Дали во моментов кај нас постои слобода на изразување и независен медиум? Твое мислење ме интересира. Дали според тебе е нормално новинар во своето известување за дневник да дава негов личен став, да спинува вести, да вади изјави од контекст, и најбитно, селективно да известува? Јас како гледач сакам да си го оформам сопствениот став, а не некој да ми всадаува мислења. Сто пати кажана лага е вистина, не?
Како може едни та исти "експерти" да се вртат на сите телевизии, истите луѓе, експерти во секоја област, образование, здравство,судство? Истото се ломоти со години, буквално за секој проблем во државава е крива опозицијата. Место како во секоја нормална држава да се критикува власта за да се подобри, само кај нас се е перфектно и нема место за критика. Ако веќе си се осудил да критикуваш,одма си етикетиран како предавник на земјата, соросоид,системска грешка. Место да си ги бараме грешките, ние 10 години кривиме партија која не е на власт, која не ни беше дел од Собранието со години. Отвори било кој провладин медиум, нема статија во која не се споменува СДСМ со нејзината соросоидна политика. И како да не бара закон за медиуми? Не бара цензура, бара еднакво известување.
И нормално последица на се ова да е поделеноста на народот. Јас памтам и порано по слави и родендени се говореше за политика, ама дојде време луѓе да си заминуваат од маса и очи да не сакаат да си видат пошо се од различни партии. Од осамостојувањето па навака сите грешно изиграа, затоа викам, од две зла не би одбрала ни едно.