Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Добро де и во Париз се случија терористички напади 2 години по ред. И што бидна ? Еве ја Франција. А иначе тероризмот е општа закана за секоја земја во светот. Не е лесна работа борба против тероризмот. Утре недај Боже може да се случат терористички напади и во Москва, Вашингтон, Лондон, Брисел,Мадрид итн..
Далеку се од секојдневие во Европа. Во Турска станаа секојдневие, тоа е поентата.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Далеку се од секојдневие во Европа. Во Турска станаа секојдневие, тоа е поентата.
Ама не е проблемот од вчера со курдите. Овдека се дава една слика ко сега да започнале нападите во Турција. За 35 години еден куп жртви имаат дадено турците.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ама не е проблемот од вчера со курдите. Овдека се дава една слика ко сега да започнале нападите во Турција. За 35 години еден куп жртви имаат дадено турците.
Ај еве пошто или си наивен или се праиш Енглез, прогуглај и најди хронологија колку напади терористички имало од 2000 до 2014, а колку имало 2015 до 2016.
 
K

kaiser soze

Гостин
Ама не е проблемот од вчера со курдите. Овдека се дава една слика ко сега да започнале нападите во Турција. За 35 години еден куп жртви имаат дадено турците.
Тоа што се случува периодов во југоисточна Турција е рамно на граѓанска војна.Постојани борби во неколку града,огромни инфраструктурни штети,над 200 цивилни жртви,околу сто илјади раселени,полициски часови,затворена граница подолг период.Вака страшно не било многу одамна.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Хахаха некои членови сега започнаа да велат дека САД ќе ослабне па потоа немала да биде светска супер сила. А во едно демек имало и скандали и корупциски афери во Пентагон . А во Сирија пак американците немале капацитет да ги решале проблемите. Ахх бреее што нема да прочитам овде. Од преголема љубов кон Путин 80% од членовите се хипнотизирани од руски лаги и пропаганди дури почнувам да се мислам у опште дали им работи мозокот на овие луѓе. И што имам приметено секоја година се тресат глупости на форумот. Пред две години се предвидуваше распадот на ЕУ. Потоа се предвидуваше распадот на САД. Па после тоа распадот на НАТО и нејзините членки. И постојано се постираат такви линкови и коментари што е исклучиво во полза на Русија. И тоа без докази и без факти. Само поради емотивни причини.
И на крај остана уште да се напише дека цел свет ќе се распадне само Русија и Мкд ќе останат.:icon_lol:
 
G

Goldie

Ајде најди еден пост каде што некој рекол дека ќе се распадне САД ? Само шлапаш безвеза глупости на темава со тие твои анти Руски пропаганди.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Реалниов нели беше грк...? Па овој испадна поголем турчин од турците :D

Машала, машала... ашколсум бре ѓаур :D
Иста крв се, а Турци, а Грци, а Евреи... :D

Инаку засега Турција ги вложува сите напори директно да не влезе во воен судир на сириска територија (најверојатно малиот Хитлер има забрана од западните газди), а сепак да го оневозможи поврзувањето на Африн и курдските територии од другата страна на Еуфрат. Тоа најдобро се гледа по случувањата на север од Алепо којшто регион од страна на Асад им беше оставен на курдските воени формации. После почетниот катастрофален пораз на исламистичките групи како Ахрар ал Шам, Турција применувајќи артилериско бомбардирање и засилување на бунтовниците со оружје (неколку камиони со муниција, оружје и артилериска техника) и жива сила (1000-2000 борци) успеа да го запре налетот на Курдите.

