88ми американски филмски награди (Оскари 2015, 28 Февруари)

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.869
1.Room
2.The Revenant
3.Mad Max: Fury Road
...
4.Brooklyn
5.The Martian
...
...
...
6.Bridge of Spies
7.Spotlight
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
...
8.The Big Short
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
The Martian номиниран за 7 оскари е најголемата смешка на свет! Ко на заебанција да е правен филмот, посебно
кога лепеше со селотејп :pos::pos::pos:
Ридли Скот изгледа има многу пријатели во Академијата, друго објаснување нема.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Оваа недела ги поминав Spotlight, Steve Jobs и Trumbo. Trumbo ми беше најинтересен од овие три.

Spotlight е преслаб да биде во трка за оскар, инаку како филм е ОК, најобичен од оние што ги даваат на ТВ. Освен добрата актерска екипа мене ми немаше друг адут. Не ја разбирам номинацијата тука.

Trumbo имаше спора прва половина но во остатокот од филмот надокнади. Добар баланс на сатира и драма и одлични ликови. Bryan Cranston имаше специфична, тешка улога. Заслужена номинација.

Steve Jobs динамичен биографски филм, нема тука што многу да се коментира. Michael Fassbender добро се подготвил и навистина потсетува на Steve Jobs. Ѕвер!

Останува да ги изгледам уште The Revenant (во кино се надевам) и можеби Room. Brooklyn и The Big Short не ми изгледаат како филмови кои би ми се допаднале па не би си го губел времето со нив.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Victoria и H8ful 8 за номинираниве се Кум. :kafence:

Само уште Room ми остана, ама чисто сумњам дека ќе им се доближи на овие 2 за оваа година.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.869
Го гледав The Revenant и на кино. Останува ист впечатокот. Вистинско визуелно ремек дело! Сет, сцени, кадри и кинематографија - врв. Глумата на Ди Каприо и Харди - исто така, врв. Сега можев и на звукот да обратам внимание - и звукот беше перфектен, а за музиката веќе реков - Академијата е полна со douchebags. Само ја потврди оценката 10/10.

Но, сепак останувам со истиот став од претходно - од Room немав никакви очекувања, па ми беше ептен големо изненадување, затоа ми останува фаворит број 1, пред Revenant и Mad Max: Fury Road.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Го гледав пред 2 недели Ревенант во кино и мислам дека ако го гледав дома пред пц не знам дали ќе ми се допаднеше до толку. Според мене филмов е само за во кино да го гледаш и да ја доловиш кинематографијата поубаво, вака дома ништо чудно и да го гледав со пауза. Лео не го ни коментирам, колку се има само соживеано со улогата, дај те му го тој Оскар веќе :icon_mrgr:
Само малку не ми беше реален на моменти, бидејќи преживеа некои стварно нереални ситуации.
Иначе само јас ли се смеев на сцените кога јадеше снег и го гушкаше дрвото ? Не знам зошто ама многу смешно ми паднаа :ROFLMAO:

7.5/10
 
B

Blade Torch

Гостин
aaaaand... после Бафта наградата, од синоќа Ревенант е прв фаворит за најдобар филм. Не знам, фаворит е во многу категории, ми го нема квалитетот за толку убедлив триумф...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Spotlight - добар. Доста го „потценувавте“ погоре и очекував послаб филм. Не е совршен, не е одличен, али ми имаше шмек, и покрај тоа што е чиста драма + цело време ме држеше заинтересиран. Можда зашто новинарството ми е потајно втора љубов, а можда и не. :LOL:

Каква актерска екипа има само - секој еден до друг, актеришта. Китон, Шрајбер, Рафало, Рејчелче.... :love:
Ипак и покрај тоа што го свиѓам, филмов не е за Оскар, што знам, бледо делува у споредба со Повратникот кој од засега изгледани (Spotlight, Revenant, Mad Max и Bridge of spies) е најсериозен кандидат. Мислам за скрипта ако освои, доволно ќе му е.
The Oscar saga 2016 continues... Stay tuned. :tvg:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.808
Поени од реакции
42.442
The Martian номиниран за 7 оскари е најголемата смешка на свет! Ко на заебанција да е правен филмот, посебно
кога лепеше со селотејп :pos::pos::pos:
Ридли Скот изгледа има многу пријатели во Академијата, друго објаснување нема.
тоа е duct tape, многу појака од обичен селотејп
https://en.wikipedia.org/wiki/Duct_tape#Usage_in_spaceflight
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.869
И покрај тоа што другиве два се поголеми фаворити, јас мислам дека сепак The Revenant ќе освои Оскар.

Имаше една глупава теорија по филмскиве портали според која Room бил вистинскиот „фаворит од сенка”, заради тоа што најголем дел од гласачите во Академијата го рангирале како втор во нивните voting ballots, но теоријата според мене не држи вода, зашто таквиот начин на гласање (со рангирање на 5 филма) од Академијата го применуваат кога треба да се одлучи кои ќе бидат номинирани. Кога се гласа кој да земе Оскар е многу поедноставна постапката: се гласа за еден филм, и филмот со мнозинство гласови победува (освојува Оскар). Тука нема рангирање при гласањето.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
The Martian - лош. :noze: Уште не сфаќам што има за да биде во трка за оскар, а Тарантино да го нема. Приказната не беше интересна, дури и напорна ми беше. Хуморот кој сите го спомнувавте речиси и да не палеше кај мене. Освен визуелно што го скоцкале и дотерале (али ко ќе замислам пак е далеку од Повратникот), и глумата која беше океј, али пак не за оскар, не гледам ништо во него. btw soundtrackot sucked a lot. (n)(n)(n) 5/10

П.С. Дај ургирајте хаде,маде снимки од Бруклин и Биг Шорт да пуштат до сабота. Не ми се гледаат на шити скринери. :unsure:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.869
The Martian - лош. :noze: Уште не сфаќам што има за да биде во трка за оскар, а Тарантино да го нема. Приказната не беше интересна, дури и напорна ми беше. Хуморот кој сите го спомнувавте речиси и да не палеше кај мене. Освен визуелно што го скоцкале и дотерале (али ко ќе замислам пак е далеку од Повратникот), и глумата која беше океј, али пак не за оскар, не гледам ништо во него. btw soundtrackot sucked a lot. (n)(n)(n) 5/10

П.С. Дај ургирајте хаде,маде снимки од Бруклин и Биг Шорт да пуштат до сабота. Не ми се гледаат на шити скринери. :unsure:
Биг Шорт го имаш во Синеплекс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom