Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
океј, значи Ројс и Михтаријан се просечни сезонава оти немаат ни 10. :)

Koј глуп аргумент. Ројс и Мики се централни, што не го кажа Обамејанг? Или не ти одговара...

Милер и Лева заедно имаат 39, па Баерн бега само 8 бода на Дортмунд.
 
Koј глуп аргумент. Ројс и Мики се централни, што не го кажа Обамејанг? Или не ти одговара...

Милер и Лева заедно имаат 39, па Баерн бега само 8 бода на Дортмунд.
Обамејанг и Левандовски се 20 класи појаки играчи од Калу и не е воопшто чудно што имаат толку постигнати голови.
 
Обамејанг и Левандовски се 20 класи појаки играчи од Калу и не е воопшто чудно што имаат толку постигнати голови.

И? И головите го потврдуваат тоа, а ти трескаш глупости како Калу праел лом низ Германија со 11 гола или 0.5 гола по коло. Нема потреба да се убацуваат поедини играчи во темава, почнаа да се редат Фукс и Хут, па не ви одговараше муабетот, се фати за факинг Калу.

И Варди играше во дно-дна клуб пред 4 сезони, па сега ви е најдобар стрелец во лига. Исто е. Дали ова значи дека он толку напреднал или дека лигата е падната??!?!?
 
Види, тука игра улога и ждрепка и среќа и уште многу други фактори. На пример Арсенал (освен лани со Монако) последните сезони редовно си испаѓаше од Баерн и Барса, сега пак Барселона им се падна. Сити исто, 2 пати по ред ако не се лажам ја доби Барса откако помина во 1/8 финале. Челзи последниве 3 сезони игра со ПСЖ во нок-аут фаза... Како што кажав, Барса, Баерн и Реал се моментално далеку пред било кои други екипи. По кадар, ПСЖ и Сити се веднаш зад нив, и Челзи се нема лоша екипа, само има лоша сезона (како Дортмунд лани)... Тотенхем, Манчестер и Ливерпул се на ниво на Леверкузен и Волфсбург, а епитети кои се користат за Јунајтед сe: очаен, мизерен, смешен....

Манчестер веќе повеќе време стагнира и никако да се врати кон старата слава. Манчестер беше едно време на ранг од Барса, Реал и Баерн, сега не е. Тој вакуум досега во ПЛ никој тим не можеше да го исполни. Ни Арсенал, ни Челзи ни Ливерпул и по се изгледа Сити под Пеп ќе го направи тоа. Жалосно ќе биде пластичен тим како Сити да биде лицето на ПЛ. Ако Манчестер не успее за кратко да се врати на врвот постепено ќе го изгуби рангот што го имаше. Не би бил прв клуб кој би паднал од врвот за подолг период.

Иначе пак ќе речам дека ПЛ има поред мене повеќе квалитет од Бундеслигата но не толку поќе колку што мислат многу. Исто така ПЛ има сериозни проблеми да ги реши, не за џабe во Европските купови не се поќе конкурентни Англиските тимови. Фудбалот е брза работа, промените идат многу брзо.
 
И? И головите го потврдуваат тоа, а ти трескаш глупости како Калу праел лом низ Германија со 11 гола или 0.5 гола по коло. Нема потреба да се убацуваат поедини играчи во темава, почнаа да се редат Фукс и Хут, па не ви одговараше муабетот, се фати за факинг Калу.
Хехе, и баба ми да ја прашаме знае дека штоперите играат на повисоко ниво многу повеќе од напаѓачите. Башка Хут цела кариера е во Премиер Лигата. Калу е 5ти или 6ти стрелец на Бундеслигата. Во купот на 4 меча има 3 гола. Вкупно на 24 меча - 14 гола, што е одличен скор.
 
Хехе, и баба ми да ја прашаме знае дека штоперите играат на повисоко ниво многу повеќе од напаѓачите. Башка Хут цела кариера е во Премиер Лигата. Калу е 5ти или 6ти стрелец на Бундеслигата. Во купот на 4 меча има 3 гола. Вкупно на 24 меча - 14 гола, што е одличен скор.

И што значи дека имал одличен скор оваа сезона? Дека лигата е нубска или дека он е у форма? Одговори ми за Варди пошто е исто.
 