Cbhq5eWUMAAZ3BM.jpg
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Абе ти почна и да халуцинираш. Јас цело време зборувам за НАТО и нејзина членка. Иначе прочитај ми ги сите постови ќе видиш дека сум про амерички и про европски ориентиран а никако про руски. А исто и во Украина сум про украински ориентиран. И сметам дека Крим треба да се врати на Украина како што беше.Иначе не сум против Русија туку против Путин.
Еми што не го врати РМадрид Крим на Украина од Партизан?
Дали НАТО не се плашеше како тоа сега никој не збора за Крим? Дали толку лесно Реал се откажа? Можеби затоа што се премоќни па затоа. И НАТО единствено постои заради Русија сугурно не заради Етиопија така? Газолижач провиден си појма немаш јадеш шамари на форумов како сите во Сирија од ФК Партизан....хахаха
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не си информиран,грото од жртвите беа курди.
Инаку,според информациите што ги имам,бомбашот во Анкара е курд од Амуде(Рожава),кој најверојатно делувал без наредба од раководството на ЈПГ или ПКК.Како и да е,нападите во Амед и Анкара се логичен след после масакрите во турски Курдистан,поддршката од Турција на џихадистичките групи во борбата против курдите во Сирија,и гранатирањето на курдските позиции во Сирија од страна на турската војска.
Можна е и инволвираност на турските тајни служби,односно однапред утврдено сценарио,во кое Турција за само неколку часа го открива напаѓачот и нарачателот,за потоа да почне со најжестоки гранатирања кон курдите во Африн,Тел Абјад итн.Тоа на пример не беше случај во претходните бомбашки напади во Суруч,Анкара,Истанбул и Амед.Факт е,Турција во моментов е најзагрозена од курдските аспирации и победите кои ги имаа,ако се земе предвид се поизвесниот референдум за независност во ирачки Курдистан,територијалните освојувања на сириските курди,со поддрршка и од САД,како и од Русија,и можноста за спојување на двата курдски кантони Африн и Кобане,со што би ја ставиле целата северна сириско-турска граница под своја контрола.Историски момент е пред курдската нација,тоа мора да се искористи.
Најверојатно сум грешка, бидејќи прочитав дека учествувале многу организации во протестот, како и дел "про Курдски" настроени.
Настрана тоа, реално колку далеку се Ирачките Курди од независност?
Ирачки Курдистан последниве години има поголема економија од остатокот на Ирак, но имаат многу блиски економски врски со Турција. Тоа сигурно ќе има влијание врз создавањето на целиот Курдистан, имајќи ја предвид таа економска соработка, како и борбата Турција-Курдите.
 
Курдистан де факто е веќе држава,сопствена влада,војска,полиција,дури и посебен визен режим.Во последно време и односите со шиитската влада се многу нарушени,така да и од сопствениот извоз на нафта и гас,курдската регионална влада сама ги финансира своите вработени,бидејќи 17% од буџетот на Ирак кој и следува не и се исплаќа веќе долго време.Така што,и финансиски веќе не зависи од ирачката влада.Во тек се во Курдистан подготовки за референдумот,кој секако би бил успешен.Тука би се кршеле копјата единствено за Киркук и останатите спорни подрачја,бидејќи имплементирањето на членот 140 од новиот устав на Ирак кој предвидуваше референдум дали овие области би се присоединиле кон КРГ или би останале во рамки на Ирак,долго време се пролонгираше.Во меѓувреме,откако ирачката војска се повлече од Киркук,контролата ја превзеде КРГ,па нафтените извори и областа се под нивна контрола.
Би рекол оти Турција е голем поддржувач на независноста,со оглед на лошите односи со ирачките шиити,односно нивниот главен сојузник Иран.Истотака,Турција ужива големи бенефити од развојот на КРГ,е најголем инвеститор,како и добитник од самостојниот извоз на нафта и гас на КРГ.САД пак,се некако млитави во поддршката за независност,како сеуште да имаат верба во одржување на веќе коматозната состојба на државата Ирак.
Сепак мора да се напомене оти во моментов и КРГ е во тешка финансиска криза,со оглед на ниската цена на нафтата,како и финансирањето на Пешмергата на околу 1050 километри долгата фронтова линија.Тешко и оди и со исплаќањето на своите вработени,кои платите ги добиваат со тримесечно задоцнување.Треба да се потенцира,оти отсуствува и поголема финансиска и воена помош од меѓународната заедница за својот најголем сојузник во борбата против ИСИС.Тука секако мислам на САД,кои освен поддршка од воздух не пружија многу посолидна поддршка,како финансиска,така и воена.Курдите се надеваат дека евентуално со републиканците,би имале многу поголема поддршка.
 
?

..........

Гостин
НАТО: Нема безусловна поддршка за Турција при конфликт со Русија
Во НАТО изјавија дека Турција попусто се надева на безусловна поддршка од Алијансата во случај на војна со Русија, пишува „Дер Шпигел“.

Министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн изјави за изданието: „НАТО не е обврзан во однос на неодамнешниот судир меѓу Русија и Турција да се вмеша во ескалација на конфликтот со Русија“.

Според зборовите на политичарот, Повелбата на НАТО ги обврзува државите да се застапат за сојузникот единствено ако тој е „директно и недвосмислено подложен на напад“. Притоа министерот прецизира дека го изразува солидарното мислење на членките на Алијансата
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.874

Би знаел некој да каже за какво оружје се работи, т.е. дали е можно да се работи за Shtora системот со кој се опремени руските Т-80-ки и Т-90-ки ?

Наводно, системов се докажал како доста практичен и ефикасен против проектилот TOW-2 (американско производство и прилично напредно и ефикасно антитенковско оружје ). Наводно, системот е опремен со моќни оптички уреди, кои со помош на инфрацрвени зраци го оневозможуваат Xenon трагачот на TOW-2 проектилот и ја менуваат неговата траекторија.

