ПВЦ асортиманот во Проспера е еден од најквалитетните. Меѓутоа Проспера не произведува прозори, таа само продава. Производител е Rollplast (
http://rollplast.com/mk/), бугарска фирма со представништва во повеќе балкански држави. Разгледај ги продавачите во твојот град и можеби ќе добиеш и поповолна понуда.
Е сега ПВЦ профилот е Trocal мада може да биде и сопствено производсво на Rollplast, но обавезно земај Trocal и тоа 76мм, кој има подобри карактериски дури и некој попознати марки. Самиот профил не е во најскапите (иако се задно со KBE и Komerling и нема разлика во профилите освен во цената) но профилот и не е најбитен.
Стаклопакетот е од Guardian и тука мислам дека е најголемата предност во однос на малските и локалните производители, бидејќи тешко дека имаат опрема квалитетно да за сработат а и не можеш да бидеш сигурен дали има исполна со аргон или дали стаклото е со low-E премаз. Со голема фирма си малку посигурен иако не значи дека ќе бидеш имун на превари.
И на крај мој предлог ти е обавезно да земаш троен стаклопакет со обавезно low-Е премаз, малата разлика во пари ќе ти се исплати за помалку од година.[DOUBLEPOST=1454617038][/DOUBLEPOST]
Абе тоа е муабетот, закуси ваму, закуси таму, пластика ваму, пластика таму, и оп надворешната е 26кг а грее како да е 36 и тоа без да влезе во територијата од 1000 евра, малку ми е неверојатно.