Еве ти кажи, кога ќе ги видиш двете страни, според тебе која е вистината? Не можеш да ја препознаеш лагата од вистината? Јас секогаш ги споредувам двете тоерии, два извора на слики. Значи ако долго време си гледал фотошоп, си гледал лага, кога прв пат ќе ја видиш вистината таа допира до тебе. Вистината има сила. Кого повторно ќе видиш фотошоп, тогаш го гледаш со други очи затоа што веќе си ја видел вистината и таа е посилна од лагата. Ако до вчера сликите од сателитите ги гледав со едни очи и не ја ни приметува лагата, сега ги гледам дека се цртани и не се вистински. Исто тоа се однесува и на планетите и на ѕвездите. Затоа вистинаат е еднаква на светлина, а лагата е еднаква на темнина. Лагата ти го поматува умот, додека вистината ти ги отвора очите, доживуваш просветлување. Не случајно во религијата имаме светители, светли, во образованието просветни работници. Тоа се тие кои треба да ти го разбистрат умот, да те просветлат. Затоа не случајно во светото писмо ѓаволот е опишан како татко на лагата, затоа што тој може толку добро да ти го помрачи умот да не ја видиш вистината, светлината. Затоа Христос е опишан како светлина, вистина. Ако во тебе има вистина, светлина, ти ќе ја препознаваш лагата. Затоа треба да го просветлиш твојот ум.