сега. Не дека нема можеби случаи, сум слушал приказни, ама бидејќи немам како да ги потврдам или негирам истите, се водам според свое искуство. А зборам како човек кој не води двоен живот, него сум горе доле openly gay. Повеќе дискриминација ми доаѓа од страна на СДС ориентирани или невладини организации кога ќе споделам критика која не е врзана за власта :D, него ли обратно. А еве истата е и тука присутна - "како можеш да бидеш против СДС, мора да си скренат итн."

Јас не се борам за ЛГБТ права. Тоа што сум вокален за тоа овде на форум не значи дека сум активист. Активистите нека ја тераат таа политика. Јас гледам за себе. Зошто мојата таканаречена ЛГБТ "заедница" нема ништо направено за мене овие 25 години, а само го дебели џепот со пари, месец по месец, немам намера да ги подржувам во било каков облик.[DOUBLEPOST=1456183319][/DOUBLEPOST]
завршувајќи со најобичен симпатизер, да го избрка од СДСМ.
Ако ова и делум се однесуваше за мене, да те поправам - никогаш не сум бил симпатизер на СДС. Колку и да сум ја критикувал Владата во меѓувреме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom