Според мене моментално најдобра лига е Англиската. Ништо не се знае, кој кого ќе победи, многу голови, квалитетен фудбал, играње до последен здив, многу пресврти, неизвесност.......
На пример без навреда ама Шпанската лига за мене беше егзотична лига пред некоја година додека не заиграа како што треба Атлетико, па би ги додал од позадина и Виљареал, Севиља па и Валенсија која потфрли оваа сезона, но ако би прашале некој човек дали би гледал неко рандом натпревар од англиска лига или шпанска, во 90 посто од случаевите би избрале англиска лига.
Ако се додаде на тоа и дека на пример во Англија има само фудбал, за разлика од Шпанија и Германија кои имат големи успеси и во многу други спортови, каде што медиите се со 100 посто посветеност кон фудбалот, рчките на пресовите пред натпреварите, атмосферата на стадионите,лутото ривалството меѓу клубовите.... Пак ќе повторам значи за моментално најдобра лига ја сметам англиската.