Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Вчера беше одбиен предлогот на Русија во советот на безбедноста во ООН, од страна на Франција, Америка и Британија а кој се однесуваше на заштита на суверинитетот на Сирија.
Вратите кон директна воена интервенција на Турција во Сирија се широко отоворени поради постапките на трите горно наведени земји.
Ова е прв пат членките на советот на безбедност директно, намерно и со цел го срушија целиот меѓународен правен систем и смисла на кој се базираше функционирањето на советот на безбедност и на ООН, а тоа е се одвратување на меѓународни конфликти и гарантирање на сувереноста на земјите во светот.

Така да сценарието за воена агресија од страна на Турција е многу веројатно.

Во историјата ќе остане запишано кој го започна и кој го прекрши принципот на суверинитет и безбедност на државите.
Не ме зезај, дали мислиш дека овој принцип некад се применувал, вон присуство на сила?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088

А во меѓувреме Турција денес изврши големи воздушни напади во Северен Ирак. Иначе и Ирак е суверена земја, но турците постојано ги бомбардираат. Очигледно е дека меѓународното право само на хартија стои. А не и во практика. За САД, Франција, Израел, Велика Британија и Турција меѓународното право не важи.
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Така да сценарието за воена агресија од страна на Турција е многу веројатно.

Во историјата ќе остане запишано кој го започна и кој го прекрши принципот на суверинитет и безбедност на државите.

Секоја воена-интервенција која следи без согласност на Советот за безбедност е нелегална и против конвенциите на ОН. А Русија и Кина се постојани членки на Советот за безбедност и Турција сигурно дека ако влезе со војска во Сирија ќе го направи тоа без било какво одобрение. А и неодамна САД и ред други земји кои припаѓаат на НАТО ја предупредија Турција дека „поддршката нема да биде безусловна“ во случај на воен конфликт со Русија. А во моментов Турција ги гранатира Курдите, нешто што не им се допаѓа на САД. Така да, не ужива Ердоган во моментов целосна поддршка од САД. Му поставија услов.
 
Вашингтон и Анкара ќе ја зајакнат соработката во борбат против ПКК
Обама подвлече на значењето за што поскоро окончување на пречките кои ја забавуваат борбата против терористичката организација ДЕАШ

Вашингтон и Анкара донесоа одлука за зајакнување на соработката во борбат против сите терористички организации вклучувајќи ја и ПКК.

Американскиот претседател Барак Обама по телефон го побара претседателот Реџеп Тајип Ердоган и му изрази сочувство за 28 загинати во терористичкиот напад.

На телефонскиот разговор кој траеше еден и пол час, американскиот лидер рече дека САД е решителна во поддршката на безбедноста на Турција.

Според извори од кабинетот на претседателот, Обама на разговорот го информираше Ердоган за загриженоста по повод напредувањето на силите на ЈПГ и режимот во Сирија, како и потребата за окончување на провокативните акции на Русија и Асад.

Барак Обама подвлече на значењето за што поскоро окончување на пречките кои ја забавуваат борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Двајцата лидери донесоа одлука за зајакнување на соработката во борбата против сите терористички организации вклучувајќи ја и ПКК
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Вашингтон и Анкара ќе ја зајакнат соработката во борбат против ПКК
Ако САД застане на страната на Турција во курдско - турскиот конфликт тогаш на ПКК и ЈПГ нема да им остане ништо друго освен да се обратат кон Русија. Турците веќе не можат да излезат од ситуацијата која самите ја создадоа. Ако Русите отворено застанат на страната на Курдите тоа ќе биде уште еден пораз за Ердоган и апсурдните му амбиции за нова Отоманска империја.

http://www.spiegel.de/politik/ausland/syrien-warnung-aus-der-nato-an-die-tuerkei-a-1078275.html

Турција се докажа како агресивна држава која изјавува империални амбиции не поради својата сила туку поради сојузот со САД и учеството си во NATO. Овие сојузи Турците ги експлоатираат само за сопствена корист. Никој во НАТО нема да војува за интересите на Турција уште помалку пак со Русија

Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Според извори од кабинетот на претседателот, Обама на разговорот го информираше Ердоган за загриженоста по повод напредувањето на силите на ЈПГ и режимот во Сирија, како и потребата за окончување на провокативните акции на Русија и Асад.
Веста потекнува од турски медиум:
http://www.trt.net.tr/makedonski/turtsija/2016/02/20/vashinghton-i-ankara-kjie-ja-zajaknat-sorabotkata-vo-borbat-protiv-pkk-436043

Во западните медиуми а и во руските медиуми ништо нема од ова. Во другите медиуми станува збор за тоа дека САД бараат да се прекине оганот врз Курдите во Сирија и дека поддршката нема да биде безусловна. Новина е сега само дека Саудиска Арабија сакаат да им достават на бунтовниците земја-воздух ракети.

А вчера беше објавено од страна на луксембуршкиот министер за надворешни работи дека нема да има безусловна поддршка од НАТО за Турција во случај на конфликт:

http://www.spiegel.de/politik/ausland/syrien-warnung-aus-der-nato-an-die-tuerkei-a-1078275.html#utm_source=politik#utm_medium=medium#utm_campaign=plista&ref=plista
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021

Би знаел некој да каже за какво оружје се работи, т.е. дали е можно да се работи за Shtora системот со кој се опремени руските Т-80-ки и Т-90-ки ?

Наводно, системов се докажал како доста практичен и ефикасен против проектилот TOW-2 (американско производство и прилично напредно и ефикасно антитенковско оружје ). Наводно, системот е опремен со моќни оптички уреди, кои со помош на инфрацрвени зраци го оневозможуваат Xenon трагачот на TOW-2 проектилот и ја менуваат неговата траекторија.

Ако е точно ова би можело многу да значи на терен, пред се за САА во склоп на герилското војување, зашто исламистите имаат TOW-2 ракети во изобилие.
Бунтовниците се преплавени со наведувани проектили (TOW), ги имаат толку многу што почнаа да ги користат против групи луѓе, обични возила и сл. Ако им имаат пуштено Русите ваков систем со активна заштита на тенковите на Сиријците, тогаш TOW стануваат комплетно неупотребливи, што ќе има големо влијание на фронтот имајќи предвид дека токму овие TOW наведувани проектили беа главната пречка за брз напредок на Асад на фронтот.
Покрај тоа, Сириската армија почна да ја употребува тактиката на бунтовниците за елиминирање на жива сила со користење на истите наведувани проектили (Сиријците го користат Рускиот Корнет).
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
Не ме зезај, дали мислиш дека овој принцип некад се применувал, вон присуство на сила?
Не па очигледно за независните земји единствена солуција е поседување на нуклеарно оружје како гаранција за својот суверинитет.

Секоја воена-интервенција која следи без согласност на Советот за безбедност е нелегална и против конвенциите на ОН. А Русија и Кина се постојани членки на Советот за безбедност и Турција сигурно дека ако влезе со војска во Сирија ќе го направи тоа без било какво одобрение. А и неодамна САД и ред други земји кои припаѓаат на НАТО ја предупредија Турција дека „поддршката нема да биде безусловна“ во случај на воен конфликт со Русија. А во моментов Турција ги гранатира Курдите, нешто што не им се допаѓа на САД. Така да, не ужива Ердоган во моментов целосна поддршка од САД. Му поставија услов.
Познато ни е на сите како функционира меѓународното право барем кога станува збор за воена агресија од друга земја.

За болдов, мислам нема потреба да наседнуваме на лицемерието на англосаксонците. Доколку се водеа они од романтичарски побуди, Курдисан уште од поодамна ќе беше независен, во моментов Курдите се еден обичен пиун на Америка.
Без разлика на Курдите и на изјавите пласирани во медиумите, Американските служби работата заедно на терен со силите на С.Арабија и ги спремаат за инвазија во Сирија.
Иако постојат структури на кои им смета Едоган и негоавата политика исламска, сепак нема да ги пуштат низ вода. Во геополитика не фукционираат тие правила доколку сојузникот ти е виновен ти го напушташ, барем од ww2 најлесно може да се земе пример.

