Конфликтот во Сирија

B

Borg_Drone

Гостин
Да де но поентата ми беше дека Ердоган и Давутоглу можеби и нема да успеат да влезат во Сирија ако турската опозиција не се согласи со нивните воинствени политики.

За тоа уште ништо не се знае. Ќе покаже времето наскоро. Наскоро ќе се дознае повеќе во врска со тоа.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Напредок за САА-Сириската Арапска Армија во Латакија, после Рабија остана само Кинсаба, не е некој голем град но е последен силен одбранбен пункт на Ердоган, САД, умерениот ИСИС, во таа област. Последна неофицијална информација е дека Кинсаба е ослободена и да не е цела ослободена не е толку важно, дошла на ред сега ги работат. За околу две недели со помал интензитет ја преместија линијата на фронтот со 5 километри. Горе долу Латакија е ослободена, најверојатно ќе продолжат под ред да ослободуваат накај ИДЛИБ, дали ќе излезат на граничната линија незнам, ова исламистот Ердоган е многу очаен и нанесува артлериски удари околу границата, примерно го ослободија Килиз но интервенира Турска и сега е под контрола на терористите, но тоа не е толку важно дури и ако Турска привремено има некој појас од 2-3 километра по граничната линија, нека се порадува Ердоган, таков тесен појас во планински регион не му врши никаква работа, освен за артилерија и диверзанти, во клисури придвижувањето е тешко, така да кога ќе му помине нервната криза сам ќе го остави.

Напредок и во област Алепо аеродром Квејрис, мислам дека им дадоа време и коридор на ИСИС да се извлечат од обрачот и веќе котелот е затворен, кој избегал избегал, останатите ќе ги варат.

Осеќам дека Сорос ја зголемил екипата за пропаганда вклучително и троловите во овој форум, мислам дека додал уште еден човек за коментари по форумите на кајгана;) по темите од негов интерес, американофилија, русофобија, македонофобија, тоа што гледате десет различни ника, всушност е една соба со смена од десетина тролови којшто којшто коментираат по сите форуми во Македонија, каде се наоѓа тој објект не е важно, може да се емигранти во САД, студенти во Благоевград или да се тука во Македонија. Освен на нас добропознатите новинари тролови, форумните тролови за Македонија се не повеќе од 30 луѓе што работат на смени и секој треба да ја исполни нормата од стотина коментари на смена по македонските сајтови, твитер, фејсбук.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не треси зелени. Точно да 21 век сме...не се играат со играчки за така лесно да се губат територии.
Што знам... Прашај ги Србите, Украинците, Грузијците, Ирачаните како се губат територии...[DOUBLEPOST=1455797906][/DOUBLEPOST]
Самоубиствен бомбашки напад врз Турски воени сили мене не ми личи баш на ИСИС. Повеќе ми личи на некој Сириски Курд .
Не битно кој е извршителот. Поентата беше дека во Турција бомбашките напади станаа секојдневие.

Денес уште еден.
Six soldiers killed in southeast Turkey bomb attack

Благодарение на генијалната политика на Ердоган, Турција наскоро ќе стане како Ирак.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Сите овие терористички напади е во полза на Ердоган за да има повод да ги избришат курдите и внатре и надвор во Сирија и Северен Ирак. Ево пред малку турски воени авиони извршиле воздушни напади во северниот дел на Ирак. Овие терористички напади не е во полза на курдите туку на турците. Ердоган игра педерски. 99% сум сигурен дека овие напади во Турција се монтирани случаи од турската разузнавачка служба под чадорот на султанот Ердоган. Американците од 2001 со исти финти со иста рецепта отворија еден куп војни во Блискиот исток. Сами се напаѓаат за да има повод за војна. И Турците одат со исти финти.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317

Општ хаос во Турција директно им одговара и на ИД и на Курдистан. А посредно, од повисока перспектива и на Иран, Ерменија, па може да се каже и на Русија, од аспект на Турција како НАТО земја, пошто дефинитивно, хаотична состојба во Турција ќе ја раздрма цела алијанса, поготово после стратешките порази во политиката во Грузија, Сирија и Украина, а од друга страна ќе го намали западното (преку Р Турција) влијание во Турските републики од поранешен СССР.
 
