Најдобар филм за изминатата година по мене: ,,Викторија''.
Долго време не сум гледал филм во којшто колективната глума е на толку високо ниво.
Одличната камера и долгиот кадар (не сум толку филмски писмен, но мислам дека од прва секунда па се до крај, снимано беше се во еден здив, што е феноменално само по себе) му дадоа посебен шмек на филмот.
Ти не го гледаш филмот, туку во 140 минути си во филмот. Прво бев дискотека, потоа на точак, па бегав од полиција.
Сум немал толку возбудлив ден, ехе-хее. А главната актерка....главната актерка, срниче.
Се подрага ми станува германската кинематографија, кој би рекол.