Манчестер веќе повеќе време стагнира и никако да се врати кон старата слава. Манчестер беше едно време на ранг од Барса, Реал и Баерн, сега не е. Тој вакуум досега во ПЛ никој тим не можеше да го исполни. Ни Арсенал, ни Челзи ни Ливерпул и по се изгледа Сити под Пеп ќе го направи тоа. Жалосно ќе биде пластичен тим како Сити да биде лицето на ПЛ. Ако Манчестер не успее за кратко да се врати на врвот постепено ќе го изгуби рангот што го имаше. Не би бил прв клуб кој би паднал од врвот за подолг период.

Иначе пак ќе речам дека ПЛ има поред мене повеќе квалитет од Бундеслигата но не толку поќе колку што мислат многу. Исто така ПЛ има сериозни проблеми да ги реши, не за џабо во Европските купови не се поќе конкурентни Англиските тимови. Фудбалот е брза работа, промените идат многу брзо.
Најверојатно Мурињо презема од Јули, па за Јунајтед ќе биде "џа или бу". Сепак мислам дека ќе ја среди ситуацијата и ќе ги врати каде што беа пред 4-5 години. :)[DOUBLEPOST=1456053717][/DOUBLEPOST]
И што значи дека имал одличен скор оваа сезона? Дека лигата е нубска или дека он е у форма? Одговори ми за Варди пошто е исто.
Варди игра во еуфорија, прв пат во животот му се дешава ваква работа. Уште лани против Јунајтед го приметив дека е инат и дека игра фудал понесен од емоциите.
 
Да да, Варди е топ скорер оти игра во еуфорија, а Бундес е нубска лига пошто Калу праел ,,лом" со 11 гола за 22 кола (гледам си почнал и купот да го броиш како Бундес, смешки).
Јасно ми е што сакаш да ,,докажеш", продужи даље...
 
Seria A има поише гласови од Primera?
од Bundes?
:lolzz:

Било је некад то, ама денес не.
oстај тоа, него Премиер лигава што имаат повеќе гласови од сите лиги заедно?
 
За Шпанската сте у право, имаат 5-6 екипи што стварно се квалитетни во Европа.
2 квалитетни екипи има Шпанија. Реал и Барса (ај и Севиља да ја стајме тука). Валенсија, Атлетико, Виљареал се како дувне ветер.

Беше Бенитез у Валенсија газеше. Од кога си отиде титула немаат освоено. Во подобрите сезони у први 5 екипи ,у полошите 10-15 место.
Атлетико пред Симеоне не беше ни у први 6 екипи. Пред 2008 Атлетико беа просек.
Виљареал same shit од Пелегрини до лани нигде го немаше.
Сосиедад еднаш освоја пред многу години со Ковачевиќ, Нихат, Чаби Алонсо ,сега за опстанок се борат.
Билбао бар одржува традиција со Реал и Барса како единствена неиспадната екипа у втора лига.
Бетис еднаш влегоа ЛШ после тоа втора лига испаднаа.
Севиља е единствена што има континуитет од 10 години успех и секогаш у први 6 .[DOUBLEPOST=1456058149][/DOUBLEPOST]
Каква Премиер лига бе, 10 години орото им го водат шпанците Мата, Силва, Навас и мал милион други отпади од Примера, кога ќе одат таму ги гледаат како богови, најдобри играчи им стануваат. Еве последно примерот со Санчез, во Барселона не можеше да мрдне покрај бековите, а овде ги шие како сака, исто и Фабрегас во Челзи. Толку од најдобрата лига :icon_lol:
Кога имаш толку пофалби за Санчез и Фабре тогаш да ти кажам дека Силва, Мата и Навас не беа отпадоци зашто играа првотимци у Ла Лига и Сити и Челзи добри милиони платија за нив.
 
Последно уредено:
Не постои најдобра лига,многу фактори се во игра.Секоја лига си има свои предности и слабости и прашање на личен вкус е.
Рецимо, у свое време у детството се палевме на акциски филмови и секако си избиравме најлик во тие филмови.
Некој ги обожаваше боксерите(многу моќ без некоја целокупна техника,неизвеснот од почеток до крај,нокт даун во задна рунда,многу удари,многу фама и популизам....исто како Англиското),некој ги обожавање карате актерите(многу целокупна техника без некоја екстремна моќ,помалку публика повеќе филозофија,уметност....нешто како Шпанското),па некој ги обожавање старите учители и мајстори во тие филмови(она,пијаното старче со многу мудрост и знаење но без окомита моќ и техника,слабо запазени од публиката бидејќи секогаш се зад завесата а ја играат клучната улога во филмот) и секако тука се вестернизираните(Американските нинџи,кој ептем филмски форсираат али никогаш нема да бидат добри како на пример Азијците..едноставно ја немаат таа страст,традиција и хемија,не им е во генот.Ќе бидат мајстори ама онака,без некоја привлечна хемија внатре..тоа е Германското).

Недела,многу време за аналогии и паралели :)
 
Абе сте се фатиле за Фукс божем дошол од Алеманија Ахен па растура у Премиер лига.
Што праиме со Марио Гомез, у Бундес даваше по 30 гола у сезона дојде у Италија 3 гола не можеше да даде. Чичарито не можеше место да фати у Манчестер еве го гази у Баер, Коман не можеше место да фати у Јуве, не знаеше топка да подаде, у Баерн прва постава фати. Рафиња изиграва Лам таму, ебениот Рафиња у Џенова што ротираше со Џандоменико Место .

Ја не викам дека Калчото е кујзне колку јака лика т.е никој од форумов нема што ја величи Серија А колку што претерувате со Бундесот, рекреативна лига.
Не е монопол тоа Јуве што го праи во Италија каде има пуста сиромаштија за разлика од Бундесот каде скоро секоја екипа работи со плус и пак Баерн си игра монопол. Е тоа е монопол, Баерн што важеше за клуб кој од 11 првотимци имаше минимум 3ца деца од клубот сеа а пркне некој играч на конкурентот одма им го купува. Јувентус последен пат коа земал играч на конкурент беше Пирло пред 5 години без пари.
Баерн ќе гази у Италија, да, Јувентус да не нема да ги шљака тие босите екипи што губат од Партизан... дома.

За мене нема најдобра и најлоша лига, не можам да најдам некој репер да кажам е заради тоа тоа и тоа оваа лига е најдобра. Премиер ми е најинтересна за гледање, Калчо пратам зашто навивам за Италијанска екипа. Шпанско и Германско послабо, само Баерн, Реал, Барса и Атлетико чат пат.

Ако се преценува Англиската лига тогаш што да кажеме за Бундесот? Холандска лига за богаташи.[DOUBLEPOST=1456065631][/DOUBLEPOST]
Манчестер веќе повеќе време стагнира и никако да се врати кон старата слава. Манчестер беше едно време на ранг од Барса, Реал и Баерн, сега не е. .
Стелт, Манчестер никад не бил на рангот на Баерн пошто Манчестер кога беше у својот прајм односно пред 2010та година Баерн у никој случај не беше гигант каков што е денеска, од 2010 до сега.

Баерн почна да го достигнува тој статус каков што го има сега, топ 2 екипи моментално од моментот кога Робен пристигна од Реал, 2009та година.

Биди реален и признај кој и што беше Баерн пред 2009/2010 година.
 
Иако си грешка со цитирањето, еве јас ќе ти кажам - ГИГАНТ. Може не бил јак како сега, ама никогаш не бил слаб како сега Ливерпул, Ман. Јунајтед и остала багра од Премиер што се слаби сега. НИКОГАШ во модерното време. И европски и германски гигант.

Ти биди реален и кажи која екипа рекла пред 2009 - Не се плашиме од Баерн и најди на која екипа и било сеедно што ќе игра против Баерн во ЛШ/Куп УЕФА/Шо и да е..


Гигант со милион титули и 4 ЛШ. Ако тоа за тебе не е гигант - прати голф.
 
Иако си грешка со цитирањето, еве јас ќе ти кажам - ГИГАНТ. Може не бил јак како сега, ама никогаш не бил слаб како сега Ливерпул, Ман. Јунајтед и остала багра од Премиер. НИКОГАШ. И европски и германски гигант.

Гигант со милион титули и 5 ЛШ. Ако тоа за тебе не е гигант - прати голф.

fixed.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom