Најди ми еден пост каде јас го оправдувам Двојче. Само еден, не мора повеќе. Двојче е дно дна. Начинот на кој сакаја да биди сменет не го оправдував. Има разлика нели.
И тука има албанци не се секирај. Не мора да ми кажуваш колку се имаат исселено. Кај нив исселувањето почна многу мнооогу порано. Разликата е во само бројот на деца, ништо друго. Качи се во било кој авион или автобус за Швајцарија. Од сите патници двајца или тројца се Македонци. Така да не ми зборувај за исселување. Цели села тука се празни. Албански села. Да и тука има такви ти се верувало или не.
И можеби ги инвестираат можеби не, незнам. Ама и да ги инвестираат што ти е чудно. Тие емигрирале како Албанци не како бугари. Зошто очекуваш новокомпониран бугарин да инвестира во државата. Тој мајката си ја продаде за матријална корист, си смена националност само за да земи пасош и очекуваш дека ке инвестира тука. Очекуваш од продаена душа корист некаква. Па проститутките зад МТВ имаат повеќе морална тежина отколку овие. Истото го прават и едните и другите, се ебаваат за пари. Разликата е што едните си го продаваат телото, другите нацијата.[DOUBLEPOST=1455360573][/DOUBLEPOST]
Моментално во протекторат, како што тргна за скоро во банана држава.
А ти ?
Абе смешки... И кога оваа држава не била под меѓународно влијание? Без меѓународното влијание државата дури немаше ни да постои. Ама не затоа што странците ни мислат лошо, а затоа што народот е неписмен, глуп и заостанат.
Јас и ти сигурно не живееме во иста држава. Бидејќи од моите другари со кои заедно одевме во училиште веќе на 19 години половината заминаа на печалба. Моите роднини исто. Еден по еден, од 1995 до сега, постојано без престан.
И ти си среќен поради тоа што и многу Албанци се иселиле? Да ви се плукнам на вашата среќа, вам коишто можете да биде среќни кога сите околу вас (вклучително и вашите блиски) се несреќни.
Никој не беше Бугарин (многумина ја мразеа отворено политиката на Бугарија, други беа македонски националисти), но некои земаа бугарски пасоши за да се спасат од мизеријата. Мизеријата на душата - она во што беа претворена нивната држава.
Другиот избор беше да живеат несреќно и бедно, под притисокот на едно болно, корумпирано,шизофренично и мазохистичко општество кое ги јаде своите и себеси сака да се нарекува држава.
Тие избраа да живеат живот. Ако не за сопствената среќа (во право се некои владини мегафони кога изјавуваат дека многу од тие што се иселија не се среќни и не се успешни таму), тогаш за среќата на нивните деца. Нивните деца кои се родија таму имаат можност да живеат нормален живот. Ако беа тука, и тие како и нивните претходници ќе мораа да избираат меѓу Катици и Латаси, меѓу Заеви и Мијалкови, да бидат заробени во овој бескраен лавиринт на човечка злоба, омраза, беда и фрустрирани "елити" болни за власт, и да се самозалажуваат со одвратни полувистини.