Не им е во корист на курдите. Со вакви напади Ердоган ќе докаже дека курдите навистина се терористи пред светската јавност. А курдите дефинитивно не стојат позади овој напад. Не се толку глупи. Овој напад е во полза на Турција за да има легитимно право за влез во Сирија. А во меѓувреме да ги откорне и внатрешните курди. Ево курдите изјавиле дека не стојат позади нападот. А Давутоглу експресно со светлосна брзина ги обвини сириските курди.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Сите овие терористички напади е во полза на Ердоган за да има повод да ги избришат курдите и внатре и надвор во Сирија и Северен Ирак. Ево пред малку турски воени авиони извршиле воздушни напади во северниот дел на Ирак. Овие терористички напади не е во полза на курдите туку на турците. Ердоган игра педерски. 99% сум сигурен дека овие напади во Турција се монтирани случаи од турската разузнавачка служба под чадорот на султанот Ердоган. Американците од 2001 со исти финти со иста рецепта отворија еден куп војни во Блискиот исток. Сами се напаѓаат за да има повод за војна. И Турците одат со исти финти.
5 Јуни 2015, Дијарбакир, 4 загинати
20 Јули 2015, Сурук, 32 загинати.
10 Август 2015, Истанбул, 7 загинати
10 Октомври 2015, Анкара, 104 загинати
12 Јануари 2016, Истанбул, 11 загинати
13 Jануари, 2016, Дијарбакир, 5 загинати
17 Февруари, 2016 Анкара, 28 загинати

Многу јака финта...
 
?

..........

Гостин
Не им е во корист на курдите. Со вакви напади Ердоган ќе докаже дека курдите навистина се терористи пред светската јавност. .
Он прво нека докаже дека самиот не е терорист, после нека докажува кој друг е терорист.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
5 Јуни 2015, Дијарбакир, 4 загинати
20 Јули 2015, Сурук, 32 загинати.
10 Август 2015, Истанбул, 7 загинати
10 Октомври 2015, Анкара, 104 загинати
12 Јануари 2016, Истанбул, 11 загинати
13 Jануари, 2016, Дијарбакир, 5 загинати
17 Февруари, 2016 Анкара, 28 загинати

Многу јака финта...
http://sitel.com.mk/vkupno-183-buntovnici-od-pkk-zaginaa-vo-operaciite-na-turskite-bezbednosni-sili Па изгледа јака финта. Заради тоа турците многу жестоко и легитимно се одмаздија.

Само уште ова да те потсетам, сите тие загинати што ги наброја ти, случајно или не повеќето беа курди.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
http://sitel.com.mk/vkupno-183-buntovnici-od-pkk-zaginaa-vo-operaciite-na-turskite-bezbednosni-sili Па изгледа јака финта. Заради тоа турците многу жестоко и легитимно се одмаздија.

Само уште ова да те потсетам, сите тие загинати што ги наброја ти, случајно или не повеќето беа курди.
Им се одмаздија на Курдите, оти Курдите убивале Курди?
Филозофски да не имаш завршено?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Им се одмаздија на Курдите, оти Курдите убивале Курди?
Филозофски да не имаш завршено?
Тие загинати што беа во Анкара пред неколку месеци беа нападнати курдите за време на митингот. 80% од жртвите беа курди.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.880
Можно сценарио е да позади бомбашките напади стојат Курдите, со што го доведуваат Ердоган пред свршен чин да мора да изврши некаква интервенција во Сирија, за да си го зачува образот. А тоа го носи во директна конфронтација со Русија што за Турците е мошне лошо и непожелно. Тука би можеле многу да добијат Курдите, на кои им е потребен моќен сојузник, а они имаат поддршка од САД и од Русија. Видете, моќна Турција не им одговара ниту на САД, ниту на Русија, ниту на Европа - иако овие последните се скоро никаков фактор во кроење на политиката на Блискиот Исток.

Ќе повторам, се ми се чини дека Русите го приморуваат Ердоган да интервенира не оставајќи му многу простор за маневар. Турција, колку и да се чини моќна, има една голема слабост наречена "курдско прашање", а не може да го реши по пат на сила. И не мора да дојде до директен судир меѓу Русија и Турција, доволно е Анкара да се воведе во ситуација на постојан конфликт, т. е. како што пиша еден член, да се доведат во ситуација слична на таа во Ирак. Во секое сценарио Турција губи, а прашање е кој, дали и колку ќе добие.
Не заборавајте дека 40 милиони Курди се фактор и моќен и посакуван сојузник на Блискиот Исток.
Ете, јас ги чекам да влезат во Сирија. Има да заглават и да се насанкаат добро.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691

Imat logika muabetov,Putin ne im go zaborava taka lesno soboruvanjeto na suhojot.Izgleda Erdogan skapo ke go plati toj nepromislen potez.Mnogu glupo e da se cepkas so sibirskata mecka osobeno koga na celo e covek kako Vladimir!
Можно сценарио е да позади бомбашките напади стојат Курдите, со што го доведуваат Ердоган пред свршен чин да мора да изврши некаква интервенција во Сирија, за да си го зачува образот. А тоа го носи во директна конфронтација со Русија што за Турците е мошне лошо и непожелно. Тука би можеле многу да добијат Курдите, на кои им е потребен моќен сојузник, а они имаат поддршка од САД и од Русија. Видете, моќна Турција не им одговара ниту на САД, ниту на Русија, ниту на Европа - иако овие последните се скоро никаков фактор во кроење на политиката на Блискиот Исток.

Ќе повторам, се ми се чини дека Русите го приморуваат Ердоган да интервенира не оставајќи му многу простор за маневар. Турција, колку и да се чини моќна, има една голема слабост наречена "курдско прашање", а не може да го реши по пат на сила. И не мора да дојде до директен судир меѓу Русија и Турција, доволно е Анкара да се воведе во ситуација на постојан конфликт, т. е. како што пиша еден член, да се доведат во ситуација слична на таа во Ирак. Во секое сценарио Турција губи, а прашање е кој, дали и колку ќе добие.
Не заборавајте дека 40 милиони Курди се фактор и моќен и посакуван сојузник на Блискиот Исток.
Ете, јас ги чекам да влезат во Сирија. Има да заглават и да се насанкаат добро.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не им е во корист на курдите. Со вакви напади Ердоган ќе докаже дека курдите навистина се терористи пред светската јавност. А курдите дефинитивно не стојат позади овој напад. Не се толку глупи. Овој напад е во полза на Турција за да има легитимно право за влез во Сирија. А во меѓувреме да ги откорне и внатрешните курди. Ево курдите изјавиле дека не стојат позади нападот. А Давутоглу експресно со светлосна брзина ги обвини сириските курди.
За да докаже треба некој да превземе одговорност, а сега за сега никој не превзема. Кој и да стои позади нападиве има корист од нестабилна Турција, а јас во постот што го квотираше напишав кој има корист од тоа, а не кој го направил нападот.

Моментално највеќе под нозе им гори на ИД, па најголема веројатност е они да го шират фронтот. Русија нема да делува на Турска територија, а имаат одлична логистика во Турција па така не дека би добиле голема предност, но дефинитивно би се извлекле од поразот што им се диши у врат во Сирија и би купиле време. Можеби и намерно напрадите ги таргетираат воени лица, за да се добие впечаток дека ги извршиле Курди. Можеби и напаѓачот е Курд, член на ИД, и такви има доста.

Фактот е дека никад нема да ја дознаеме правата вистина, доколку никој не ја превземе одговорноста. Па и тогаш ќе останат сомнежи.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Imat logika muabetov,Putin ne im go zaborava taka lesno soboruvanjeto na suhojot.Izgleda Erdogan skapo ke go plati toj nepromislen potez.Mnogu glupo e da se cepkas so sibirskata mecka osobeno koga na celo e covek kako Vladimir!
Хахаха сибирската мечка.. Ајде да речеме дека е така. Како прво турците 35-40 години војуваат со курдите. Значи конфликтот со курдите не е од вчера. Вакви напади курдите 40 години им прават на турците. Конфликтот меѓу Турција и курдите и конфликтот меѓу Израел и Палестина се најдолгогодишни конфликти. Овие конфликти никогаш нема да имат крај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom