Мислам дека линков е за друг тип на виза. Ова би било валидно во случај јас да сум веќе во УК.
Денес имав малку повеќе време па барав интензивно. Мислам дека го најдов она што го барав, а тоа е објаснето добро на линков:
https://www.gov.uk/family-permit
Во кратки црти, сопругата би поднела за тој Family Permit по основ дека јас сум граѓанин на држава која е членка на таа ЕЕА „организација“. За одприлика 1 месец со поднесени меѓународен извод на венчани, мој БГ пасош или л.к., некој формулар од 17 страни и плус еден куп додатоци, би требало да добие таков Permit кој би важел 6 месеци од дата на издавање. После тоа може уште наредниот ден да се патува за УК. Откако веќе би стигнале во УК, може да се поднесе за Residence Card или нешто така беше за да добие право на престој и работа и во наредните 5 години. После тоа, и бугарскиот пасош ќе и биде готов
.
Се надевам дека не гледам ништо грешно, ама следев и доста странски форуми, мислам дека тоа е тоа.