Нов Закон за Нотаријат

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Видете вака, во собраниска процедура е донесување на нов Закон за Нотаријат каде што се дигна голема прашина за него во кругот на правниците.
Имено, Законот е предложен и изготвуван од страна на Адвокатската и Нотарската комора на РМ и се било во ред додека од владата не им кажале дека може да се донесе Законот, но само ако нема поголеми финансиски оптеретувања за граѓаните од стариот Закон за Нотаријат и тогаш почнуваат проблемите, кога нашле модел како да се наплаќа постапката пред Нотар од Нотарската комора веднаш почнаа да го опструираат истиот, бидејќи небил потребен, немало потреба за истиот, не се работело за спорови во постапките пред Нотар, вршење на притисок од странски Нотарски здруженија, а се со цел заштита на финансиските интерси на Нотарите, за на крај да дојде до кочење на процедурата за донесување на истиот Закон, пратеникот на ЛДП поднесува 1000 амандмани, и тоа само какви амандмани можете да видите на следниот линк:
http://www.pravdiko.mk/apsurdnite-amandmani-na-goran-milevski-na-zakonot-za-notarijat/

Но во суштина, овде како што кажав погоре се работи за заштита на финансиските интереси на Нотарите, ниту ги интересира за правна заштита на граѓаните, ниту за споровите што можат да произлезат од нивните постапки ``каде што нема спор``, а целата фама се дигна ради тоа што во одредени постапки пред Нотар, мора да учествува и Адвокат , кој што ке трошоците на постапката сега Нотарот треба да ги дели со Адвокатите кои што учествуваат за секоја странка, како и за изготвување на одредени договори треба да ги изготвува Адвокат, а не како до сега што беше Нотар со Нотарски акт, така да ја отварам темава ме интересира останатите правници што мислат за истиот Закон?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Да не беа глупите цени на нотарите и да не се мешаа во работите кои реално не се нивни немаше да има проблем. Во овој случај адвокатите се во право и законот е добар како што е предложен. Целата поента е да нема категорија која ќе зема многу повеќе од другите. Извршителите и нотарите беа оставени да земаат многу добри пари на почеток кога се појавија и сега пополека и мсе намалуваат тие опции за огромна заработка па затоа се бунат. Треба малку да поделат и со адвокатите:)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Ептен им се намалуваат. Ја спомињаат нотарка од Автокоманда со 42000 (четириесетидвеилјади) заверки во 2015-та
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ептен им се намалуваат. Ја спомињаат нотарка од Автокоманда со 42000 (четириесетидвеилјади) заверки во 2015-та
Пута европол 60000 евра годишно просечно, па добро е за наши услови трошок има за хартија и мастило печати. И оддржување на принтерите не можи да постигнат на печатење од документи глупости.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Како државата дозволи поединци да заработуваат така лесно? Сега ќе се распределувал колачот, нотари, адвокати, сеедно. Барем Судот да ги земаше тие пари...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ептен им се намалуваат. Ја спомињаат нотарка од Автокоманда со 42000 (четириесетидвеилјади) заверки во 2015-та
Види, нотарите за тоа постојат - да заверуваат. Ама не може они и договори да прават и се да трпаат во џеб. Пред некој месец бев на нотар за полномошно да ти направам ми вика 350 денари. За три реченици. Нормално отидов дома си го составив и се вратив. Заверката е 150 денари.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Види, нотарите за тоа постојат - да заверуваат. Ама не може они и договори да прават и се да трпаат во џеб. Пред некој месец бев на нотар за полномошно да ти направам ми вика 350 денари. За три реченици. Нормално отидов дома си го составив и се вратив. Заверката е 150 денари.
Е така де. Истата таа нотарка нека си ја исполни нормата, не мора договори да пишува. Има кој да плати.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Е така де. Истата таа нотарка нека си ја исполни нормата, не мора договори да пишува. Има кој да плати.
јас те разбирам што сакаш да кажеш ама темава е односот меѓу адвокатите и нотарите. А односот меѓу нив и клиентите е друга тема:)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво кога се воспоставија Нотарите, првата намена не им беше да составуваат договори,а тие под форма на Нотарски Акт истите ги составуваат без никаква правна сигурност за граѓаните ( аферата фиком ли беше со становите и уште многу други), второ бројот им е ограничен спрема бројот на жители, така да и сега прават милиони со тоа што изиграваат и адвокати и нотари и судии...истото тоа и во Србија пробаа да им го направат ама таму имаше штрајк подолг период и се блокира цело правосудство, само што таму колку толку државата за нијанса им е поорганизирана...[DOUBLEPOST=1454496759][/DOUBLEPOST]Друга работа погледнете ги само амандманите од пратеникот на ЛДП што се поднесени, да не е трагично комично ке е, да дојде некој до страна ке се крсти што се случува во нашиот законодавен дом.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Прво кога се воспоставија Нотарите, првата намена не им беше да составуваат договори,а тие под форма на Нотарски Акт истите ги составуваат без никаква правна сигурност за граѓаните ( аферата фиком ли беше со становите и уште многу други), второ бројот им е огрднианичен спрема бројот на жители, така да и сега прават милиони со тоа што изиграваат и адвокати и нотари и судии...истото тоа и во Србија пробаа да им го направат ама таму имаше штрајк подолг период и се блокира цело правосудство, само што таму колку толку државата за нијанса им е поорганизирана...[DOUBLEPOST=1454496759][/DOUBLEPOST]Друга работа погледнете ги само амандманите од пратеникот на ЛДП што се поднесени, да не е трагично комично ке е, да дојде некој до страна ке се крсти што се случува во нашиот законодавен дом.
Тоа е жива срамота шо такви апсурдни амандмани се поднесени, и тоа имало преку 1000 амаднмани поднесени се со цел да се блокира законот, ама тие шо ги поднеле амандманите сеа кривични пријави им се поднесени шо е правилно.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Тоа е жива срамота шо такви апсурдни амандмани се поднесени, и тоа имало преку 1000 амаднмани поднесени се со цел да се блокира законот, ама тие шо ги поднеле амандманите сеа кривични пријави им се поднесени шо е правилно.
да поднесена е кривична пријава против предлагачот, но тоа е само притисок за да ги повлече амандманите, како и да е срамота што такви луѓе седат во собранието.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ај за нотари не ми е толку криво, одиме кај нив по потреба. Дека е скапо за наш стандард, скапо е, ама до некаде се јаде. Но извршителите колку пари зимаат што на граѓаните насилно им наплаќаат долгови и плус трошкови е нешто неверојатно. Мене на пример за долг од 12 илјади денари, кога ми стигна до извршител и кога ми пресметаа колку треба да платам излезе сума од 27.000 илјади денари и плус камата секој ден. Како е можно за долг од 12.000 денари, извршителот да ми наплати 15 илјади денари трошкови? Знам дека не одат сите пари за нив, но поголемиот дел се за нив, и плус каматата ја пресметуваат тие.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Според мене, темава е непотребна. Ме заболе мене дали ќе ме дере само нотарот или ќе ги подели тие пари со извршителот, адвокатот. Важно е дека јас морам да платам, и тоа многу
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ај за нотари не ми е толку криво, одиме кај нив по потреба. Дека е скапо за наш стандард, скапо е, ама до некаде се јаде. Но извршителите колку пари зимаат што на граѓаните насилно им наплаќаат долгови и плус трошкови е нешто неверојатно. Мене на пример за долг од 12 илјади денари, кога ми стигна до извршител и кога ми пресметаа колку треба да платам излезе сума од 27.000 илјади денари и плус камата секој ден. Како е можно за долг од 12.000 денари, извршителот да ми наплати 15 илјади денари трошкови? Знам дека не одат сите пари за нив, но поголемиот дел се за нив, и плус каматата ја пресметуваат тие.
Голема грешка си, моментално Нотаријатот ти е најплатена правничка професија и најмалку одговорна, додека извршителите си работат исто псоред трошковник но додека да дојде да се наплаќа долг е долга процедура, друга работа сите се жалат од извршители , а они само си ја вршат работата, а во случај да не ја изврши според Законот му следуваат санкции.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Имам искуство како доверител со извршители и можам да кажам дека претеруваат. секогаш гледаат тие да си се подмират а за странките им е гајле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom