А да пошто јас изигрувам правник пред некоја страна ѓоко праша дали е законско апсењето на Темелко од неговиот дом без судски налог и без претходно известување на судот?
Законско е. Со оглед на тоа што е двојни државјанин, престојува блиску странското живеалиште, постои оправдан ризик во случај на пратена покана да си ја дувне за Пустец.
Член 158
(3) Правосудната полиција може без одлука на суд да лиши од слобода и лице за
кое постојат основи на сомневање дека сторило кривично дело за кое се гони по
службена должност само ако постои опасност од одлагање, ако постои некоја од
причините за притвор од членот 165 став (1) на овој закон, но е должна веднаш,
а најдоцна во рок од шест часа од лишувањето од слобода да го изведат лицето
пред надлежниот судија на претходната постапка и за тоа да го извести јавниот
обвинител. За причините и за времето на лишувањето од слобода правосудната
полиција го известува судијата на претходната постапка, за што составува
службена белешка. Ако не е составена службена белешка, судијата на
претходната постапка даденото известување ќе го внесе во записник.
И според чл.165 ст.1 т.1 :
Член 165
Основи за определување притвор
(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично
дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната
постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако:
1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други
околности што укажуваат на опасност од бегство;