ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Абе таа картата за студентите за во четврток уште важи ?
 
Ај некој што почесто се вози со 41 на помош, имам едно прашање... :icon_mrgr:

Кога идам од Центар накај Драчево, каде најблиску има автобуска до Ресторан Амор? Како што гледам на мапа, ќе му дојде на некои 5-10 минути после раскрсницата со Бул. Србија, ама не знам каде точно да се симнам за да бидам најблиску...
 
Ај некој што почесто се вози со 41 на помош, имам едно прашање... :icon_mrgr:

Кога идам од Центар накај Драчево, каде најблиску има автобуска до Ресторан Амор? Како што гледам на мапа, ќе му дојде на некои 5-10 минути после раскрсницата со Бул. Србија, ама не знам каде точно да се симнам за да бидам најблиску...

direktno te ostava pred restoranot karsi ohis
 
И на фб ќе те убедува и ќе демантира при што ќе ја потврди самата вест, ама битно дека е од Утрински, горе ќе напише ДЕМАНТ, а после ќе ја потврди веста. Од најкорумпираното и најнеодговорното претпријатие во Македонија, кое го водат идиоти, не очекувам ништо помалку.
 
Конечно. Само да видиме дали ќе работат:-)
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе постави камери со снимачи во 100 возила, во рамките на проект „Опрема за видеонадзор на 100 автобуси и видео и алармен надзор во автобазите и продажните објекти“.

Со овој проект се очекува да се зголеми безбедноста на патниците и возачите и брзо откривање на сторителите на евентуални инциденти, како и спречување вандалско однесување на патниците што ги чкртаат и оштетуваат во возилата.
 
Овие не знаат веќе кога и што кажале...
Ова е од 2011

САМО ЕДНА ПОНУДА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДВОКАТНИ ВОЗИЛА

И панорамските автобуси ќе бидат кинески

Кинезите и овој пат понудија автобуси со ист квалитет како претходните, но за разлика од нив кои се обични, новите се опремени
за туристичко разгледување. Внатре ќе има микрофони, слушалки, пепелници, а ќе има и камери кои заради безбедност ќе бидат вклучени нонстоп.
Набавката на автобусите ќе чини 150 илјади евра, а краен рок за нивна испорака во Скопје, според условите во тендерот, е наредната година, после месец јули.
 
Има и нископодни автобуси во нив нема камери. А за двокатните според изјавата од 2013 на директорот на ЈСП (што и да значи ова снимачи):
-Автобусите имаат камери, но немаат снимачи. Во тек е процедурата за набавка на снимачи со кои ќе можеме да ги утврдиме сторителите на инциденти. Сега имаме постапка за набавка на 50 снимачи, кои ќе бидат поставени во автобусите на понебезбедните линии според нашите сознанија. Снимачите ќе ги купуваме во неколку години, затоа што е финансиски товар, истакна директорот на ЈСП-Скопје Мишо Николов.
 
Околу снимачиве еднаш (не знам на која телевизија) имаше вест дека само во некои автобуси (ги кажаа и броевите ама не сум ги запамтил) ќе биле ставени снимачи и ќе се снимало се, за после да се откриваат тие што шкртаат и што уништуваат, ама ништо не бидна од тоа изглеа...
И сеа не верувам нешто да бидне. Може они ќе ги купат снимачите, може и ќе ги стават во автобусите и ќе се снима, ама не верувам дека ќе се случи нешто револуционерно.
 
Во украинките во некои има камери.
Во двокатните, има камери, но не снимаат, односно немаа каде да се зачуваат податоците, и беше нешто ккао live-stream и можеше само шоферот да ги гледа.
Со ова што сега го ставаат, со постојните камери во двокатните и новите камери во нископодните украинки ќе може да се снима материјал и да се чува до ЈСП централата.
 
А бе дечки, овоа слободнава само 6 пати во денот може да се искористи изгледа... Седмиот пат кога ќе ја куцнеш, пишува веќе искористен, а пред тоа те опоменува мислам...
Ја до факултет и назад 4 автобуси и фактички нема мрдање после, треба посебна карта да се куцне.
Океј, знам дека е бесплатна, ама ова е претеризам малку.
 
А бе дечки, овоа слободнава само 6 пати во денот може да се искористи изгледа... Седмиот пат кога ќе ја куцнеш, пишува веќе искористен, а пред тоа те опоменува мислам...
Ја до факултет и назад 4 автобуси и фактички нема мрдање после, треба посебна карта да се куцне.
Океј, знам дека е бесплатна, ама ова е претеризам малку.
Mene uste na vtoro vozenje mi pisuva ponekogas veke iskoristen :D

Prasuvav i vo jsp, demek do aparatcinjata bilo vikaat.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom