Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Потребен е специјален суд, специјален уставен суд, специјален претседател и премиер и последно специјален народ.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.828
......
Така е , се сложувам.
Да ти ебам независното судство.
Ова е последна шанса да станеме нормална држава. Само луд мисли дека сега е нешто нормално.
Секој што ги слушнал снимките, ако не е партиски имбецил, ке признае дека имало КРИМИНАЛ.
Криминал, батка, во сите сфери на државата. То ест, немаме држава, имаме сопственост на фамилијата.
Не ми се допаѓа што странците се вмешани во се, ама пак Фамилијата е крива. Од друга страна, ако не директно, ионака индиректно странци ни решаваат за се.

Значи, за да се вратиме во нормала, морално е затвор ! Веднаш, сега....најкасно до избори.
Да се ослободи народот од страв. Страв што им го гледаш во очите....За да може слободно да гласа ! Без притисоци , без спискови, без рекетирања, фрлање во ендеци, носење човечиња за рака.....

И после овие да продолжи уште 10-тина лица од прв и втор ешалон со затвор. И после едно 500+ кривични за лица со парични казни, отстранување од работа и забрана на вршење државна професија.

У меѓувреме, кривична за Бучко, па кривична за Бранко, ако треба за други ...Верушевски ? Него одамна требаше да го нема од сите јавни функции. ( Мада ако стварно има допринесено во откривање на овие криминали, склон сум да му простам дел. ) Одземање на имот, забрана за вршење на функција....
Ако сакаме да заличиме на држава.

Ако не, ебете си мајката сите партиски дегени. Сите што заедно имате мозочен капацитет на амеба. Сите што се задоволни од партиски сендвичи како врв на вашите достигнување. Вашиот сладолед со чоколадо како компензација на вашата морална инфериорност. Ебете си мајката.....
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.170
Поени од реакции
8.470
Вчера немаше никакво апсење, беа повикани екс министри и други да дадат изјава пред истражен судија за да се одлучи дали ќе им биде одредена мерка притвор...
Овиненијата искажани вчера навестуваа сигурен притвор, заради тежината на обвиненијата и можноста (сигурно) влијаење врз сведоците.Но во еден метастазиран систем, каде имате партиско судство, наивно беше да се очекува одлука за мерка притвор. Овде читам доста партиски запалени, ама целта на СЈО е да почне процес за повеќе афери - „Маѓар телеком“, „Надеж“ и др., каде се спомнуваат и лица од опозицијата, значи неселективно.
И тоа би било во ред, ако СЈО успее да расчисти со криминалот без разлика од која партија доаѓа, ама кај нас тоа едноставно не е можно. За да биде можно , треба да се формира и Специјален Суд, инаку СЈО брзо ќе ги отвори и другите предмети и уште побрзо ќе ги затвори -мислам на предмети што се однесуваат на лица од вледејачката партија. Сигурно ќе биде пинаку за предметите каде се инволвирани лица од опозицијата, тогаш судството сигурно ќе биде максимално ефикасно.
Никој од денес нема да се осуди да сведочи против лицата спомнати вчера, јасно им е и на обвинетите дека се недопирливи, така да не се надевајте на промени на поарно.
За да имаме нормална држава треба промени од корен, да се поапси све криминално од сите партии, па повелете на избори и тој што ќе добие да знае дека има букирано место во Идризово ако аздисува. Е, тогаш ќе биде ОК.
Вака , би ја цитирал министерката Јанкулоска - Абе циркус Медрано.....
да бидиме реални, она вчера беше обичен циркуз, колку да се крене врева,демек СЈО почна да работи нешто. Да бидам искрен целава ситуација уште кога почнаа бомбите ми беше банална и не ги следев сите случаеви ама она вчера мислам како да беше најслабиот случај одбран.
Јас лично од старт не очекував чуда за разлика на пропозиционва маса која буквално пагаше во транс.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Бегање -> притвор -> куќен притвор -> пактови и договори за ненапаѓање -> промени на имиња -> специјални трибунали. :D

За толку едноставна вистина. Пукаа и промашија. По којзнае кој пат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.262
Поени од реакции
81.422
ти не сметаш дека е потребен специјален суд?
Не е потребен.
Него му се сосема доволни судијките што излегуваа од шлицот на Мијалков со кеси Сфаровски.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.115
Поени од реакции
15.063
За гласачите од Пустец едно да биди јасно, што многу го забораваат-државјанствата им ги даде коалициониот партнер на Заев-брат Љубе во 2001-2002 година
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Потребен е специјален суд, специјален уставен суд, специјален претседател и премиер и последно специјален народ.
Не дај боже да имаш потреба на суд да докажуваш правда. Имаше тројца на телма кои покажаа како работи корумпирано судство. Такви случаеви има стотици илјади во Македонија.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па затоа кажав, само специјален суд со судии клонирани од ДНА-то на Кејти Џен.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
16.729
Некој разумен и благонадежен романтичар, би согледал идеална историска шанса во функцијата на СЈО во коренита борба и казнување на сите криминали извршени од сите досегашни Влади и нејзини функционери, што верувам дека никогаш не би се укажала повторно и претставува можна пресвртница во перспективата во ова јадно утепано државиче. Затоа, што демократијата и правото не се здраво-за-готово процеси кои се наследуваат не- по- заслуга.

Но, да не заборавиме дека многумина на ова гледаат како на идеолошка борба внатре во наводното македонско национално ткиво и тие не гледаат подалеку од нивните ниски страсти, што е многу жално. Никогаш нема да разберам како некој утепан јадник, кој едвај врзува крај со крај така енергично, ставајќи ги своите морални и етички начела (кои се суштината на секоја индивидуа и мерило за квалитетот на таа индивидуа) застанува во одбрана на криминални битанги со милионски конта кои се надмено поставени кон тој истиот јадник, не сметајќи го за ништо повеќе од само обичен механизам за остварување на своите валкани замисли. Како да немало кој да ги воспитува како мали, што е добро а што е зло.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.194
Поени од реакции
21.891
Не се залагам за странска интервенција, тоа се твои зборови, само ја утврдувам фактичката ситуација која може и немора да ти се допаѓа.

Засегнат сум колку граѓани на РМ се иселиле затоа што меѓу нив имам пријатели и роднини, ја знам нивната искрена желба да биде нешто од државава меѓутоа биле оневозможени од некојси Владе кој гази преку живи луѓе за да се дочепа до некаква функција каде што ќе може да ги задоволи своите ниски страсти на сметка на општото добро. Засегнат сум дека роднините ми се преполовија во времето на транзицијата и фатија усвет по континетни каде што ги примаа да работат бидејќи фабриките во РМ им ги затвори СДСМ. Засегнат сум дека пријателите и колегите фаќаат усвет во 21ви век бидејќи неможат против државната апартура на ДПМНЕ која злоупотребува моќ кон немоќниот. Знаеш колку што тебе ти е преку глава од петоколонаши и предавници толку и на другите им е преку глава од објаснување на сам себе дека ќе биде подобро а нема да е. Е сега, вторите за разлика од тебе превземаа одговорност за својот живот и купија карта во еден правец, ти кубурот го вадиш веќе 30 години и никако да го извадиш.
Сега да ти вадам цитатти за што имаш напишано пред неколку страни? Нема везе батали, има тука писмени сами ке прочитаат.
За последното. Со цел ум мислиш дека решението го гледав во граѓанска војна. Да тоа значи вадење кубурот ако не знаеше. Таков став имав до скоро. Сега искрено мислам дека е време да се расчистат сметките на малце помалце елегантен начин. Нешто што требаше да се направи многу порано кога штетата не беше толку голема и цената немаше да биди толку висока.
 
W

wicked_1

Гостин
Ете ти пишав. Све треба да направиме специјално, со согласност на четирите партии, ЕУ и НАТО.
ЕУ и Нато?

терај си тоа што си имаш зацртано, ама мислам дека не си свесен за ситуацииве уопште...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.194
Поени од реакции
21.891
Ова е последна шанса да станеме нормална држава. Само луд мисли дека сега е нешто нормално.
Секој што ги слушнал снимките, ако не е партиски имбецил, ке признае дека имало КРИМИНАЛ.
Криминал, батка, во сите сфери на државата. То ест, немаме држава, имаме сопственост на фамилијата.
Не ми се допаѓа што странците се вмешани во се, ама пак Фамилијата е крива. Од друга страна, ако не директно, ионака индиректно странци ни решаваат за се.

Значи, за да се вратиме во нормала, морално е затвор ! Веднаш, сега....најкасно до избори.
Да се ослободи народот од страв. Страв што им го гледаш во очите....За да може слободно да гласа ! Без притисоци , без спискови, без рекетирања, фрлање во ендеци, носење човечиња за рака.....

И после овие да продолжи уште 10-тина лица од прв и втор ешалон со затвор. И после едно 500+ кривични за лица со парични казни, отстранување од работа и забрана на вршење државна професија.

У меѓувреме, кривична за Бучко, па кривична за Бранко, ако треба за други ...Верушевски ? Него одамна требаше да го нема од сите јавни функции. ( Мада ако стварно има допринесено во откривање на овие криминали, склон сум да му простам дел. ) Одземање на имот, забрана за вршење на функција....
Ако сакаме да заличиме на држава.

Ако не, ебете си мајката сите партиски дегени. Сите што заедно имате мозочен капацитет на амеба. Сите што се задоволни од партиски сендвичи како врв на вашите достигнување. Вашиот сладолед со чоколадо како компензација на вашата морална инфериорност. Ебете си мајката.....
Да во едно се сложуваме. Ова е последна шанса да станеме нормална држава. Само за начинот не се согласуваме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom