Mожеш да ја почнеш постапката ако имаш некој близок роднина со бугарски пасош(чичко,прв братучед,вујко) или да си извадиш потврда од Здружението за Македонско-бугарско пријателство во Битола(после 20.02.16 истото здружение отвара канцеларија и во Скопје) или потврда од Бугарски Културен Клуб во Струмица.А за да ти издадат потврда треба да имаш предок(баба,дедо) кој е роден во Македонија пред 1920год.На целата страна 958 имаш убаво објаснето од почеток до крај како иде процедурата преку амбасада и колку би те коштало.