Колку е длабок раздорот меѓу Западот и Русија може да се заклучи од ова.
The ‪#‎UK‬'s 'special status' compromise comes with one important condition: No reconciliation with ‪#‎Russia‬

Многу работи се сменија после падот на СССР, но непријателството остана исто.
Русија може од корен да се измени, да се смени цела владеачка и да стане најдемократско општество во светот, се додека има независна политика и си ги брани интересите ќе биде демонизирана земја за западните центри на моќ.

Откако постои ООН и советот на безбедност, се случија 65 воени конфликти.
Се додека не почне да играат нукеларки мислам дека нема западот да ја напушти својата хегомонска,агресивна и себична политика.
Историјата учи дека секоја империја имала свој крах, но ако сме евоулирале во интелектот тогаш тој крах мора да се потрудиме да не биде брутален и крвав за целиот човечки род. Сигурен сум дека секогаш постои можност за соработка, но сеуште тоа не е возможно односно човекот не е сеуште евоулиран до тој стадиум и претпоставувам треба да се случат катастрофални настани за да сфатиме дека не води кон ништо позитивно конфронтацијата.[DOUBLEPOST=1455996899][/DOUBLEPOST]Да се надополнам. Руското МОД ја засилува својата база во Арменија константно веќе месец дена.

Four fourth-generation Mikoyan MiG-29 aircraft and a number of modernized MiG-29S bombers and a Mil Mi-8MT helicopter have been sent to the base.

И ова.

The Saudi foreign minister says he supports the idea of equipping foreign-backed militants in Syria with surface-to-air missiles as Turkey continues to shell northern Syria.
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Не па очигледно за независните земји единствена солуција е поседување на нуклеарно оружје како гаранција за својот суверинитет.

Познато ни е на сите како функционира меѓународното право барем кога станува збор за воена агресија од друга земја.

За болдов, мислам нема потреба да наседнуваме на лицемерието на англосаксонците. Доколку се водеа они од романтичарски побуди, Курдисан уште од поодамна ќе беше независен, во моментов Курдите се еден обичен пиун на Америка.
Без разлика на Курдите и на изјавите пласирани во медиумите, Американските служби работата заедно на терен со силите на С.Арабија и ги спремаат за инвазија во Сирија.
Иако постојат структури на кои им смета Едоган и негоавата политика исламска, сепак нема да ги пуштат низ вода. Во геополитика не фукционираат тие правила доколку сојузникот ти е виновен ти го напушташ, барем од ww2 најлесно може да се земе пример.

Колку е длабок раздорот меѓу Западот и Русија може да се заклучи од ова.
The ‪#‎UK‬'s 'special status' compromise comes with one important condition: No reconciliation with ‪#‎Russia‬

Многу работи се сменија после падот на СССР, но непријателството остана исто.
Русија може од корен да се измени, да се смени цела владеачка и да стане најдемократско општество во светот, се додека има независна политика и си ги брани интересите ќе биде демонизирана земја за западните центри на моќ.

Откако постои ООН и советот на безбедност, се случија 65 воени конфликти.
Се додека не почне да играат нукеларки мислам дека нема западот да ја напушти својата хегомонска,агресивна и себична политика.
Историјата учи дека секоја империја имала свој крах, но ако сме евоулирале во интелектот тогаш тој крах мора да се потрудиме да не биде брутален и крвав за целиот човечки род. Сигурен сум дека секогаш постои можност за соработка, но сеуште тоа не е возможно односно човекот не е сеуште евоулиран до тој стадиум и претпоставувам треба да се случат катастрофални настани за да сфатиме дека не води кон ништо позитивно конфронтацијата.[DOUBLEPOST=1455996899][/DOUBLEPOST]Да се надополнам. Руското МОД ја засилува својата база во Арменија константно веќе месец дена.

