Јас во потполност се слагам со
@ilcoakva .
Kинеските панели како што рече, односно колектори со вакумски цевки развиваат преголеми температури. Да, донекаде е добро што поголема температура на водата, повеќе нормална топла вода, но за сметка на тоа и повеќе дефекти. Вентили, инсталација, гумички, чешми итн итн.
Кај класичните сончеви колектори, кои исто така може да развијат висока температура, целата ситуација може да се контролира со помош на едноставни диференцијални термостати.
Јас и покрај повисоката инвестиција се одлучив системот да го направам со поскапа варијанта, и позастарена (како што кажа еден член погоре), но сум сега за сега максимално задоволен од постигнатите и добиените резултати. Целата инвестиција ме чинеше околу 700 до 750 евра (комплет со се бојлер, панел и материјал). Монтажата на целокупната инсталација, изработката на држачите, монтажа на панелот, бојлерот и пропратниот фитинг и материјал не ги платив, туку си ги направив сам. Значи туто комплето изработено бај мај селф.
Инсталацијата е работена со бакарни цевки, фи 22.
Користен е сончев колектор од фирмата Зрак од Прилеп, кој е TUV сертифициран, значи станува збор за проверен и долгогодишен производител на сончеви колектори а згора на тоа дава и гаранција од 20 години на производот. Панелот е изработен со селективни апсорбери, има градобијно стакло и е со површина од 2м квадратни, сосема доволен за загревање на бојлер од 100 литри.
Бојлерот е производство на Горење, со двојно емајлиран казан.
Еве неколку фотографии од целокупниот систем и процесот на изработка:
Една од најважните работи кога се поставува држачот за панелот, односно неговиот агол. Во принцип постојат калкулатори, а конкретно за Скопје тоа е околу 42 степени агол. Некоја средна вредност, која е оптимална да се извлече максимум во пролет и есен, затоа што во лето како год на јакото сонце нема да има проблем со греење на водата.
Поставување на комплетниот систем и инсталација, поставување на изолација на цевките и поврзување во системот:
Поставување на панелот и негово поврзување, како и изолација на цевките:
Крајниот резултат се разбира најважен од се. На првата слика е прикажана температурата на сончевиот колектор во 14 часот (29.06.2014) на надворешна температура на воздухот од 30 степени, а втората слика температурата на водата во бојлерот (сензорот поставен на 2/3 од доле нагоре во бојлерот)
Единствено останува да се препуштиме на уживање и користење на топлата вода
