Ама јас не ги бранам, тука е разликата. Ти ме убедуваш во лагата на наса да ја прифатам. Јас гледам слики на ѕвезди со телескоп снимани дека не се цврсто тело. Се открива лагата на наса за земјата дека е рамна, и сега ти нивнот луцеферијанско учење каде човекот го прават мајмун го браниш.
Ѕвездите не се цврсти тела.
Лагата на НАСА како ја откри?
- преку youtube клипчиња каде секој закачува сешто
- преку wikipedia каде секој може да пишува сешто за секоја област без разлика на своето образование и компетентност
- преку блогови (електронски дневници) на маргинални и некомпетентни ликови
- преку цитирање членови од други форуми
- присети се дека ми го цитираше Закир Наик кој е вехабист како релевантен извор дека муслиманите веруваат во рамна земја, а не знаеше дека од страна на муслиманските верски старешини му е изречена фатва за неговите небулози и тој повеќе не се смета за муслиман, а и неговата фатва ти ја приложив во оригинал
- присети се дека ми цитираше ајети од сури од Куран од некојси лик со име или псевдоним Златко од некој друг форум да го поткрепиш тврдењето за рамната земја, а не знаеше како тие ајети се преведени од најпризнатите исламски преведувачи на Куран
- присети се дека ми цитираше дело од некој си средновековен ограничен инквизиторски ум да ми укажеш дека Античките Евреи верувале во рамна земја, а јас ти ги покажав писмата од Рав Хамнуна Саба koj живеел во Третиот век на арамејски и на англиски каде јасно стои дека Античките Евреи верувале дека Земјата е топка, дека кога на едниот дел од топката е ден, на другата е ноќ и дека има седум делови на Земјата (континенти) на кои живеат луѓе различни по изглед поради различните временски услови
- лаички толкуваш делови од Светото Писмо и нејќеш да признаеш дека твоите толкувања се спротивни на толкувањата од Светите Отци
- не знаеше или избегна да ми одговориш дали Господ Бог Исус Христос е Сеприсутен
- не ти беше јасно како ќе биде Второто Христово доаѓање, па си правеше разни филмови дека ако Земјата е топка Исус Христос не ќе можел да дојде на таков начин за да Го видат сите одеднаш, што е спротивно на Светоотечките толкувања за Второто Христово доаѓање на кое ти укажав
- присети се дека во твоето изложување за рамна земја стави слика од конвексно-конкавна земја (конвексна над екваторот и тоа во облик на полутопка
)
- присети се колку ме лажеше за Езерото Мичиген и надморските височини околу езерото
- присети се дека пушти youtube клипче на кои метеорологот објаснува дека фотографијата е мираж, а некој идиот тврди за истото дека е BULLSHIT, a не знаеше дека самиот автор на фотографијата Џошуа Новицки на својот фејсбук профил вели дека фотографијата е мираж.
- присети се дека за своите тврдења не понуди ниту една единствена пресметка и ниту една единствена формула, само се инаетеше цело време
Тоа ли се твоите факти и аргументи?
Што е следно ниво?
- цитати од фејсбук?
- цитати од твитер?
- цитирање на „длабокоумни“ написи од јавните вецеа?
- цитирање написи напишани на песок и стакло?
- цитирање на браќата Грим?