И ова.
Ако Саудијците им достават земја воздух проектили на нивните прокси вехабии во Сирија и овие почнат да рушат Руски авиони тогаш конфликтот ке ескалира во отворен судир. Путин нема да се повлече, па дури може да интервенира со копнени сили заедно со Иран, и тогаш ке видиме слични масакри на џихадистите слични на оние во Дебалцево и Иловајск во Донбасс. А ако контра мерка на тоа биде Саудиско Турска инвазија тогаш Саудијците ке треба да спремат доста пластични вреки за мртвие војници што ке ги имаат. Пола година удираат врз Јемен со сета најмодерна воена техника од западот и пак неможат да ја добијат војната, единствено што успеаа е да убиваат цивили. Додека турција имаат јака армија, но нивната сила е базирана на силната артилерија, тенковските и оклопните дивизии и америчката авијација која ја поседуваат. Но како што видовме, Сириската Армија пред војната беше една од најсилните армии во светот па и се случи крах. Воедно и влијанието на тенковите во овој конфликт е значително намалено со доставата на TOW системот и рускиот АТМ. Герилската тактика на Курдите ке биде голем проблем за Турците. Тие веке 30 години се борат со ПКК на своја територија и неможат да ја уништат.
Веке конфликтот доживува процес пред кулминација , се отворија картите па да видиме каков ке биде расплетот.[DOUBLEPOST=1456000157][/DOUBLEPOST]German diplomat: "We are not going to pay the price for a war started by the Turks"
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не па очигледно за независните земји единствена солуција е поседување на нуклеарно оружје како гаранција за својот суверинитет.
Вистина е дека сега за сега нуклеарното оружје дава каква таква гаранција, но мислам дека во блиска иднина со развој на антиракетните системи, и поседување на нуклеарно оружје нема да биде гарант за безбедност на една држава.

Познато ни е на сите како функционира меѓународното право барем кога станува збор за воена агресија од друга земја.

За болдов, мислам нема потреба да наседнуваме на лицемерието на англосаксонците. Доколку се водеа они од романтичарски побуди, Курдисан уште од поодамна ќе беше независен, во моментов Курдите се еден обичен пиун на Америка.
Без разлика на Курдите и на изјавите пласирани во медиумите, Американските служби работата заедно на терен со силите на С.Арабија и ги спремаат за инвазија во Сирија.
Иако постојат структури на кои им смета Едоган и негоавата политика исламска, сепак нема да ги пуштат низ вода. Во геополитика не фукционираат тие правила доколку сојузникот ти е виновен ти го напушташ, барем од ww2 најлесно може да се земе пример.
Јас не дека не би се сложил со оваа констатација, меѓутоа оставам и друга можност. На пример, магнатите на воена технологија на САД да идат на студена војна по секоја цена. Па така пораз на Турција подржана од западот од страна на Русија би бил сериозно раздрмување на регионот и во секој случај целосно враќање на Русија како противтежа на САД. Така да, Турција на едната страна на кантарот и мултиплициран воен буџет на другата страна од кантарот...што викаш?

Откако постои ООН и советот на безбедност, се случија 65 воени конфликти.
Се додека не почне да играат нукеларки мислам дека нема западот да ја напушти својата хегомонска,агресивна и себична политика.
Историјата учи дека секоја империја имала свој крах, но ако сме евоулирале во интелектот тогаш тој крах мора да се потрудиме да не биде брутален и крвав за целиот човечки род. Сигурен сум дека секогаш постои можност за соработка, но сеуште тоа не е возможно односно човекот не е сеуште евоулиран до тој стадиум и претпоставувам треба да се случат катастрофални настани за да сфатиме дека не води кон ништо позитивно конфронтацијата.
Историјата неизбежно се повторува. А како технологијата е на повисоко ниво при што секој еден човек може да ги свати последиците од тоа, сепак не значи дека нема да се повтори. Баш напротив во 20 век светот бил сведок на војни со жртви колку што немало во целата човекова историја. Така да и да се случи нуклеарна војна, таа нема да го сопре следниот бран на меѓусебно уништување, туку само ќе го оддложи.

Еве да сме и ние(Македонците) хегемони со моќ да употребиме сила да управуваме со далечни држави, ние тоа ќе го правиме и ич око нема да ни трепне. Светот одсекогаш претставувал брутална сцена на меѓусебно уништување. Очигледно тоа е во човековата природа. Доколку некоја цивилизација достигне повисоко ниво на свест, одма има друга која ќе ја повлече назад. Немој да се зачудиш на пример, дека против борците на ИД, не се применуваат слични методи на мачење и егзекуции.

Збориш за еволуција на интелектот, ама немој да заборавиш дека за еволуцијата 10.000 години колку што постои човековата цивилизација, се колку една секунда човеков живот. Писмото ни ја зголемува почетната база на знаења кои ги имаме од науката, а не ни помага да еволуираме. Баш напротив Цивилизацијата еволуира, а човекот не само што не еволуира, туку и е во регрес. Замисли да пуштиш некој човек од град со сите технолошки придобивки да се снаоѓа во дивина.... Тој нема да преживее долго....

Све на све, не би играл на картата на човековиот интелект.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Едно време беше актуелно наши граѓани да идат на гурбет во Сирија. Ќе повежбаат сечење глави, ќе викнат два три пати Алах е голем, ќе стаат некоја иљадарка во џеб и ни лук јале ни лук мирисале.
Арно ама нешто им опадна интересот. Да не игра случајно мечка во Сирија?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Едно време беше актуелно наши граѓани да идат на гурбет во Сирија. Ќе повежбаат сечење глави, ќе викнат два три пати Алах е голем, ќе стаат некоја иљадарка во џеб и ни лук јале ни лук мирисале.
Арно ама нешто им опадна интересот. Да не игра случајно мечка во Сирија?
Немој да се радуваш прерано, сеуште стои опцијата Балкан како резервно подрачје на калифатот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
За болдов, мислам нема потреба да наседнуваме на лицемерието на англосаксонците. Доколку се водеа они од романтичарски побуди, Курдисан уште од поодамна ќе беше независен, во моментов Курдите се еден обичен пиун на Америка.
Без разлика на Курдите и на изјавите пласирани во медиумите, Американските служби работата заедно на терен со силите на С.Арабија и ги спремаат за инвазија во Сирија.
Иако постојат структури на кои им смета Едоган и негоавата политика исламска, сепак нема да ги пуштат низ вода. Во геополитика не фукционираат тие правила доколку сојузникот ти е виновен ти го напушташ, барем од ww2 најлесно може да се земе пример
.
Хм.. Не само Курдите, туку и Турците се пиони во рацете на САД. Проблемот настанува кога пионот станува моќен.
Да, Турција е клучна стратешка точка (и воопшто, Турција можеби ја има најбитната стратешка позиција во светот) за САД на Блискиот исток, но ниту САД, ниту ЕУ, ниту Русија не смеат да си дозволат така влијателен играч на така битна позиција.

Очигледно е дека ставовите на САД и Турција последно време не само што не се поклопуваат, туку се и доста спротивни во врска со некои прашања. Имајќи ја предвид стратегијата на САД на константно слабеење на се што е и може да е противник, ништо чудно да го турнат "сојузникот" во војна. Впрочем САД веќе ја ослабуваат Турција силно поддржувајќи ги Курдите.

Доколку Турција влезеше во Сирија и Ирак против Курдите пред 4-5 години, тоа немаше да биде така тешка задача, но сега каде секоја страна во Сирија е одлично вооружена, победата за Турците ќе биде многу скапа. Од нив зависи колку се спремни да жртвуваат за да избегаат од статусот пион на големите.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Доколку Турција влезеше во Сирија и Ирак против Курдите пред 4-5 години, тоа немаше да биде така тешка задача, но сега каде секоја страна во Сирија е одлично вооружена, победата за Турците ќе биде многу скапа. Од нив зависи колку се спремни да жртвуваат за да избегаат од статусот пион на големите.
Прашање е дали би имале капацитет воопшто да победат во една агресија на Сирија.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Прашање е дали би имале капацитет воопшто да победат во една агресија на Сирија.
Тие имаат капацитет цел Блиски Исток да го земат. Доколку не се мешат САД или Русија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom