Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Во ред се тоа можело да биде и ова и она ама ништо од тоа не е. Општината па и државата ја водат идиоти. Работата е што понатака? Дали ти мислиш дека некој општински поставен директор на објектот кој зима плата од државата го интересираат фондови и функција или сака само да чека да земе плата на 1ви... Нема тука некоја позадина ко што мислите, тука веќе сите имаат кренато раце па никој не го интересира една апликација да поплни до тие фондации за реновирање.

Тоа дека вредел милиони е малку смешно кога ќе земеш во предвид дека мора да остане градбата ако е веќе културно наследство. Да иде на аукција јас ти гарантирам дека ќе се изненадиш, прашање е дали и тој 1М ќе го достигне. Колку луге во БТ имаат и се спремни да дадат такви пари на еве резиденција? Тие што имаат веќе имаат и изградено некако тешко дека и би сакале да го купат па народ да ги пцуе. Остај ти куќиве во околината тие не се никаков индикатор на вредноста на објектот.

Приватизацијата како концепт не е лоша идеа, начинот на кој се изведе беше катастрофа. Исто е и овде, ако правилно се изведе јас не гледам проблем приватно лице да го земе домот под концесија или да го купи. Напротив во приватни раце и ќе процвета која и да го земе ќе сака да си ја врати инвестицијата, вака ќе продолжи да пропаѓа.
Во Битола (да не споменувам подалеку) има луѓе кои можат и би платиле и некој милион евра за тој објект, и кој после нема да имаат проблеми и да го реновираат и изменат. Реалноста е сепак поинаква од она шо е на папиру и за жал долго ќе остане така, тоа веќе се случувало, пред дестина години во битола е земена исто така куќа - споменик на култура, заштитен објект, целосно урната и на нејзино место кренато огромно здание а на сторителот никој ништо не му може. И тој случај е јасен, со документација и фотографии и како изгледаше објектот и дека беше под заштита и дека не смееше ни да се менува а камоли руши.
Така да офицерски би се продал под некакви услови за по година две преку ноќ тие услови се сменат со нечија одлука и тоа стане приватна резиденција на некој тазе битолски евро мултимилионер. кој ќе го огради, скрие, внатре преуреди, назат направи базен и тениско игралиште.... Спас од тоа нема сега за сега освен вака да се крени малце пожестоко наодот и тоа пред избори, али ко ќе поминат избори и ако останат на власт тие шо наумиле да го продадат - ќе го продадат.
Проблем е шо живееме во крајно исполитизирано општество каде партијата коли беси на сите нивоа и од чија воља зависи дал ќе бидеш милионер со тендери, министер или ќе завршиш в затвор со 4 пресуди. Колку и да си вољен, спремен, образован, талентиран, мотивиран.... твоето делање зависи од диктат на некој си штаб. Ако во штабот одлучат дека треба да им испереш пари - ќе им испереш, ако им треба било каква услуга, покривање, руинирање на нешто... то ќе го направиш. Затоа и при смена на власт се менуваат не само министри и директори на државни агенции и фирми туку буквално секое поодговорно работно место и тоа во установи кои немаат блага веза со политика, во школи, болници, театри, водовод.... Каква врска има директор на основно школо со политика и кој е на власт? или директор на театар? Дали директор на водовод ќе клава поинакви цевки од предходна власт? или диектор на болница ќе менува начин на лекување во зависност од партија на власт?? и не само тие туку се менват преместуваат заменуваат и шефови, раководители, управители.... нема врска струка, способност, успеси во работа... шо дека ти ако си низал успеси последни 10 години на чело на некоја установа, кога ќе те сменат со партиски послушен кадар кој ниту има соодветна струка нити талент да води успешно работата али спремно ќе исполни сите желби и порачки на власта.
Е затоа пропаѓаме, што наместо професионализам во струка имаме политизирање во струка, што наместо да се грижиш за успех на организацијата, трчкаш по комитети и штабови да кординираш работата како му одговара на партијата. Се додека така се поставени работи, ќе пропаѓа офицерски зато што има директива да пропадне и така му е кажано на оној кој треба да се грижи да не пропадне, а нема да пропадне кога ќе има управител ослободен од тој политички страв, и слободен да си ја брка работата како што мисли дека е најдобро и единствено треба да се плаши дека ќе биде сменет ради несовесна или аљкава работа. Е во такво општество ќе ни тргне работата
 
Последно уредено:
I pokraj silnite khm investicii po partiskite stabovi najcesto prasanje e..... Ajde be koga ke dojde na red sin mi/kerka mi/zena mi/mazot itn..... tie investiciite nikoj ne gi ni spomenuva.
 
Не знам на што е овој , ама и ја сакам.....

Поповски: Не одете на Запад, овде по 600 работни места се отвораат секој ден

Во Македонија секојдневно се отвараат 500 или 600 работни места, а тоа дека во странство, професионалците заработувале по 3.000 евра, е само добар маркетинг – вака директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски ги убедуваше младите да не заминуваат во странство
 
north1.jpg
 
Не верувам дека е на трава, мора да земал нешто појако. :D
 
Шала на страна, без разлика што глупости тропаат, ја знаат и тие вистината, ама пуста власт.....

1382274_433616493511760_327985095247598268_n.jpg
 
Ma кои ивестициски бум кои бакрачи, се утепаа од фалење со тие инвестиции, а сме предпоследни на балканот по износ на инвестиции, позади нас е само босна ако тоа е некоја утеха.
 
Од вчера и денес има 1200 слободни работни места.

За 3 месеци нема невработени да има! Ако најдат невработен да се крие и избегава работа, отиде апс.
 
Последно уредено:
Џек Ма: Сиромашните луѓе се лоши работници
Основачот на кинескиот гигант за трговија преку интернет Алибаба и еден од најбогатите луѓе Џек Ма изјави дека сиромашните луѓе се најлоши работници. Ма, чие богатство се проценува на 23 милијарди долари, рече дека сиромашните луѓе за се го прашуваат Гугл, а во исто време сметаат дека се попаметни од универзитетските професори додека ги слушаат пријателите кои „се пропаднати случаи како нив‟.

- Дајте им бесплатно, мислат дека тоа е стапица. Кажете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да инвестираат многу, тие ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат такво искуство. Кажете им дека тоа што го работат е традиционална работа, тие ќе речат дека тешко е да се работи истата - рече тој.

-----
Личи како да се инспирирал од Кајгана, особено од оваа тема.
 
Последно уредено:
За 3 месеци нема да има сиромашни во Македонија. Така кажаа вчера на вести.
 
Џек Ма: Сиромашните луѓе се лоши работници
Основачот на кинескиот гигант за трговија преку интернет Алибаба и еден од најбогатите луѓе Џек Ма изјави дека сиромашните луѓе се најлоши работници. Ма, чие богатство се проценува на 23 милијарди долари, рече дека сиромашните луѓе за се го прашуваат Гугл, а во исто време сметаат дека се попаметни од универзитетските професори додека ги слушаат пријателите кои „се пропаднати случаи како нив‟.

- Дајте им бесплатно, мислат дека тоа е стапица. Кажете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да инвестираат многу, тие ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат такво искуство. Кажете им дека тоа што го работат е традиционална работа, тие ќе речат дека тешко е да се работи истата - рече тој.

-----
Личи како да се инспирирал од Кајгана, особено од оваа тема.

А чудна работа во странство сме многу вредни работници и супер си ја вршиме работата. Плус, на секој трет поголем универзитет во Германија, на листите за положени предмети во првите десет, стално ќе најдеш бар еден македонец.
 
Па има и во Македонија вредни работници и луѓе што прават пари. Прочитај го текстот и види што збори човекот.
 
Па има и во Македонија вредни работници и луѓе што прават пари. Прочитај го текстот и види што збори човекот.

Човекот доаѓа и води бизнис во земја каде што луѓе работат по 15 саати за 100 грама ориз, ако споро работат ги маваат со тејзери, спијат во фабрики и користат еден тоалет на илјада луѓе.

Затоа може му е малку чудно зошто не биле задоволни.

Ваква изјава да даде некој Француски милијардер, друга ќе биде реакцијата на работниците.[DOUBLEPOST=1454661270][/DOUBLEPOST]
Ама ти не слушна дека во странство “ се е само маркетинг “ ?

Нив кај младите ги заеба визната либерализација. Излегоа прошетаа и потешко се лажат сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom