Хипогликемија и хипергликемија

  • Креатор на темата Креатор на темата Storm5
  • Време на започнување Време на започнување
Да земам пример леб дека е поедноставно малце.

30 грама леб има 1 лебна единица или 12 грама јаглехидрати (скроб)

Си земал 150 грама леб, делиш со 30 и добиваш 5 лебни единици или 60 грама јаглехидрати. Во зависност со тежината и некои пресметки се наоѓа со колку треба овие 60 грама да ги поделиш (ова докторите го знаат најбоље) Еве јас со 10 делам и добивам 6 единици инсулински. Значи за 150 грама леб ставам 6 инсулински единици (Novorapid)

Викам дека не мора на фиксно доручек ручек вечера да се оди. Ако сакаш можеш 200 грама чоколадо ама да си имаш претходно пресметано колку инсулински единици може да ставиш.

А тоа макробиотичката храна е жива глупост.
би сакал некој од модераторите ова да го префрли во дијабетис темата
инаку јас сум на Апидра затоа што новорапидот не покажа никакоф ефект
 
Финтата Марко е да имаш 3 оброка дневно со 3 ужини, а не во еден оброк и ужина да ги земеш сите калории или лебни единици.
 
Финтата Марко е да имаш 3 оброка дневно со 3 ужини, а не во еден оброк и ужина да ги земеш сите калории или лебни единици.
Кај диабетот да прецизирам најважни се јаглехидратите. Ако се има нормално тело калориите се занемаруваат. Иначе јас имам сосема нередовна исхрана, некад јадам како стока, а некад има и по 10 саата во уста ништо да не ставам. Сеа ок кај мене предноста е мала што имам инсулинска пумпа и знам колку да додадам тоа што го јадам. Сега просекот ми е 5.6 значи совршенство, иако додека бев на инекција одев по тој режим 3 оброци и 3 ужинки и имав 6-7-8 просек ама веруј повеќето со диабет сакаат да го одбегнат тоа.

Викам за меѓу оброците ако сака да се земе додатна храна мора да се додаде оптималната инсулинска вредност.
 
Финтата Марко е да имаш 3 оброка дневно со 3 ужини, а не во еден оброк и ужина да ги земеш сите калории или лебни единици.
Исхрана за дијабетичари
Ishranazadijabeticari.jpg

Хм, јас се пронајдов и во двете, ги имам симптомите и на хипо и хипергликемија, малаксан сум, се потам, зевам, се тресам понекад, устата нон-стоп ми е сува и пијам вода како луд, се чувствувам уморно, јадам многу, чоколадо по 1-2 не ми стизаат и уште ми се јаде итн. Ќе мора да го проверам шеќерот деновиве, заебана работа.
 
Еј луѓе(ако го читавте мојот претходен пост на ова тема) во последно време почнаја да ми се тресат рацете бааги и јаден и нејаден, викате нешто од шеќерот да ми е ?
 
Еј луѓе(ако го читавте мојот претходен пост на ова тема) во последно време почнаја да ми се тресат рацете бааги и јаден и нејаден, викате нешто од шеќерот да ми е ?

Јас еве лично секогаш знам кога ми паѓа шекерот: Ми се тресат рацете, се чуствувам полесна, како да лебдам, ме облива ладна пот...
Секој субјективно го чуствува тоа.
Доколку не си сигурен можеш да направиш контрола, да го провериш шекерот неколку пати на 1-2 недели. Така барем ке бидеш сигурен дека тоа е проблемот.
Но доколку ти поминува откако ке каснеш нешто благо најверојатно е тоа проблемот и само што треба да си носиш благо со тебе :)
 
Е фала за советот.
 
Барав на интернет нешто слично и ми излезе темава. Јас јадам многу шеќер, така од ништо оп ми се јаде шеќер. Не благо нешто, ШЕЌЕР :). И барав нешто околу тоа и ми излезе ова :vozbud:. Ми се тресе снага ако не каснам денес неколку лажици шеќер. Има ли завист од шеќер?? Глупо е прашањево знам ама не знам дали постои такво нешто или се е до психата. Може и да имам недостаток на шеќер кај знам :)
 
Се пронајдов во повеќето симптоми на блага хипогликемија . Бидејќи понекогаш чуствувам општа слабост , деконцентрираност, поспаност , расеаност. Кога ќе земам благо ме средува.Мислам дека ми е од слаб и неквалитетен појадок. Прашањето ми е дали ако внесувам благо како енерџи барови, кока кола и сл овие симптоми може со тек на време да престанат да се појавуваат?
 
Ако имаш квалитетен појадок, со доволно јаглени хидрати ќе исчезнат симптомите зошто ќе те држат сит. Енерџи барови и кока кола не ти требаат.
 
Ако имаш квалитетен појадок, со доволно јаглени хидрати ќе исчезнат симптомите зошто ќе те држат сит. Енерџи барови и кока кола не ти требаат.
Фала ти многу :)
 
Барав на интернет нешто слично и ми излезе темава. Јас јадам многу шеќер, така од ништо оп ми се јаде шеќер. Не благо нешто, ШЕЌЕР :). И барав нешто околу тоа и ми излезе ова :vozbud:. Ми се тресе снага ако не каснам денес неколку лажици шеќер. Има ли завист од шеќер?? Глупо е прашањево знам ама не знам дали постои такво нешто или се е до психата. Може и да имам недостаток на шеќер кај знам :)

Немаш недостаток на шеќери, имаш кандида, или некоја друга бактерија, не смееш да имаш толку голема потреба од било која храна. Иди и направи ЦЕЛОСНА крва слика, со сите параметри тестирани, и тест на IgG, IgA, IgM.

Исто така може и да си дијабетичар, или во фаза на добивање на истиот, мада не верувам. Проверка - целосна како што реков.
Се пронајдов во повеќето симптоми на блага хипогликемија . Бидејќи понекогаш чуствувам општа слабост , деконцентрираност, поспаност , расеаност. Кога ќе земам благо ме средува.Мислам дека ми е од слаб и неквалитетен појадок. Прашањето ми е дали ако внесувам благо како енерџи барови, кока кола и сл овие симптоми може со тек на време да престанат да се појавуваат?

Исто и за тебе важи од постот горе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom