Од историска гледна преспектива, македонскиот народ цел живот е под константна окупација, 500 години под турско, подоцна од соседите, и цел живот сме биле "благодарни" на тоа што го имаш бидејќи утре може и да го немаш. Сепак се работи за менталитет, а историјата се повторува, дојде време свој одбраници да те јадат и да те поделат на плави и црвени, да те тераат слепо да им веруваш, а они ослепени од медот нон стоп да мацкаат. Утре тие ќе си пијат кафе и ќе ги делат парите, а ние како народ ќе си останеме поделени. Ако имам поинакво мислење од владата не значи дека сум соросоид, или предавник, или ако не се сложувам со овие другиве дека сум под влијание на пастирот. Слеп народ сме бе слеп, место да се борат за доброто на оваа мала држава и на народот кој се задоволува со малку, ние ќе се изедеме живи меѓу себе ради ѓубриња вакви.
Партиски вработувања има во државава и се знае, ама барем оние што ги примаат со книшка нека бидат бе компетентни за работата а не мулиња задоени со нишај врата земи плата. Кога државата гледа циркус Заев вс Латас, едно е да си лидер на партија, а друго е да имаш муда и став цврст да личиш на лидер. Од кога бе Латас стана 13то чудо во Македонија? Речник никаков, со ниски удари да добие поени,Миленко и остала багра и политиково ? Кога овие ти се грамафони на партијата, без никаков речник, сопствен став, нешто е труло во државава. А тоа придонесува кон селење на младите поради љубов во странство или етикетирање дека се соросоиди поради до-школување во странство како кај бурекот што имаше коментари. Иако сум за трета политичка партија, тоа е невозможно во наредните 50 години, бидејќи двете партии функцонираат како комунисти. Дој на власт, затвори се, затвори све што не е по твој ќејф, прави притисоци, пикај свој (не)кадарен кадар и дели го народот, за жал!