Ова би можело многу да значи на терен, пред се за САА во склоп на герилското војување, зашто исламистите имаат TOW-2 ракети во изобилие.
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Ај еве пошто или си наивен или се праиш Енглез, прогуглај и најди хронологија колку напади терористички имало од 2000 до 2014, а колку имало 2015 до 2016.
Неспорно е дека во последниве години зачестија бомбашките напади во Турција, па дури имаше и некоја статистика дека дури и во Багдад има помалку такви напади во споредба со Турција

Тоа што се случува периодов во југоисточна Турција е рамно на граѓанска војна.Постојани борби во неколку града,огромни инфраструктурни штети,над 200 цивилни жртви,околу сто илјади раселени,полициски часови,затворена граница подолг период.Вака страшно не било многу одамна.
Она што се случува во тој дел е рамно на етничко чистење и геноцид, имаше снимки како цивили се обидуваат да преминат улица со бело знаме се изрешетени од турските оклопни возила. Исто така и според Хјуман Рајтс Воч и други западни организации за човекови права Турција убива голем број цивили во овие операции. Многу бегалци ги напуштија своите уништени домови села и градови. Некои од овие населени места веке изгледаат како да се во Сирија според нивото на уништување.

Хахаха некои членови сега започнаа да велат дека САД ќе ослабне па потоа немала да биде светска супер сила. А во едно демек имало и скандали и корупциски афери во Пентагон . А во Сирија пак американците немале капацитет да ги решале проблемите. Ахх бреее што нема да прочитам овде. Од преголема љубов кон Путин 80% од членовите се хипнотизирани од руски лаги и пропаганди дури почнувам да се мислам у опште дали им работи мозокот на овие луѓе. И што имам приметено секоја година се тресат глупости на форумот. Пред две години се предвидуваше распадот на ЕУ. Потоа се предвидуваше распадот на САД. Па после тоа распадот на НАТО и нејзините членки. И постојано се постираат такви линкови и коментари што е исклучиво во полза на Русија. И тоа без докази и без факти. Само поради емотивни причини.
И на крај остана уште да се напише дека цел свет ќе се распадне само Русија и Мкд ќе останат.:icon_lol:
Ти Младичу халуцинираш, најверојатно ја згреши темата, пошо на многу други тролаш па незнаеш каде се наогаш.

Најверојатно сум грешка, бидејќи прочитав дека учествувале многу организации во протестот, како и дел "про Курдски" настроени.
Настрана тоа, реално колку далеку се Ирачките Курди од независност?
Ирачки Курдистан последниве години има поголема економија од остатокот на Ирак, но имаат многу блиски економски врски со Турција. Тоа сигурно ќе има влијание врз создавањето на целиот Курдистан, имајќи ја предвид таа економска соработка, како и борбата Турција-Курдите.
Ирачкиот Курдистан има сосема друга идеологија од ЈПГ ПКК и ПЈД, на Барзани најголеми пријатели му се Турција и Ердоган. Турските војници кои беа во Ирак наводно добиле дозвола од Барзани ( председателот на Ирачки Курдистан) да влезат. Друго, како што спомна Турција им е најголем економски партнер, заедно со нив шверцаат нафта без да се вклучи федералната вл,ада на Ирак. Иако они функционираат како држава во држава, сепак УС нема да дозволи да формираат независна држава.[DOUBLEPOST=1455928318][/DOUBLEPOST]Информацијата не е потврдена, но ако е вистинита тогаш Ердоган е во шах мат. Или ке мора да интервенира копнено и да го ескалира судирот или ке престане да кукавички да мава со камења од преку граница.

WH: US Pres Obama in phone call to TR Pres Erdogan urged Turkey to cease artillery strikes in the [YPG] area.

Воедно се шират информации дека УС почнале со воздушни напади врз ИСИЛ во Либија... Малку е чудно зашто во последните 4-5 дена немаше рециси ниеден воздушен напад од УС во Сирија, а сега наеднаш маваат во Либија.... Можеби челните луге на ИСИЛ пребегале во Либија...?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
Вчера беше одбиен предлогот на Русија во советот на безбедноста во ООН, од страна на Франција, Америка и Британија а кој се однесуваше на заштита на суверинитетот на Сирија.
Вратите кон директна воена интервенција на Турција во Сирија се широко отоворени поради постапките на трите горно наведени земји.
Ова е прв пат членките на советот на безбедност директно, намерно и со цел го срушија целиот меѓународен правен систем и смисла на кој се базираше функционирањето на советот на безбедност и на ООН, а тоа е се одвратување на меѓународни конфликти и гарантирање на сувереноста на земјите во светот.

Така да сценарието за воена агресија од страна на Турција е многу веројатно.

Во историјата ќе остане запишано кој го започна и кој го прекрши принципот на суверинитет и безбедност на државите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom