Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Сега да ти вадам цитатти за што имаш напишано пред неколку страни? Нема везе батали, има тука писмени сами ке прочитаат.
За последното. Со цел ум мислиш дека решението го гледав во граѓанска војна. Да тоа значи вадење кубурот ако не знаеше. Таков став имав до скоро. Сега искрено мислам дека е време да се расчистат сметките на малце помалце елегантен начин. Нешто што требаше да се направи многу порано кога штетата не беше толку голема и цената немаше да биди толку висока.
Зошто мислиш дека на крај цената ќе биде многу висока?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Па затоа кажав, само специјален суд со судии клонирани од ДНА-то на Кејти Џен.
Имам роднини во шведска. Се чуделе моиве кога го виделе премиерот на Шведска, Olof Palme како чека ред да плати казна.

Е тоа е правна држава.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.194
Поени од реакции
21.890
Си имал став во корист на граѓанска војна, до скоро? Се чудиш зашто некој вади бугарски пасош?
Читај малце повнимателно? Од скоро не до скоро .[DOUBLEPOST=1455361484][/DOUBLEPOST]
@мкд владе Зошто да ми биде незгодно не сфаќам...јас учам што пишува во законите, односно што би се рекло by the book, а истовремено имам професори кои знаат како се одвиваат работите во праксата, па ми кажуваат примери како во реалноста се применува правото. Не знам ниту зошто го спомна тоа, јас само те поправив за нешто што е очигледна грешка затоа што со тоа ти што го кажа исто ко да го прогласи Заев за виновен во случајот Глобал, а во реалноста не беше таква затоа што неговата вина не беше докажана на суд. Зошто бил аболициран може само да погодуваме, ако се ставам од страната на тогашниот претседател на државата, лицето Б.Ц. (како што милуваше Бичиклиски да го кажува), веројатно сметал дека станува збор за судска хајка против Заев и дека по партиска наредба ќе биде прогласен за виновен и ставен во затвор.
А за тоа второ хех, па ја можам да ти набројам и лица и структури кои во изминативе 25 години го имаат нарушено уставниот поредок.
Затоа реков нема да се натегам со правник. Само те прашав дали не се срамиш од струката поради тоа што се случувало во последните 20-30 години од истите твои колеги по струка ?
 
S

silmarillion

Гостин
Сега да ти вадам цитатти за што имаш напишано пред неколку страни? Нема везе батали, има тука писмени сами ке прочитаат.
За последното. Со цел ум мислиш дека решението го гледав во граѓанска војна. Да тоа значи вадење кубурот ако не знаеше. Таков став имав до скоро. Сега искрено мислам дека е време да се расчистат сметките на малце помалце елегантен начин. Нешто што требаше да се направи многу порано кога штетата не беше толку голема и цената немаше да биди толку висока.
Читај малце повнимателно? Од скоро не до скоро .
Ајде имам нешто работа.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.194
Поени од реакции
21.890
Ајде имам нешто работа.
Со цел ум мислиш дека решението го гледав во граѓанска војна. Да тоа значи вадење кубурот ако не знаеше. Таков став имав до скоро.
Оди , оди . Немој јас да те спречувам.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
16.729
Чекај да го читне законот за судови и ќе ти каже едно експертско мислење :D
Не бе, сасвим е нормално турското "кадија те тужи, кадија те суди" за некого.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.827
Да во едно се сложуваме. Ова е последна шанса да станеме нормална држава. Само за начинот не се согласуваме.
Кажи бе , Владе, кој е начинот за нормална држава кога незаконски се давале лични карти, се отварале вреќи со гласачки материјал, се носеле “ за уши “ на гласање....Кажи јавно да знаеме ?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.194
Поени од реакции
21.890
Кажи бе , Владе, кој е начинот за нормална држава кога незаконски се давале лични карти, се отварале вреќи со гласачки материјал, се носеле “ за уши “ на гласање....Кажи јавно да знаеме ?
Тоа што имав да кажам кажав.
Сега мерете си ги на кој е поголем. Секако јас и ти ке го примиме на крај.[DOUBLEPOST=1455362092][/DOUBLEPOST]
Зошто мислиш дека на крај цената ќе биде многу висока?
Па се водам од една народна која вели подобро да се спречи отколку да се лечи. Вие од ВМРО никако да ја научите лекцијата и пак паѓате на иста финта веќе незнам кој пат. Добро бе планирате еден мандат да истерате до крај или едноставно толку ви се можностите?
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.170
Поени од реакции
8.470
Кажи бе , Владе, кој е начинот за нормална држава кога незаконски се давале лични карти, се отварале вреќи со гласачки материјал, се носеле “ за уши “ на гласање....Кажи јавно да знаеме ?
чекај сега, за кој лични карти правиме муабет, за тие на чаучот по нарачка на Заев? Со тие сакаш некого од другиот табор да затвориш? Па овде бе не се знае кој од кого е побудала бе.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.827
Тоа што имав да кажам кажав.
Сега мерете си ги на кој е поголем. Секако јас и ти ке го примиме на крај.
Кажи го де начинот, ако имаш став !

