Ја да си ја пофалам мојата Toshiba Suzumi+, и оваа зима (5та по ред) одлично не грее. Сметките исто многу пристојни, еве ви ги прикачувам за Ноември, Декември и Јануари.
Мајка ми зема од Gree Lomo, прва зима сега за сега супер, одлично грее а сметкиве ни се за овие месеци +-100/200 денари разлика од моиве..
Да се самоцитирам и да се дообјаснам, гледам почнаа дебати и по мојот пост.
Значи да, сметкиве за струја ни се многу слични со на мајка ми, јас со Тошиба, она со Ломо.
Ќе ви кажам што е само разликата.
- Наишот стан е екстремно топол, без греење е 20 степени, догревам до 22. Толку постаувам како температура на даљинското и толку ми одржува цело време, имам метео станица на шанкот и секогаш е идентична со тоа на даљинското.
- Преку ден не греам, значи почнувам да греам од 16.30 до 12,00 - 01,00 па гасам.
- Ние во станов живееме 4ца, две деца бањам/туширам секој ден пред спиење, за нас возрасниве нека биде секој втор ден, имам проточен бојлер
- Неделно пуштам 4-5 машини за перење, и исто толку за сушење, сушара Ц класа која мислам дека поприлично троши (гледам да пазам да пуштам на етина струја ама не е секогаш). Исто користам и машина за садови 3-4 пати неделно.
- Готвам на струја (иако не готвам секој ден, морам да признаам
- По потреба се греат со панелки уште 2 соби, детска и спална.
Е сега кај мајка ми со Ломото.
- Станот е многу поладен, без греење паѓа на 17 степени, а исто догрева до 22.
- Пучнува да грее од 07 сабајле па до кај 22.00
- Живее сама во станот, бојлер пушта зимно време 2 пати неделно за бањање.
- Особено пази да пушта на ефтина струја, и неделно едвај собира 1- 2 машини да пере, суши закачено на тераса. Садови пере на рака. Готви на плин.
- Се загрева единствено дневната соба, други соби не.
Само морам да забележам, дека мојава клима многу бргу ги дозагрева тие 2 степени, и после не ја приметувам воопшто дека работи - многу е тивка, а кај нејзе кога одам приметувам дека климава доста е побучна кога работи.
Ете ви у детали