Ќе чекаме обвинение од обвинителот/баџанокот со кои задно одат по кафани ?
Ќе чекаме пресуда од судија што “го пушела“ , честела Сваровски и цел живот им е благодарна што ја донеле на функција ?
Не заебавај.....

ПС. Ке го примиме на крај, така е, ама некој барем нема да “меша“ и да им правај кеиф до крај.....
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Најди ми еден пост каде јас го оправдувам Двојче. Само еден, не мора повеќе. Двојче е дно дна. Начинот на кој сакаја да биди сменет не го оправдував. Има разлика нели.
И тука има албанци не се секирај. Не мора да ми кажуваш колку се имаат исселено. Кај нив исселувањето почна многу мнооогу порано. Разликата е во само бројот на деца, ништо друго. Качи се во било кој авион или автобус за Швајцарија. Од сите патници двајца или тројца се Македонци. Така да не ми зборувај за исселување. Цели села тука се празни. Албански села. Да и тука има такви ти се верувало или не.
И можеби ги инвестираат можеби не, незнам. Ама и да ги инвестираат што ти е чудно. Тие емигрирале како Албанци не како бугари. Зошто очекуваш новокомпониран бугарин да инвестира во државата. Тој мајката си ја продаде за матријална корист, си смена националност само за да земи пасош и очекуваш дека ке инвестира тука. Очекуваш од продаена душа корист некаква. Па проститутките зад МТВ имаат повеќе морална тежина отколку овие. Истото го прават и едните и другите, се ебаваат за пари. Разликата е што едните си го продаваат телото, другите нацијата.[DOUBLEPOST=1455360573][/DOUBLEPOST]
Моментално во протекторат, како што тргна за скоро во банана држава.
А ти ?
Абе смешки... И кога оваа држава не била под меѓународно влијание? Без меѓународното влијание државата дури немаше ни да постои. Ама не затоа што странците ни мислат лошо, а затоа што народот е неписмен, глуп и заостанат.

Јас и ти сигурно не живееме во иста држава. Бидејќи од моите другари со кои заедно одевме во училиште веќе на 19 години половината заминаа на печалба. Моите роднини исто. Еден по еден, од 1995 до сега, постојано без престан.
И ти си среќен поради тоа што и многу Албанци се иселиле? Да ви се плукнам на вашата среќа, вам коишто можете да биде среќни кога сите околу вас (вклучително и вашите блиски) се несреќни.

Никој не беше Бугарин (многумина ја мразеа отворено политиката на Бугарија, други беа македонски националисти), но некои земаа бугарски пасоши за да се спасат од мизеријата. Мизеријата на душата - она во што беа претворена нивната држава.
Другиот избор беше да живеат несреќно и бедно, под притисокот на едно болно, корумпирано,шизофренично и мазохистичко општество кое ги јаде своите и себеси сака да се нарекува држава.
Тие избраа да живеат живот. Ако не за сопствената среќа (во право се некои владини мегафони кога изјавуваат дека многу од тие што се иселија не се среќни и не се успешни таму), тогаш за среќата на нивните деца. Нивните деца кои се родија таму имаат можност да живеат нормален живот. Ако беа тука, и тие како и нивните претходници ќе мораа да избираат меѓу Катици и Латаси, меѓу Заеви и Мијалкови, да бидат заробени во овој бескраен лавиринт на човечка злоба, омраза, беда и фрустрирани "елити" болни за власт, и да се самозалажуваат со одвратни полувистини.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.827
чекај сега, за кој лични карти правиме муабет, за тие на чаучот по нарачка на Заев? Со тие сакаш некого од другиот табор да затвориш? Па овде бе не се знае кој од кого е побудала бе.
Не биди глуп до крај.
Имаше по 60 гласачи во еден стан. Некој ги пишал, некој им издал легална лична карта. Провери си.....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Па се водам од една народна која вели подобро да се спречи отколку да се лечи. Вие од ВМРО никако да ја научите лекцијата и пак паѓате на иста финта веќе незнам кој пат. Добро бе планирате еден мандат да истерате до крај или едноставно толку ви се можностите?
Се согласувам. И да, и овојпат беше ептен истата финта. А дали ја научивме лекцијата, не знам. Оптимист сум, ама ќе видиме веднаш после избори. Само не мислам дека цената што ќе ја плати државата е превисока. На тие што ја плаќаат цената и трпат удари по его, за жал им требаше вакво нешто, затоа што се опуштија малце и заборавија со кого си имаат работа.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.115
Поени од реакции
15.061
Кажи бе , Владе, кој е начинот за нормална држава кога незаконски се давале лични карти, се отварале вреќи со гласачки материјал, се носеле “ за уши “ на гласање....Кажи јавно да знаеме ?
Личните карти се давани под истите услови како и на лужето што живеат во ``картон сити`` покрај Вардар. Значи нема ограничување во Законот какви све услови треба да има едно живеалиште за да личноста што има државјанство добие лична карта и влезе во избирачки список.

Зошто да важи тоа во Шутка, а да неважи за нашите од Пустец.

Ако некој искрено ми одговори, го частам што и да побара
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom